Издржи,мораш! Знам лесно е да се каже вака од некоја што не повраќа, ама сакам поддршка да ти дадам и убава позитивна мисла!
Ох срце зар уште имаш мака.... Што викаат зошто толку ти е мачно, крвна слика и друго се е во ред? Баш ми е жал се измачи, ама издржи, мораш за бебето
Се си е супер бебуш си се развива супер крвна слика супер исто само јас уште повраќам и тоа ме исцрпува многуу И ти што му ја мислиш еве јас сум Охрид сега во болницава ме примија доктори од Скопје некој Сашо сите го фалат овде многу бил добар сношти една карлично и било бебето природно ја породил сите денес за тоа зборуваат
Да мила под надзор сум ама и оваа депресијава ме совладуват и затоа ви пишав да си ги отфрлам овие мисли грозни вие сте ми подршка најголема
Ох супер баш ми е мило штом е бебе супер а и што имаме док од Ск, не дај боже пак ќе кажам Боро да ми се погоди ќе го мавнам со нешто.
И јас не го сакам него.од Скопје докториве многу ги фалат сите сестри овде охридскиве ги фалат не се сеќирај
Јас пијам Magnetrans 375 mg. еве веке 3 месеци ама некако сега од ко влегов во 9ти месец слабо ми делува
Овој 8ми најтежок на сите изгледа дека е ... Истата сум и јас... Се плашам за бејби дали е се во ред, дали убаво ќе помине породувањето, дали ќе накачи некое килце плус ме удира психа и тоа како...
Јас се плашам од 8миот месец, со првото буквално неможев да мрднам како прасица се осеќав и ко за беља не ми се спушти стомакот до пораѓај па и цел 9ти истото чувство го имав
Здраво труднички Може некоја да ми објасни што всушност е скрининг? Оти мојов доктор ми нема такво нешто спомнато. Следно за околу 2 недели ми кажа дека ќе имам друга контрола за даунов синдром, која ќе ја прави друга докторка, специјалист што ќе доаѓа од Атина, а паралелно ќе правам крвна слика за истото па таа да спореди, таква била процедурата. Можда тоа ќе биде скрининг? Денеска бев на контрола, повторно му го слушнав срценцето, 170 откуцаи мислам дека поубав звук моментално за мене нема. Веќе цело оформено човеченце со ноџиња и рачиња што цело време ми мафтаа. Па си пуштив и солза..две од радостии. Докторот мисли дека ќе биде момак, иако рече дека сега сум во недела кога гениталиите се еднакви за двата пола и допрва ќе се доразвијат.... хоризонтално или вертикално. Свеки е најразочарана оти кај нивна фамилија момите се ретки дијаманти. А и брат ми исто. Од прв ден тврди дека е мома и секој ден ми праќаше список со женски имиња. Ма да, уште со сигурност не се знае. Иначе, минатата недела правев покрај брисеви, и сума испитувања на крвна слика и според она што тука го читам, освен за стрептокока што го спомнувате за доцна бременост, ми се чини се друго ми е проверено. И да ја гушнам @Ive13 држи се женска. Знам како ти е. Ти праќам добра мисла.
Да мила тоа ти е прв скрининг што го опиша, ма не е битен полот бебето е секако дијамант прекрасен битно е да е здраво и живо, ти посакувам лесна бременост да имаш
Ма мене не ми е битно. За мене секако ќе биде дијамант што и да е, како за секоја мајка своето чедо. Ама морам да прашам пак за сигурно, оти повеќе работи пишав, на што точно мислиш? Скрининг е ова што го имав денеска или она што ќе го имам на следната контрола? И каква е постапката за проверка на даунов? Се надевам не сум досадна со прашањава, ама сум многу љубопитна.
Веќе саат време имам болка во кичмата со ептен кратки паузи,издржлива но непријатна менструална болка.Се напив магнезиум ама не осеќам некоја разлика.Исто така трет ден како имам течна столица по еднаш во денот.Дали е нормално ова? 31+2 сум денес