Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    684
    Допаѓања:
    1.858
    Добар ден мешковци јас уште десетина дена и ке се гушкам со малото ангелче едвај чекам да го видам. На контрола сум дури во понеделник.
     
    На zalosna и Agrona им се допаѓа ова.
  2. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Во бременоста се прават два најважни скрининза. Првиот е од 11 – 13,6 гестациска недела тоа тие Скрининг за Даун синдром каде всушност преку ехо се мери нухалниот набор на плодот. не знам на која возраст си, ама после 30-тата веднаш после тоа ехо те праќаат на земање на крв и спрема анализата на крвта и резултатот од скринингот се одредува ризикот на Даунов синдром. Вториот скрининг е од 18 – 22 недела за аномалија на плодот, уште не сум била и не знам поточно да ти кажам. Само знам дека порано не се правеле ама сега ги направија задолжителни заради навреме спречување на аномалија. Сепак треба да се раѓаат здрави поколенија :D
     
  3. Whitecloud95

    Whitecloud95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    381
    Пол:
    Женски
    Денес бев на гинеколог, докторката ми рече дека уште 2 недели би требало да се породам. Малиот ја сменил положбата, се надеваме со матичната дека барем до пораѓај ќе се заврти повторно надолу со главчето, инаку ќе морам да идам на царски. Како и да е, да сме живи и здрави со полека се ќе биде. Во понеделник ќе одам на ЦТГ, на брис (вонреден), пошто бебето сменило положба, и ради не дај Боже бактерии, ќе видам нешто да почнам да приготвувам за облекичка за бебето, а од утре планирам да си средувам тоа торбата малку по малку.
     
  4. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    велиш во 18-22 недела се правел скринингот за аномалија (недај боже да е нешто со плодот) како можи навреме док. да го спечи сето тоа освем со абор....?
     
  5. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    не знам мила, чудно е, не дај боже да биде на лошо, не знам како го регулираат тоа, не сум лекар и многу работи не ми се јасни ама со Одлука на Влада знам дека ги направија задолжителни скрининзите па секоја трудница се испраќа да ги направи. Инаку на веб страната на Ремедика има кои испитувања се задолжителни за секоја трудница па оттаму знам за скрининзите во која недела е препорачливо да се прават. Еве го линкот: http://remedika.com.mk/page9.html
    Не знам за другите градови, ама во Скопје барем е така.
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    и мене ми го правеја на 20та недела :) само онака си зборевме со мм недај боже да е нешто не ми се верува дека нешто можи тука да се направи хмммм..ама како и да е ко се мора се мора
     
  7. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Јас сум скоро 10 недела и другата недела треба да закажам скрининг. Се одлучив за Систина кај Др. Димчев. Се надевам се ќе биде во ред.
     
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    mace31 од 30та до кај 32/33та би требало-најубав период, но на некои трудници знаат и подоцна да им речат.

    Немора да значи, во најчести случаеви да. Но еве јас во фамилија немам никој со тромбоза и ми рече имаш уредна постелка, но сепак зошто да не се направи испитување за секој случај. Чисто рутински.

    Инаку јас само што се вратив од вежби, ама ќе пишам во соодветната тема.
     
  9. f.r.o.s.i.c.e

    f.r.o.s.i.c.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    115
    Добро вечер на сите :* ние денеска малку се мачевме со силни болки али не отидовме на лекар здравје во понеделник незнам зашто толку рано ме фатија болките али ке видиме фраерот што ке покаже во понеделник,инаку завртено е и многу спуштено доле уште во 29 недела па ке видиме што наумило моето златичко а термин ние дури 4-5 декември незнам ни што да мислам ни што да правам сега се пазам за да не ме фатат пак тие страшни болки пред понеделник хахах како таткому инат се праи се сака унапрет несака за ништо да почека како науми така праи хахахах :D ...
    Извинете за долгиов пост :*
     
    На butterfly.mk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079

    Така е сваќе :D
    вчера бевме на слава абе малиов не се смири :D
    сакаше и он на маса :wasntme:
     
    На captivating и elena.mak им се допаѓа ова.
  11. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Добро утро мамички, како сте?
    Викендов пред нас, временцево убаво, да поужуваме малце.
    Не знам како е на трудничките што се 30+ ама мене бебево ме искрши.
    Абе коленца, лактови, тртење :lol: земјотрести :inlove:
    Можам да фатам и некое зглобче од време на време.
    Оддвај чекам да ја видам. Не ми се верува дека помина времето, ама ете при крај сме.

    f.r.o.s.i.c.e Ти се веќе 37 недела,така? Можеш да си го чекаш секоја ден да излезе :clap:
     
