Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    добар ден и од нас :)
    денес убаво наспани :) и денов баш убав :) планираме со татичко да си купиме нешто за првпат за ќеркичката :D па кога татичко ке си дојде од работа ке разгледаме нешто :)

    сакам да прашам,до пред неколку дена бебушка беше поактивна чук чук почесто беше,овие денови забележав помалце ми чука и само ке потече Mалце на страна и тоа е :^) ме загрижUва малце :^)
    за ова има ли некаква врска активноста моја?кога сум повеке или помалце активна па така и бебуш или?
     
  2. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    добар ден мамички.. ние сме наспано со керќичката моја.. синоќа доцна беше многу активна си се журкаше :dance: .. секако јас многу возбудена како и секогаш :inlove: денот ни се допаѓа сончево ама дома ќе си седиме да си се одмориме убаво.... доста бевме активни тие денови... повеле на пинарлија и јогурт .. поздравчее убав ден
     
  3. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Ви се верува ли дека јас уште малце ќе се породам а мм го нема асално осетено бебево како мрда :D
    Абе јас како земјотрес во стомакот ама а тој ја стави раката се смирува секундарно :)
    Дури и само да погледне во стомакот,како да знае,одма се смирува.
     
  4. H.e.L.e.N

    H.e.L.e.N Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    218
    и кај мене истото се слуЧува :D некогас дури си велам не е мозно знаЧи,само сто ке ја стави мм раката или само сто ке погледне толку се смирува,му велам јас на мм се срами од тебе,досега дали три пати ја има осетено убаво :lol:
     
  5. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Кај нас чиста супротност. Ако го слушне мм блиску до стомак, реагира на него. Ако стави рака, клоца ли клоца. Било кој друг да стави рака престанува одма, а на него реагира. Ова е оригинал татина ќерка уште неродена! :rofl: Кога ќе ја нема некое време, и јас и зборам, ајде, кај си, мрдни, мм ќе рече само - Бебе!!! и ќе ја стави раката на стомак, веднаш вратоломии... :envy: хаххХхАА!
     
  6. auroraa

    auroraa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    843
    Мешковци како сте??
    Јас денес отидов на цтг но не ми правеа затоа што пред 39недела не правеле, но затоа цуцата си ја видов на ехо. Имаше студентки и ехото ми траеше подолго од скринингот. Се детелно ми покажа, се е во ред со буцето мое тежиме 3,500кг. :)
     
  7. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Ние денеска бевме на преглед, ќе имам синче! :inlove:
    Бебушка напредува ОДЛИЧНО! Постелката е супер, бебенцето е уште подобро!
    За 2 недели сме на вториот скрининг, едвај чекам и тогаш дај Боже да слушнам само убави зборови.
    Јас веќе премногу го сакам ова бебе, ПРЕМНОГУ! Мојот син, аххх.. :inlove:
     
    На senza.parole, ljubam, Whitecloud95 и 13 други им се допаѓа ова.
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    ^ нека ти е живо и здраво само Jagoda123 :clap:

    gjul и captivating и мене ми се појавија на стомак, не многу...ама сепак со оглед на тоа дека претходно немав-сега очи ми бодат. Да се надеваме дека после бременоста ќе ги снема.

    D-E-L-F-I-N-A ништо страшно, нормален е зголемениот секрет.

    anaa666, babyane18, мене некаде од 5ти

    iki26 не паничи и не се оптеретувај со такви ситници, уживај и мисли позитивно, чекај ја со радост следната контрола.

    captivating и за сите други што можеби ќе пијат нешто за крвта, доколку можете да одите на природна база,ќе е многу подобро....бидејќи јас од мое искуство си кажувам ужасни болки имав, пореметување на столица и појава на хемороид-од тие лекови. Но од кога се префрлив на природна база, се беше инзворедно а крвта сепак си беше подобрена.

    Jeny како помина на скринингот? :)

    TSS јас бев вчера за Ддимери, и од сабајлето дури во 13:30 завршив :@ што да ти кажам кога и самата си била вчера.

    Ayleenn можно е.



    Инаку јас сум супер, фала богу сеуште подвижна, активна, ме наболува кичмата малку повеќе ама ете добор е. Растеме, утре сме на 1 час вежби, треба утре и резултатите од ддимери да ги земам, а во поеделник сум на редовна контрола-едвај чекам 8)
     
  9. mace31

    mace31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    59
    во која недела се прав испитување за ддимери?и како се прави?
     
