Ќути.. а плус тоа и малово уште се буди ноќе по 2,3 пати сигурно. Таман заспијам ете го ке ме разбуди Незнам со две сега како ке биде
Точно 20 дена до термин, паника ме фаќа, некој немир не виден..кога поминаа 9месеци..гледам за виното сте пишувале, јас пред бременоста пиев 2,3 пати неделно со вечерата, по 1 чаша..и сега во бременоста знаев понекогаш да се напијам пола чаша, но последниот пат само што испив две голтки кога се вцрвив почна да ме пече лицето, некоја алергија добив се испаничив, пола саат така бев и почна да се повлекува, од тогаш ми е страв да го погледнам..а за цигарите и јас не сум пушач ама во првите месеци добивав желба за цигари и баш ми беше чудно..бременост и се е можно..
@Gili B. Јас сум султанија, така ме вика сопругот спијам со една перница меѓу нозе една под глава и една плд стомак ... Од старт бебето ми е поголемо и имам болки во кичмата и напред кај срамната коска.. Земам два пати во текот на денот Мг, плус Б6 почнав заради тахикардија ... Мене ми пука назад опашната коска особено кога се качувам по скали ... Не можам да се свртам ноќе морам да седнам во кревет па да се завртам ..... Магнезиумот ми го препорача гинекологот... И последниве денови осеќам притисок долу... Бејби е наместена за излаз
Овие 2-3 дена после подолго седење на работа приметувам кога ќе станам цела укочена,и нелагодност и болка во препони,срамната коска,а вчера и позади десната бутна коска..ко да сум вежбала чучњеви А ниско во стомак и половина стандард си има бодежи кога појаки кога послаби...Бебе уше 28 недела се местеше надолу,следната недела 32 ќе сум,планирам преглед па да видиме до кај сме
Јас бев пушач,и овој период ме фаќа чат пат мерак за кафе со цигарче..а вино црвено досега само 2 пати се напив по малце,не ми оди нешто баш..не ме фаќа криза за алкохол
Ич не спомнувај цигари. Во последно време само на тоа мислам, иако точно девет месеци без ни еден дим сум. Али како ќе им се вратам со трочекор За алкохол цела бременост желба нула без ни една голтка. Што за мене е изненадување.
Штoм си издржaлa 9месеци без цигaри зoштo пaк дa ги препaлиш? Ајде сегa кaжи си ќе дoaм бебе,oп пaк ќе пoмини некoј периoд и тaмaн ќе ги oткaжиш. Свеки нестрпливa зa внуче,ми викa пoрaнo цaрски дa сум зaкaжелa.
Богами голема иронија а за подочњаци не збори им велам на моите нема да ме примат во болница ке мислат на дрога сум страшни се посебно со ослабната крв сега се катастофа, има убави трудници и зомби е јас сум таа втората а за спиењето заспав некаде 6:30 а станав 9 дури 2ипол часа многу бе, како човек што спиел по 15саати на ден да се задоволи сега само со два
Немој дијазепам ни да помислуваш, мора да се издржи, излеа палаво бебе а Нема ни да си едно добри 2 години, што побрзо прифатиш во психа тоа поубаво. Јас сега воопшто не мислам на тоа знам нема спиење, уште сега несоници ме фатија
Јас само ги паузирав не ги откажав. Ќе останат на пауза и за доење секако, бебето не е должно да прима никотин ради мене во никој случај. Знаеш што е вистинска љубов? Ја гледаш и солзи на очи ти идат Иако морам да признаам зависноста од цигари е само психолошка, физичката каде цело тело ме болеше ми помина во први три месеци. Али иди победи го мозокот да те видам Свеки вака нестрпливо и да ти го чува подоцна без збор да каже би било добро
Моево пс цел ден е мирничко и пред спиење лупа внатре се буди, викаат како во стомак така и кога ќе се роди
Дa се вмешaм вo муaбетoт Мнoгу ми е интереснo кaкo секoјa вечер,буквaлнo секoјa oд 23:30 дo 00:30 клoцa,игрa,незнaм штo прaви... Секoјљ вечер вo истo време. Кoгa ќе се рoди дa си oчекувaм тoј периoд дa врескa
Ај не ме брзај! Термин ми е во недела, нека не брза ехе само 40 недели ја чекам... Јас ги оставив, они не ме оставаат
Моево стартува во 6:45-8:00 прави пауза па околу 13:00-16:30,ме цело време ама знае да претне, па после тоа една тура од 17:00-18:30, па дреме, и на крај од 20:00 дури да заспијам, 22-23ч. Јас мислев какп што ќе се здебели така мема да мрда многу.... Ама ова како повеќе сила да има
Јас се надевам да не ни пропушам пак..Да е само по една две цигари на ден ајде де,ама почнеш ли пак тешко да се остане на толку