Ти да си земеш магнезиум и весник и да си чекаш Предвесник се дека следниот месец ќе се породуваш. Се подготвува матката подолго време за завршна фаза. Како на пример кај мене. Синоќа не излегов од тоалет до 1 часот, контракции на 22 минути, па почна лошење и киселини викам бебе не нагоре надоле треба правецот го футна. И после тоа се смени динамиката на две минути, па на десет и сум заспала. А мислев да се облекувам, среќа си легнав само ќе се акав. Ова како некоја видео игра за кревање паника низ дома, дури и кучето ми се вознемири. Следен пат и комшиите ќе ги уклучам во процесот активно следење на породилни болки. Она што јас го научив овде е дека треба да е на точно време и да боли. Се друго е лажно, а лажњаци на крај еден куп. Ако немаш друга работа ќе се возиш до болница. Важно бебе не искача лесно.
Зависи кај кого како. Кај менеболките беа во интервал од 5-8 мин и не беа нешто многу јаки,онака. Да не ми пукна водењакот сеуште ќе си лежев дома и ќе чекав болките да ми се јавуваат на еднакви интервали и да ми бидат посилни. А ако го чекав тоа сигурно процесот на пораѓање ќе ми почнеше дома Кога отидов во болница веќе бев 4 прста отворена. Затоа мислам дека кај секого е различно.
Да кај секој е различно. Јас во 32недела имав контранции првин почнаа на различен интервал и за неколку чаша дојде до 1мин на 30сек.. А ич неотворена после бебе ако не го извадеа царски ќе седеше и после термин. Инает
Секако кај секого различно. Ама јас сепак ќе си чекам болки на ист интервал Кај мене беа три на 22 мин, после на две минути една, па на десет. И сум заспала. Барем на ист интервал да се не мора да боли многу многу. Или водењак да пукне. Нешто барем да е во склад со теорија не сум ваљда до толку под посебен случај Иначе на интервал од 5-8 минути јас дома не би седела, до 15 мин макс.
@FreeMind .Ајде некa излегувa твoетo пa дa се излеснaм јaс. Фaлa ти нa oдгoвoрoт! Претхoднo не сум имaлa никaкви бoлки вo текoт нa изминaтите недели. Снoшти пoчнa дa ме бoли,кaрличнa пoлoжбa и пoчнa скрoс дoле дa ме удaрс пубичнo и дoпoлнителнo дa ме бoли. Целa вечер ме бoлеше и вooпштo не сум спaнa. Утре ќе звoнaм кaј мстичнa зa преглед пa и нa цтг ќе ме прaти .4 недели не сум билa нa кoнтрoлa. Зaмисли oд цтг излегувa oди си дoмa спремaј тoрбицa пoшo и oнaкa цaрски... Еве сегa пaк истo ме бoли. @FreeMind .Женo тoлку ли е лaднo пo Џермaниите пa штo не му се излегувa нa твoетo или ти ги тестирa нервите?
Ако си секако за царски твоето редовно да си го следиш со цтг да нема изненадувања. Вие сте посебен случај не сум ве студирала детално. Ич мене не ме чекај ќе ти дадам пропусница Има уште една недела до термин и си седи. Сега ми тестира трпение и си игра контракции, али не може да е уште долго до една плус над термин ќе ја толерираат. Сега со арно се убедуваме да испадне неделава, после следи хемија. Иначе следна недела до -20 се очекува овде сибирска клима.
Да да априлско бебе сме, сега ќе се пријавам во темата. @Emilimi , и ти си тука некаде со нас. @FreeMind , сеуште не сум била на курс за породување но од тебе се научив . Ајде со лесно, изгледа бебка сака да се топли во меше уште
Има разни случаи,знам комшика не доби болки а беше отворена и лесно и брзо се породи(тоа ептен ако имаш среќа) Јас со првото имав цела бременост како по учебник,на крај фатив болки дома..си ги истрпев херојски добри 3-4 саати, цело време течеше и водењакот по малце,и нагон како за вц...кога отидов во болница,гледам околу мене се дерат,викаат корнат се околу себе си викам изглеа тек треба да ме фатат јаките...коа седнувам на ЦТГ болките супер јакиСе качив на бокс насмеана,се породив за саат без да писнам.Докторот се чудеше као сите тука плачат,ти се смееш ..Прв пат станав среќна поради болните менструални циклуси кои ги имам,може тоа ми помогна да ги издржам и болките,но сепак секој организам е различен..Битно психата е многу битна,само смиреност и позитивна мисла
Да знаеш колку би сакала ова да биде и мојата приказна Или како на @Vennera.aa второто. Цел ден си разговаравме на темава, рече ќе иде да провери цтг имала термин и за два саати пиша дека се породила На тие курсеви научив да гледам позитивно на породувањето. Толку многу корисни беа за мене да го сфатам цел биолошки процес како оди и дека самиот чин на породување е само последниот дел од приказната. Навистина нема место за страв на крајот. И да одиш на тие часеви. Овде топло препорачуваа да се седи дома додека не дојдат појаките болки (ова за прво дете не важи бидејќи не знаеме точно. Овде најкасно на 15 минути да се упатиш кон болница. Ако живееш подалеку и порано секако). Сите совети водат до тоа дека не можеш да не сетиш породилни болки. Едноставно е невозможно. Сакам да го олеснам процесот и чинот. Колку можам толку. Се останато зависи од среќата. Само да не завршам на царски и вакум само да заврши се природно тоа ми е желба. На некого може сум му досадна со постовите на крај, али јас уживав да ги читам Мила,Верба, Лаки, Бела, МамаЈана, Венера како известуваа во секоја секунда промени. Јас учев од тоа и се соживував со секоја така да доволно пати се породив )
@FreeMind ti uste dremes vo temava? ajde veke uste ti ni ostana od nasata grupa ajde guskaj bebko vise go pretera
Точно е тоа дека ако имаш болна менструација , подобро ке ги издржиш породилните болки. Јас 2,3 пати како девојка (не дека сега сум стара , 25 години сум ) се имам онесвестувано од менструални болки, и можеби затоа и мислам дека не поминав лошо на породувањето со првото синче. И јас како тебе мислев дека допрва треба да ме фатат појаки болки.
Абе ај си избегавте и ме оставивте трудна форевер Само кога ќе ви дојдам на доење темата има лом да биде!
Изгледа и мојот мешко се спушти доле, осеќам олеснување,кога ке се најадам веќе не ме боли под градите туку можам нормално да си седам без да прилегнувам . Сега го осеќам ептен ниско доле кога удира.
Јас сум јужно на боденско. Кај нас и да сака не може толку ладно од климата овде. Сибирскиот бран ќе дојде од Полска, ќе го собере Берлин и Баерн северен, Касел и ќе оди накај Хесен. Али нема да ме изненади и северот да го фати цел. Така најавија али знаеш со метео како оди од ден на ден се менува. Не да не сакам туку мразам ладно и снег и дожд.
Isto i jas mrazam i ladno i dozd i sneg. Ajde da se nadevame deka nema da e tolku strasno. Mada kaj nas denes -7