@FreeMind. Пу пу скрaјa дa е,не те брзaм. Знaеме декa вие oд унијaтa сo термини рсбoтите,се нa време. Сaмo ние вo мкд знaеме дa изненaдиме сo пoрaѓaј вo 34тa неделa. Ајде oлесни си се сo убaвo. @Ygritte знaчи уште сегa си имaaт свoј рaспoред,свoјa пaрoлa a ние требa дa се нaвикнеме хaхaхa. Јaс снoшти пред легнувaње мaчкaв стoмaк и пoчнaa aкрoбaциите пa снимaв. Прaтив нa сестрa и другaрки две три врескaa кaкo тaкa стoмaкoт гo тегнел хaхaхaх
Море и на мене овој период на цигари ми оди паметов. 6 месеци не ги мирисам ама кога ќе ми текне со кафенце мераклиски 3 ги тегнев. Нема да ме остават знам и после доење ќе гледам како госпожа да палам 2 во денот. А за алкохол немам желба
За се има распоред, за јадење спиење икање, многу принципиелно фетусче е.... а акробацииве се видливи со голо око, дури не згодно да ти е да се смешаш со луѓе, ми се чини сите гледаат во стомаков....
Да да термински до крај. До душа јас, минни1 и анаделреј сме овде и сите над 40ка А цела бременост уста не затворив за породување во 36та, веднаш да излезе. Затоа ќутете си.
Баш така, само да не го надносам, со ќерката 10 дена над термин, се изначекавме ..сега ова ако е со царски има шанси пред термин да го вадат..уф и тоа тешко ми паѓа, не знам дали ќе е царски дали природно, демек утре ќе ми кажат како е наместенона 300 ума сум..
Поздрав мајки,ногу нешто тема цигари утре одам на прв преглед во чаир кај зоран илиевски,превозбудана сакам да ми кажат ааа та за брзо ќе си готова ама не верувам тек сега почнуваме 36та ве гушкаме со девојката моја А кажете ми треба да ги земам со мене прегледите од ехо од кај матичната,мајчина книшка ?
Јас завршив кај матичниот минатата недела и кога ми даваа упат ме прашаа само кај ќе се пораѓам им реков на ГАК и барав да ми закажат цтг кај др.Лазарова бидејќи ми остави многу убав впечаток кога ме гледаше на вториот скрининг. Ми кажаа дека она не гледала големи бремености и ме прашаа кој доктор ќе ме пораѓа, им реков тој што ќе се погоди на смена, ме погледнаа и ми се насмеаа. Битно ми закажаа кај докторката. Кога прашав што документација ми треба ми рекоа ништо само упатов. Поучена од форумов си ги побарав последните брисеви, а си имам и картонче за крвна група со мене. Мајчина книшка немам.
Труднички маки, мисли, се трудам што повеќе да ги избегавам, си викам само со господ напред, се надевам ќе имам полесен пораѓај, но знам дека на крај ќе паничам ако сум сега смирена.. Со лесно да поминете ви посакувам
И мене ме болеше и половината,и ми се фаќаа нозете,де едната де другата,киселини,во девети месец многу малку спиев, превртување во спиење на друга страна многу тешко,буквално се влечев во креветот. Изгледа кај сите е исто. Одмарање има до осми месец кој има нормална бременост и без мачнини,од девети месец па натаму одмор веќе нема. Откако се роди бебчо па ич нема одморање. Преку ден држење во раце,доење,бањање, менување памперси,пресоблекување,па смирување од грчеви,кога заспие да пофатиш нешто по дома,или да се избањаш,средиш како човек,навечер будење на 1,5/2/3 саати,додека да заспиеш повторно поминал пола сат и така се во круг. Малку е тежок почетокот,ама задоволството е огромно.За овие мали душички вреди се. И што е најбитно се издржува,од каде толкава сила не знам,ама полека навикнуваш и ништо не ти е тешко.И на крајот на денот со исполнето срце и со огромна насмевка си легнуваш. Помило од детето навистина нема. Хмм,ТОА Е МАЈКА.
Цтг супер бебе активно, главата сеуште надоле спремна за излегување, контракции до 30 идат и пак се враќаат накај 8-9... изгледа ќе тераме до февруари. Недела краен термин па се надеваме дека ќе се породам, а ако не секој 2 дена имам термин за цтг само... Поранешната докторка не ми кажа ништо за стрептокока а и немав поим што е тоа и тек денес новата докторка ми објасни но рече време нема за да направиме и да почекаме резултати... постои ли некаков ризик?
И ти исто јас сум со терминот во Март... Имам време освен, женско радознало, ако не ѝ текне да излезе во Февруари
Што побрзо толку подобро, да имав јас таква среќа Колку повеќе се одолговлекува толку потешко ми е. Умирам за неколку часа мирен сон
планирам и јас, уште не знам по колку да земам и големини ај хелп од искусниве мамички што се имаат породено