  10. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    ^ Д-димер тест се прави само ако гиникологот види дека имаш лакуни (мислам дека така се викаат, црни дамки на постелката) или ако имаш некој од фамилија кој има тромбоза.
    Има цела тема за тоа
    http://forum.femina.mk/bremenost/d-dimeri-vo-bremenost-t19159/
     
  11. TSS

    TSS Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    396
    Добро вечер женски само да ви кажам дека денеска КООООНЕЧНО ги завршив сите испитувања и фала му на бога сите се одлични.Утре само ќе одам и до кај матичната таа да ги види резултатите и малку да здивнам.Цела недела турбо ми оди.Значи од кога ќе станам па до вечерта 2 саата ако ми се фаќат да се завртам дома.Но ајде помина и тоа :) Се надевам дека наредниве денови ќе можам малку повеќе да се посветам на семејството и домот (цела недела ништо не сум сработила по дома,алишта испрани не испеглани,не здиплени,од ручек ни р,крпа не сум видела како исгледа...срамота :tmi: среќа не живеам со свекрва па да ми стои над глава и да гледа дали сум исчистила или не :lol: )
    Поздрав женски јас одам малку да се наспијам...редно беше :)
     
  12. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    Денес 36 недела :o :o :o
    па ја сум готова ... спремна ко печена кокошка :o
    е тек сеа стравот ми е до небо. :wasntme:
     
    На Agrona му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    1.127
    Батерфлај, денес влегуваш во 37-ма, да нема забуни. :lol: Со лесно до крај, па ќе те чекаме да не охрабруваш нас после. :tmi:
     
    На butterfly.mk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Дечки поминав одлично на скрининг во државна. Таква коректност и финоча од жена ми се погоди докторката а бе немам зборови. Прво си прашав дали може и маж ми да влезе да го види бебушот на ехото, докторката дозволи. Сите тројца загледани во ехото, докторката запишува, си работи, сега не може цело време да зборува зашто си прави пресметки таму некои, ама што можеше ќе кажеше, бебенцево веќе оформено, мешлаче едно. Маж ми вели леле колкаво е па не е веќе зрно (така си го викаме). Докторката се смее и вика ми се чини дека е девојче, мене така ми изгледа ама рано е да се каже, за две недели види си , ми рече. Не дека ни е тоа важно, велам, битно е да е живо и здраво. Си го подигаше рачето бебушот, како да го цицаше палецот ми се виде ама докторката вика не го цица само така до уста го носи и почна да му ги брои прстињата вика еве ги покажува едно, две, три, четири, пет. :) Ми ги дава докторката документите и јас и викам само едно прашање докторке, кај мојот матичен кога бев за срцева реакција само на екран го гледавме а слушам многу мамички велат го слушале, јанѕа ме јаде, јас моето не сум го слушнала. Сакаш ли, ајде пак легни, ми вели докторката и ние со маж ми пресреќни се заслушавме како најубава музика да слушавме, си тупоти тоа малото како коњи да јаваат :D пред да завршиме ми вели докторката во 20 недела втор скрининг да знаеш дека те очекува, а јас и викам, сакам пак кај вас докторке ако може. Ми вели нема да сум јас тука, и ми наброи неколку презимиња на нејзини колешки за кои ми рече дека гарантира дека добро ќе поминам кај нив. Кога стана, ја гледам во мешето тркалезна, едвај стана и се движи, и велам опа докторке, леле и вие, ај со лесно нека ви е. И така пријателски се испративме како познаници. Пристапот драги мои е многу битна работа. После тоа ме пратија на приска во лабораторија долу, исто и таму едно фино женче, муабет разврзавме, ми зема крв и ми рече резултати за два дена, ако ти е тешко не доаѓај ти, може и друг да ти ги земе, ми вели милата таа. И така завршивме презадоволни, навистина не очекував таков однос, но се беше чисто и фино, навреме си влеговме на закажаниот термин, немаше многу гужва а бе ми се погоди милина. Сакам да ги охрабрам и другите, дека секое искуство си е различно,за Микробиологија нерви искинав а за скринингот како во приватна ординација да бевме, како ќерката на претседателот да бев :D Секоја чест, треба постојано да биде така ама кутрите лекари имаат многу гужви и секакви џганови со лош однос има па нормално е и тие да вријат, сега комплетно ги разбирам. Кога нема толку гужва и они се самите опуштени и си ја тераат работата.
    Поздрав женички :*
     
