Јас да се пријавам дека дури сега ми почнаа болките, после 28 саати пукнат водењак. Барем се надевам дека се контракции зошто на многу долги интервали се, секои 40-50мин. Се надевам дека до полноќ ќе се случи веќе нешто ново
И јас и минни 1 одмаравме две недели поради скратен цервикс на 2,5 на 35та недела. Минни се породи над 40та недела и јас еве уште дремам. Анаделреј не одмараше ама и она над 40 отиде. Вага е на ред од нашите овде и она ако отиде над 40 ќе помислам стварно овде системот не тера да ги носиме до крај. Иако мојот гинеколог многу пати нагласи дека породување пред 38ма не треба да има. Они си знаат.
Ти мкд си? Стрептокока е брис од 35та до 37ма од грлото на матката до аналниот отвор се зема брис. Ако случајно има стрептокока треба да примаш антибиотик зошто бебето треба да мине низ тој канал и може да ја добие од тебе. Најчесто и со царски го вадат ако имаш. Али ти немаш. Стрептокока ако си имала грлото на матката ќе си го немала плус до сега три пати ќе се породеше од пукнат водењак. Така да без грижи. Идеме до крај, рака под рака
Не е многу временски? До колку време можат да те држат со пукнат водењак? Инаку јас како за крај си добив болно грло и носе и кивање, изгледа ме фаќа прелада
Жено по стоти пат ја отварам темава само за да проверам до кај си! Ти пуштам среќичка, да си се олесниш најбрзо што може и лесен пораѓај да имаш
Па јас мислев дека макс за 24ч треба да сум породена, ама сега ми остави фора уште затоа што на последниот преглед уште не ми беше омекнато грлото и мислам дека му беше страв дека ни провокации нема да фатат.. ќе видиме за некој саат ако продолжи вака. Стискам палци на сите што чекаат што пократок да им е овој период на исчекување и со лесно
И мене ме штрекнаа на 35та да лежам ради скратен цервикс 27мм, во 37ма цервикс 36мм.. е ај ова објаснете ми го како наеднаш се нормализира и јас се помирив некако дека до крај ќе терам, нити болки нит ништо, само кичмава ме корне
Мене термин 26.03...Со првото се породив природно 10 дена пред термин..ама многу се движев,пешачев,топло време фатив ..Сеа ќе видимеПланирам и јас кај и да е да почнам со спремање и купување
Зошто кога лежам на страна ми се стврднува стомакот? Нели не би требало така, дури препорачливо е да се лежи странично?
Дефинитивно работат по стандарди сите исто овде и сега издржи до крај. Какви симптоми бе нема симптоми кај нас како седми да почнуваме. Ми иде цервикс на чело да им залепам! Не може точно да се измери цервикс исто како тежина кај бебе. Затоа има различни вредности. Али 3,6 см на 37ма не ќе да е. Ако е почни со километри да пешачиш оти 42ра не ти бега.
38ма од денес! Не можам да сфатам стварно ни мене не ми е јасно, како после кратење се издолжил пак а јас пуста таква надежна отидов дека и некое прстче отворена ќе сум А кажи ми на колку време одиш на преглед? Мене мојава тек на 11ти фебруари ми закажа, три дена пред термин а јас баш мислев почесто ќе ме гледа на крај.. лудички се
Не може да се издолжи, или тогаш или сега погрешно го измериле. Така е на крај. И јас бев на 38ма и утре зошто термин ми е недела, а не работат недела. После од понеделник на секој втор ден на цтг кај матичен. На последниот преглед ми мереше плодова вода и дотоци на храна и цтг секако слика за урина. На ден на термин ќе ти препорачаат да идеш во болницата во која ќе се породуваш да те видат на цтг. Потоа со нив треба да се договориш за провокација кога како итн. Во принцип во мкд од 36та идат во болница до крај и овде можеш да идеш кога сакаш ако се плашиш за нешто. А нема потреба ако матичниот ти вели дека се е добро. Се знае на крај зошто треба да отидеш во болница: прскање на водењак ( ќе викнеш болничка кола никако со своја кола ), крварење ( сосем нормално може да биде знак за породување), да не чувствуваш движење на бебе ( обавезно во болница на цтг), да го чувствуваш повеќе од нормално ( да прета без престан со часови, веднаш да се оди во болница ) и контракции секако на правилен интервал. Матичниот е тука само за генералните прегледи. Опцијата да идеш на цтг секој ден во болница ти е оставена отворена кога сакаш ќе кажеш како и секоја испаничена трудница : докторе болки имам Не се луди поинаку ја третираат бременоста за разлика од доле каде се консултираш со тројца лекари на секој преглед Само за пример екипава од курсот од 15 до денес 13 се породија и имаме заедничка конверзација. Импресиите од породувањето на сите до една се: колку прекрасно доживување! Возбудливо искуство! Одеше побрзо од што очекував. И јас со таква фаца ги читам као овие не се нормални )
Не знам веќе памет немам, само знсм дека сигурно ќе отидам пред терминот во болница пошо ќе морам некако моиве паники да ги смирам на курсот мене ми се погодија малку недруштвени луѓенца( или не се мн расположени со ауслендери да комуницираат) и не пишуваат мн во групата што сме среќа што е форумов па може човек убаво да се информира од споделени искуства
И да одиш ако се плашиш. Подобро отиди отколку да мислиш. Она што најдобро го научив овде е да бегам од натурализирани германци. Оние со италијанско потекло, руско, балканско, турско итн. Тие се толку полни со комплекси што се поголеми германци и од самите германци. Од нив бегај никаква комуникација не ти треба. И секако од неписмени германци кои одвај едно реал шуле завршиле зборат само германски јазик живеат иза богу леџа и мислат со тоа што се германци бог за муда го фатиле. Ќе ги познаеш по тоа што зборат на дијалект, литературен германски ниту разбираат ниту го зборуваат. Не ти треба комуникација ни со нив. Останатите се навистина културни и секогаш спремни да ти помогнат. Колку пообразован и мешан со луѓе толку подобар. Како и секаде. Мене групата ми се погоди ептен. Ете во нешто и јас да имам среќа и да се пофалам )
@FreeMind , ja ne mozam da sfatam zosto odat do kraj? Sto ako bebceto e veke zrelo? Placenta zrela? Zasto da sedi unatre? Sto ako pati vnatre plodot? Od nemanje prostor se zamotuva papna vrvca, od dolgo sedenje se zamatuva i plodova voda. Znaci ne mi e jaasno zasto uporno forsiraat da sedi bebe do kraj? Ne velam ne, nema poubavo mesto za zreenje na bebceto od vo utrobata na majkata, no ako veke e se spremno zosto cekaat ? Kolku e ubavo , tolku i ne e ubavo.... Zboruvam od licno iskustvo....