Мешиња првиот скрининг го направив во 13 недела. За вториот докторката ми рече да закажам на 25-ти - 26-ти, а тогаш ќе бидам 23 недела. Во тој период имам ПРЕМНОГУ обврски, па се мислам да го презакажам скринингот една недела порано. Значи тогаш кога ќе бидам послободна, ќе бидам 22 недела. Ме интересира во кој период може да се направи вториот скрининг? Од која до која недела? Да не е рано кога планирам јас?
Можеш , јас во 21 недела го правев вториот скрининг и мислам дека е од 18-22 недела, ама може и покасно не мора точно до 22 недела
Честитки и од мене за вас.....За печење и киселини во зелудник мојата најдобра другарка пиеше алое 100% шисто во квалитет, кое им го препорашуваа и на трудници па пишете ми ке прашам поконкретно од кое како...а бесе задоволна ептен и вреди да се проба ...
Јагода и јас го правев само што влегов во 21-ва недела. 23-та недела всушност е и последната граница за скрининг, така да слободно закажи си порано.
добар ден мамички .. денеска посебно сум разработена та де готвење та де чистење перење спростирање, садови... абе само да сакаш да работишш. на домашните обврски им нема крај сега малку ќе си легнам да одморам зошто се изморив.. ќе си подружиме со ќеркичката да ме поклоцка малку... убав ден
Добро вечер на сите....искрено да ви кажам, нон стоп ве читам, ама ме фатило мрза за куцање тоа е чудо едно h.ope честито и добредојде во клубот, да имаш убава и лесна бременост. Jagoda123, не е рано, ама во 23/24 има голема разлика во дооформувањето на плодот. Пример мене така во 22н. ми рече аа еве сенка, па испадна за 2 недели дека ткивото не било дозатворено- е баш поради тоа што било рано. И затоа си реков здравје кога ќе имам втора бременост, пред 23та недела не закажувам, за да не доживувам вакви стресови. Инаку утре ќе одам на контрола и ќе се видиме со синчетоооооо нестрплива сум. Се надевам утре ќе му биде свртено убаво фацичето и нема да се крие
да тоа пецкање и јас го осеќав во 36/37ма недела и е најнормално ... бебушот се мести за излегување .... инаку мешиња додека се туширав на кадата забележав како крв ... болки имав силни но престанаа ... не знам што ли може да биде крвта во крајот на 38ма недела ... не осетив и не знам колку истекло , случајно погледнав надолу
Девојки најново нешто што чув е дека во ГАК кога тргаш на породување мораш да имаш потврда за која крвна група си. И дека тие од возачките не ги признавале. Кажете ми, крвна група се одредува на транфузиологија, со упат од матичен општ лекар или од гинеколог? И колку се плаќа?
Се одредува на трансфузиологија и не ти треба никаков упат затоа што плаќаш 500 денари за тоа но исто така можиш да ја одредиш и во мислам трудова медицина беше една клиника одма после поликлиниката чаир мислам така се викаше не сум сигурна му доага спроти тедико малце подоле Иначе јас ја одредив на трансфузиологија ми требаше од други причини не сум бремена и исто на ливчето ми пишува возач и име и презиме , а замисли јас не ни возам ама такви картончиња дават на сите
^значи само да отидам на трансфузиологија и на шалтер да кажам дека сум за утврдување на крвна група?
мене уште одма ми каза докторката и си напавив кај матичниот општ лекари ми земаа 700ден. ми бесе готово за 7 дена
Добро утро на сите...како сте мешенца....искрено незнам што ми е ама уште сега ме фаќа новогодишна еуфорија Инаку еве по сабајле да си завршам некои обврски за факултетот...и после ќе одам на контрола за бебушко
добро утро добар ден мешиња ние сме добри со бебушката моја,се почесто и почето се слуша тупкањето на принцезата вчера си излеговме малце на воздух и оооп дождот си дојде и веднаш дома,денес исто така денов не ни е за излегување па ке си седиме домче иначе денес сме се разбудиле од многу рано или воопшто дали сме спиеле вечер така да си средивме се по дома и ке си одмараме,иако ни фалат некои работи али господ здрајве ке биде и тоа поздрав до сите имајте убави денови
Добро утро и од нас. Јас мислам бременоста ја поминав на форумов Спојлер Насабајле кога ќе станам си одредувам една тема и ја читам целосно, мислам дека речиси сите теми ги имам прочитано од областа бременост/бебе Кога ќе порасне малата ќе и кажам дека ја гледав заедно со едни тетки/дадички феминки Нависина ептен ептен корисен ми се најде форумов. Јас сум 34 недела+1 и од денес решив да рачунам дека тоа е 35 недела Поминале 34 и сега сум ја раситнила 35та, нели сум во право? И да ви се пофалам, сум спиела ноќеска Перниче под стомакот и мислам дека се разбидув само се вртев од една страна на друга (а може и од дождот да беше, ме релаксираше )
добар ден мешиња со бебушка моја не баш наспани... се разбудивме околу два не можевме да заспиеме па си гледавме тв си се клоцкавме и околу 4-5 сме заспале сабајлето.. си завршивме обврските шо ги имавме по дождот сега дома ручек да си правиме.. ама нешто мрза ме има фатено аууу ич не ми се готви...ама мора.. гладна мечка оро не играе имајте убав дождлив ден пс ... среда ќе идам за скопје и сакам да одам на некој пазар да си изнакупам чорапки гаќички градници ... тоа шо ќе ми се бендиса е сеа не сакам на парче да ги земам туку у пакет . по 10-20 броја колку има... кај би ми препорачале да одам.. шутка баш н еми се оди ... некаде околу центарот ????/?
Добро утро, мили мои! Поздрав од прв ден 9-ти месец! После спонтан абортус, месеци и месеци разочарување со негативни тестови, илјадници нерви на лекари и испитувања (исто и пари па сега ми мањкаат... ), после комплициран старт на бременоста, после милијарда ставени утрогестани, после кило и пол витамини, магнезиуми, калциуми, после пукање на водењак во 28 недела и вртење глави на сите лекари со шепкање-оваа до вечер ќе се породи, ништо од бебето, со Божја помош и за очигледно инает на злите јазици, стигна и овој ден! Ми се плаче, ми се смее, ми се скока од радост! Се заедно ми се прави. Беблак за инает на докторите да е жива и здрава е буцка на мама од 3 кг, па слободно може да се роди кооооога сака! Јас би да почека уште некоја недела, не за друго туку да се допреселам, па раат да си дојдеме во новата дома со новото бебе. Не ми се чудете, сите одмараат 9-ти месец, јас се селам... Сите терсене, јас наопаку, стандард! Бидете ми поздравени, ве бацкаме јас и буцка вака триумфално!
Здраво мешиња! Како сте ми понеделнички? Јас само што се вратив од контрола и си го слушнав срценцето на бебушко пресреќна сум, на мама душиче најубавко . Се си се развива нормално, рачиња ноџиња, рбетен столб. Иначе ми рече да продолжам да ја пијам фолната и плус да земам Б6 Поздравче и имајте си убав ден