    На ddevojce, Jagoda123, Beautiful-Princess и 2 други им се допаѓа ова.
  15. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Xaxaxa како кокошка печена била
    Од што ти е страв?
    Наскоро ќе си го гушкаш бебушот , другото се е минливо
    Кас до 37 се плашев да не се породам порано
    Кога влегов во 37 до 39 само чистев и перев се спремав за бебуш и дури заборавив дека треба да се породам , се случи тоа кога најмалку очекував
    Мислев ќе се породам на 6 ти, ама на 4ти испадна
    Таман си реков ќе одмарам овие два дена , водењакот плссссс...
    Позз се најубаво меслаци, ми фали темава,веќе 7 месеци :D
    Со лесно нека ви е!
    Брзо лета времето ,нема да ви се верува кога со бебче во рацете ќе ѕиркате во темава
     
    На zalosna, Whitecloud95, gluvarche и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Леле Јаготче што убаво синче :inlove: :inlove: :inlove: Син на мајка. :inlove: Ајде со лесно нека ти е и нека биде здраво, живо и право си сите нишани. И јас сум нестрплива да го дознаам полот, но пак ќе речам што и да е здраво и живо да е со сите нишани и рано е се уште. :$ Поздрав до тебе и бебушко. :inlove: :* :hai:
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    37 |( E СУПЕР :party:
    за 2 недели очекувам ,,огномет,, :D
    лелеееееееееееее пировчето ќе го видам уш малку ... Симона има право :D
    ... ко што гледам по видеава за машки деца, при повивање ке треба да го држам што подалеку од ѕидови да не ми ги декорира ...
     
    На f.r.o.s.i.c.e, SimonaTino и captivating им се допаѓа ова.
  18. Ayleenn

    Ayleenn Активен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    45
    Мамичкии, докторката рече дека како што го видела сега и минатиот пат најверојатно било машко, скоро е сигурна, ама за секој случај ќе ми каже наредниот пат :inlove:

    Јас се исповозбудив, и после сфатив дека да ми речеше и дека е женско,пак исто ќе се возбудев, и почнав дури да плачам од радост.Не само поради тоа што го дознав полот,туку ми кажа и дека се е во ред,одлично си напредува, се е супер.. срцето ќе ми пукнеше од милина. И мм скоро да се расплака,многу се израдува, и него демек не му беше важно што е,ама цело време го сеќавам дека сакаше да е машкоо :)

    И, уште едно прашање дечки, може ќе ми се смеете, ама јас незнам што е тоа скрининг. Еве ми помина 15та недела а докторкава ништо не споменала за скрининг. Некои трудници ги слушам таму,им ваделе од плацентната водичка со шприц, други им правеле триста испитувања,дури и психолошки тестови..а мене само брис и ништо повеќе. Ми рече за две недели да дојдам за брисот и толку.. нема никакви посебни испитувања да ми прави, после тоа,ќе си идам еднаш-два пати месечно на ехо и толку. Вас што ви правеа на скрининг?
     
    На butterfly.mk, ddevojce и zalosna им се допаѓа ова.
  19. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476

    Ќе му ставиш една марамица врз курето и не оди никаде :D :lol:
    А ова со неделиве не знам, уште ме буни. Мислам никогаш нема да сватам.
    Ама вака се водам, терминот ми е на 22.12 па секој месец претходно јас влегувам во нов месец
    Што занчи дека на 22 овој месец ќе влезам во 9. Тоа е точно за две недели од денес.
    А матичната ми закажа за брисеви дури на 4ти, :^) додека дочекам резлутати ќе се породам :(
    Нема термин иако се обидов да закажам месец претходно!
    Може ли таа да ми даде упат за во државна болница па таму да ми земат брисеви во 36 недела?
     
    На butterfly.mk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Сваќе, ќотеци! Како се учиме 9 месеци, ај да повториме! :D Арно ти е вака да те боли кичма, колкови, нозе, грчеви, вртоглавици и што не? Тоа е бре тешко, за раѓање е лесна работа! Ќе боли што ќе боли, и толку ќе биде. Тоа е инстинкт, сите мами тоа го кажуваат. Јас па дебелокожец најголем, одвај чекам. Се ме боли, сакам да се олеснам и воопшто не сум загрижена за болки и се останато, само се да помине по најдобар ред, да даде Господ. Ќе си земеш една мини-тенда, за беблак да не ти ги декорира ѕидовите, и готово! ;) :lol: Без секирации, најубавото тек не чека! Ова што прета-мрда-се бори да го донесеме за свет, и да го гушнеме најсилно! :inlove:

    Денес бев на преглед кај докторот што ќе ме пораѓа здравје Боже, и буцка веќе се спушта надолу, врвот на главата не и се гледа. Се испозанесе, не ја давам барем уште 3 недели! Без малку 3 кила е, ќофте мајкино! :D :inlove:
     
    На butterfly.mk му/ѝ се допаѓа ова.