    На butterfly.mk и f.r.o.s.i.c.e им се допаѓа ова.
  12. f.r.o.s.i.c.e

    f.r.o.s.i.c.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    115

    Да 37 направивме векје али баш во незгодно време и на незгодно место му текнало ке лупам па што сака нека е :rofl: таман си дојдов дома во К.Паланка каде што пусто нема лекари него тогаш му текна да дава некои симптоми :lol: се надевам ке издржи до понеделник да си идеме на преглед кај д-р Коруновски и да видиме кој му се плановите,а највероватно сум и отворена малку бидејки осекјам болки кај препоните и близу отворот внатре :$ поззз до тебе и до сите вас :* :* :* :*
     
  13. h.ope

    h.ope Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    1.925
    здраво на сите
    моментално сум 12та недела на бременост, направив Торч тест и испадна позитивен за CMV IGG и за Рубеола исто IGG, а да е покомплицирано, во поцеток на бременоста ми се јавиа кондиломи, најверојатно испровоцирани од бременоста посто прв пат мис е појавиа. Матичниот гинеколог ја следи цела ситуација и сега сака да закажеме термин за скрининг на срцето во Скопје ради Рубеолата иако е IGG.
    Дали сте имале исто или слично искуство или имате некоја информација. Ве молам за коментари :sweat:

    Уште едно прашање ако некој знае, да го појачам имунитетот почнав да јадам по малку гоџи бобинки, витаминска бомба... се најубаво ќе најдите за нив на интернет, но никаде нема информација дали се добри во текот на бременоста, ни гинекологот не можеше да ми одговори
    мислење?
     
  14. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476

    За првото прашање не можам да ти кажам ништо.
    За гоџи бобински знам :)
    Вистина витамиснак бомба се, составот им е неверојатен.
    Некои викаат дека за време на бременост може да се јаде колку што ти душа сака, некои дека треба да се ограничува по 10гр. дневно, а некои дека може да предизвикаат спонтан или пак да вродени маани кај бебето.
    Кога ќе видиш се тоа што го има во гоџи берис има и во витамините за бременост и тоа точно во оние количини кои ти се потребни па ако постои некаков ризик од нив, подобро витамини да пиеш.
    Ама ти треба да си решиш ;)
     
    На h.ope му/ѝ се допаѓа ова.
  15. h.ope

    h.ope Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    1.925
    всушност и јас го имам истото мислење, пијам pregnacare+ ова со гоџидемек привремено да појачам имунитет во мн мали количини, помалку од 10гр, ептен ми е опаднат имунитетот
     
  16. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Те разбирам, и јас сум иста, имунитетот и крвта ми се катастрофа. Иначе pregnacare е доволно,
    внесуваш што ти е портебно. Иако е добро да внесуваме колку што е можно повеќе витамини, сепак не треба да претеруваме.
    Мед+ѓумбур+лимон по една лажичка на ден (плус ѓумбурот помага ако имаш мачнини)
    Јас го јадам ова со лажичка а си ставам и кога си правам чај од нане. многу е убаво.
     
    На h.ope му/ѝ се допаѓа ова.
  17. blagica1991

    blagica1991 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    209
    5 дена минаа откако ми кажаа дека сум отворена 2 прста а бебушот нема абер за излегување ... секој ден само чекање и ништо .... никакви болки немам освен што имам страшна главоболка ... мачно е чекањево ...
     
    На f.r.o.s.i.c.e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. pilenka

    pilenka Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    3.502
    Ме нтересира, дали сте прашале гинеколог за ѓумбирот дали е безбеден за труднци бидејќи и јас сакам да почнам да го користам. Поздрав.
     
  19. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Го немам прашано ама знам дека е безбеден и дека помага со мачнини.
    А и е супер за циркулација, што за време на бременоста, посебно при крај е важна.
    уште пред да останам трудна имам прочитано еден куп позитивни работи.
    Што ми останало во сеќавање еднаш на Опра Шоу имаше 4 сестри труудни во исто време па кажуваа што користат да се справат со мачнини. А и на гугал да пребараш "ginger in pregnancy" одма ти се појавуваат резлутати за природни начини за справување со мачнини.
     
    На pilenka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. f.r.o.s.i.c.e

    f.r.o.s.i.c.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    115
    Извини вака што ќе те прашам...
    Дали се осеќаат некои болки кога си отворена зашто денес влегувам во девети а од пред три-четри дена осекјам пецкање доле и го осеќам малото кога гурка надолу :D и одвреме на време јакички болки знаат да се појават и нозете дури ми се кочат хаха

    Официјално денес влеговме во 9 месец :party: :party: :party: можеме сега да чекаме изненадување од фраерот на мама и тато :rofl: :rofl: