Машала мила имаш помош дома за бебчето да ти се живи и здрави! Среќа додека порасне кај мене јас ќе сменам вилица така да и да сменам мислење џабе ќе биде
Труднички здраво Маж само што ми јави дека ги земал резултатите од крв и брисеви и во лабараторија му рекле дека не е откриена никаква опасност по плодот, за детали ќе ги види гинекологот, имам контрола за петок. Арно ама пак не сум мирна. Кафениот исцедок го немам веќе некое време, ама од тогаш имам нешто жолто исто одвратно.. само раат да не сум. Е знам дека имам кандида, која ми ја потврдија на пап тест уште пред да останам бремена, за која не примав терапија до сега. Дали може да е од тоа? Или од што би можело да е? Од денеска 11 недела сум. Можно е да го дознаам полот сега на контролава? Знам може е рано ама пуста љубопитност Има ли некоја трудничка што успеала да си ги контролира паниките за се нешто, па да ме искара и да ме поучи како да останам смирена? Ќе частам.
Кaј некoи вo 12тa неделa им виделе пoл. Мене oд 18 дo 20тa тaкa некaкo ми кaжa декa е женскo. А пoрaнo нa кoнтрoлите ми викa или е пaпoчнa врвцс или куре aмa не се гледaше и не ми пoтврди ништo. Нaјисчекувaниoт мoмент е дoзнсвaњетo нa пoлoт! А зa пaниките,мoрaш сaмa дa рaбoтиш нa себе. Претпoстaвувaм декa не е леснo... Имaв сaмo еднaш пoгoлем стрес декa немoжеше дa се виде нa ехo cavum septi pelucidi. А целaтa бременoст бев сo пaрoлa oпушти се,терaј си нoрмaлнo,гoспoд некa ме чувa. Декa се ќе биде вo ред... Дo душa,бебе не смееше дa се пoжaли декa нештo му фaли пoшo зa време нa бременoст имaв пoгреб вo куќa,прaвев свaдбa пoсле 10денa oд тoa,ренoвирaвме не седнaв,свеки ми дoби кaрцинoм нa дoјкa oперaции,кoнтрoли дремење пo хoдници,гледaње нa нејзинaтa мaјкa сo скршен кoлк некoлку денa. Гoспoд ме чувa и мене и мaлaтa вo мене! Бебе не смее дa се жaли сегa ми врaќa ме мaвa пo мoчен меур А време мнoгу брзo ќе ти пoмини. Клукaј oвoшје,oдмaрaј,рaбoти,гaли меше рaдувaј се. Ќе пoмине се
Ќе се опуштиш после првиот скрининг кога ке ти кажат се е во ред и ке го видиш тоа мало човече во стомакот Барем кај мене така беше А ова со исцедокот може да била застаната крв или некое капиларче пукнало од ширење и ете исцедок кефан.Штом брисевите се добри ти немаш болки или слично опушти се и уживај .
Оф мори мајко ама оваа женскава водолија тврдоглава уште од сега има да е по нејзино како тргнала и февруарска да не биде со мене заедно
Чекaј,туку вербa е трудницa. Тaa е вo фебруaри. Ве смешaв Вие рaстите,сегa сте веќе гoлеми кaкo се снaoѓaш? Јaс нaвечер сaмo сoнувaм сегс при крaј стрaв ми е.
Се додека не ги фатиме во наши раце стравот ќе си е присутен,само тој да биде во ограничени количини. Јас сум бетер од тебе.исто започнав со кафено па инјекции па кандида се решава тоа се,битно е плодот да си се развива како што треба. Раат сум два сати после прегледот,после почнувам со мои приказни правење,дали вака треба. Фази се дефинитивно наместо да земам тука да се радувам јас симптоми барам зошто не го чуствувам вака,требало така. Многу ми е лесно да ти напишам штом помине скринингот ќе се опуштиш,да јас се опуштив за момент само сеуште сум во грч и само тука си барам утеха,бидејќи не ме разбираат,не сум била единствена трудница ехее тие што се правеле кога биле бремени. Сите сме различни факт,но доза умерен страв ќе си постои додека сме ние живи за овие палавковци што растат во нас. А за пол мене во 16та недела ми виде,некако така беше убаво наместен. Се расприкажав јас
Јас имам роденден во февруари затоа може те збунив, бебуш е супер си расте јади, спиј и измеѓу грчеви немој да се секираш со лесно да си минеш, нема жена мајка што не се снашла бркај лоши мисли и со позитива
Жолто-бел секрет без мирис е нормално да имаш, и тоа зголемен во текот на бременоста... Не плаши се не е страшно.... И јас го имам сеуште од почетокот на бременоста.... Ако се види дека имаш кандида ќе ти дадат вагинални таблетки и ќе се среди, зголемен внес на овошје и зеленчук.... Кај мене на скрининг во 12 недела папочната врвка беше измеѓу нозете и не се гледаше, во 18та недела ми кажа матичната дека е женско и после во 20та недела ми потврди ја на скрининг кога бев втор пат.... Јас почнав стресно со бременост, имам проблем со тироидна.... Ме исплашија како тоа сум останала бремена без да ја решам жлездата, и од 6та недела до 20та недела јас одев со страв на контрола..... После лекарот кој ми правеше скрининг ме опушти кога рече дека бебето изгледа нормално како и секое друго.... Се развива нормално и си напредува како што треба. Тоа ме опушти малку, нооо како што одам кон крајот од бременоста пак ме фаќа страв и паника како и што понатаму ... Се дури не помине 1 година јас ќе се плашам за него, да го видам да прооди, да за зборува, тогаш ќе се смирам (малку)... Ушите да си ги изеде тој што рекол дека треба да уживаш во бременоста.... Јас ја доживувам многу стресно....
Ова до тироиднава стрес на ниво од старт на сите ни праат. Мене сега пак ми се покачи ТСХ и одма муабети од типот нема да се развие плодот,аномалии,спонтан дрн дрн. Башка хормон неможеш никогаш да средиш па да планираш бременост,варираат како луди хормониве,и под терапија да си. Мене минатата недела др ме изпаничи на ниво,а вчера на ехо бебето си е супер и напредува.
@Yowannty во врска со полот мене ми кажа гинекологот дека уште самиот почеток според отчукувањата на срцето на бебето може да се предвиди полот. Е сега не знам колку е кај сите така Јас 6та недела бев кога го чувме срценцето и ми рече дека според звукот и високите отчукувања е девојче. И така и бидна. Сепак кога веќе беше оформено бебето негде 14та недела беше посигурно
Даа, какви лоши сценарија ми кажаа, абе стрес на ниво, хаос ми направија.... Можеби и мајка ми имала ама не знаела... Од еден аналгин и ампули за железо ништо друго вика не земав, па се родивте живи и здрави. ... Сега вели докторите не ве оставаат да се одвива процесот нормално... @koritsaki ова е точно, и јас прочитав дека ако има појаки интензивни откуцаи е женско (140-160) а од (120-140) е машко