Фала нај многу, ако е така нормално тогаш да издржам да не одам, само да се родат здрави и живи ама пуста душа никако не се смирува. Фала за советот исто те гушкам. Поздрав
Ајде мора да издржиме и да мислиме позитивно. Јас се си викам да влезам 4ти и нема да драмам многу,ама изгледа така е кај сите и сите ќе мислиме на се овие 9месеци. Само да се живи и здрави.
Ваму се става еден појас како ластико од гаќи ама широко на половина те мачкаат со гел и две за мерење ти ги ставаат под појас. Не си на гаќи облечена си и горе и доле.
Женски едно прашање, овие два дена на гакичките приметувам како некој воден безбоен исцедок, влажни се цело време ама не е бело прање па ме интересира дали има шанси да е напукнат водењак или само си правам филмови и стресови? На преглед сум задутре ама ме фати паника некоја,36+4 сум
Ајмo рaпoрт Сегa се врaќaм oд мaтичнaтa. Зa 4недели дундa ми кaчилa целo килo. Сегa е 3кг.Дoбaр прoтoк низ пaпoчнa врвцa,имa плoдoвa вoдa. Цтг нaпрaвивме дoбрo е.150бпм. Немa кoнтрaкции,бoлки. Следнaтa неделa oдaм нa уште еднп цтг и пo следнaтa дa oдaм вo бoлницa дa се дoгoвoрaм сo дoктoр кoгa дa ме пoрoди. Ииииии нaјсреќнa сум штo сум 70кг.(сo чизми) @FreeMind кaкo си ти? Зaтишје пред бурa..
Од кога треба да се оди на цтг?Може е глупаво прашањево,ама матичната ништо ми нема спомнато...и тоа треба во Државна,така?31+4 сум.
Рано е, обично од 36 се оди на цтг, на државна, кај мојот доктор има и на приватно па може кај него ќе си одам овој пат
И јас сакам да знам од кога се почнува колку што го разбрав матичниот ми спомна дека за тоа одлучува докторот кој ке ме превземе а јас кај мојот сум до 35гн значи некаде после тоа би му дошло нема да е касно?
@LoveHope денес некако уморно, безволно, ми се спие цело време. Три кг машала бебе супер напредува. Ајде за брзо ќе се олесниш
ЦТГ има приватно..негде околу 300 денари ми наплатија приватно кај Абаз Тетово...зависи кај ќе се пораѓаш..Ремедика не го наплаќаат воопшто, во државно е со закажување...ии нее само си легнуваш облечена на страна како што спиеш и со го соголуваш мешко..ти ставаат едни 2 круга ги зацрстуваат и си лежиш 10-15 минути..се слуша откуцаите на срцето на бебушот и ти даваат листе со заведени контракции и откуцаи на срце...ии зависи од сестрите која колку знае веднаш ти кажуваат дали е добро или е за паника
Фaлa ви нa oдгoвoрите денес првo цтг пoминa кaј мaтичнaтa. И следнaтa неделa кaј неa еднo и тoлку. Мене мaтичнaтa вo 32рa неделa ми рече oд 36тa ќе зaпoчнеме сo цтг aмa кaј секј рaзличнo. Акo имa пoтребa пoрaнo,пoрaнo.
Не би требало зошто ако има причина за порано сегашниот доктор би ти кажал, не се замарај, другите мерки се многу поважни сега како плодова вода, постелка, итн. Мене никаква функција не ми играше цтг, ме зедоја на провокации без болки(имам пишувано), битно беше цтг го следеа веќе пред да ми пукнат водењак со провокација на мене кога нормално се зголемуваа болките, со лесно и уживај
Здраво женски, сакам да ве прашам... На почеток на бременост сум 5 недела но вчера вечер како што си спиев ме разбудија силни болки во долниот дел кај јајниците и кичмата како некој да ме сече со нож но по неколку минути болките ги снема. Кажете ми ваше искуство и дали е тоа нормално а денеска осеќам само мала болка во грбот.
Болки издржливи во долен дел на стомак,јајник е нормално да се појават,знак за ширење на матка. Мислам дека малце подоцна накај 9та недела и јас бев со болки во грбот и тоа имаше денови и силни ми беа. Земај си магнезиум ќе ти помогне. Се што е издржлива болка без крварење е нормално во бременост. Така научивме
треба уринокултура да направиш за да се види точно која бактерија ја имаш и кој антибиотик делува на таа бактерија.