јас со првото чудо бев. Иде ноќ легнувам и чекам прво заспива мешето после јас и така до сабајле прво станува тоа после јас. Ноќе ни да мрдне ни да претне и фала му лесно поминав. Кога се породив исто,заспива и гајле немаме до сабајле,само еднаш се будеше за млеко и толку. и мене ми се разработи апетитот. На секои 2 саати ми се јаде и не чуствувам дека сум се заситила.
Скрининг ќе ти биде следната контрола 12-13недела се прави,ќе гледаат дали има бебето носна коска и ќе мерат нухален набор,тоа е многу битно да има носна коска за да се исклучи постоење на даунов синдром а нухалниот набор да не е над 3мм. Потоа ќе ти земат крв и ќе ти земат податоци,килажа,пушач,дали имате во фамилија и сл. некакви заболувања. Тоа е тоа горе доле за прв скрининг. Не се устручавај да не беше форумов пола од нас појма ќе си немавме што правиме
ако се влезе во 41ва недела постои ризик за откажување на срцето на плодот. Имаше неколки такви случаи кога бев бремена со првото. Една веќе беше влезена во 41ва недела и доби со приоритет да се породи итно. А и сите кои беа 40ипо недели си добија термин со закажување. Сите тие поминаа со царски. Јас исто ден после термин се породив со царски. Ни болки ни контракции ни пукнат водењак ни оторена бев нити па бебето беше спуштено.
Фала ти многу, фала на двете Имам уште еден куп прашања, ама отом потом Сега да се молам ова да помине во ред.
Тоа што ќе го имаш на наредна контрола, проверка за даунов(се мери нухален набор-на задниот дел на вратот под главчето) и гго гледаат цело бебе како се развива, дали се присутни аномалии(за тоа е и приската, крв што спомна). Воглавно тоа е тоа. А втор скрининг мерат буквално се (затоа што е веќе се развиено)
@Yowannty да тоа е скрининг прв, убаво ти објасни ја погоре, јас си плачам на сите контроли од среќа, тек ко ќе се породам @marchi-cool се надевам дека ќе го задржи тој ред, ми се допаѓа
Ова медицински гледано не е точно. Никаков ризик нема ако е следена бременост. Бременоста како процес завршува со две плус и две минус од 40та недела. При нормална бременост. Патолошка и ризична си е сосем друго. Јас лично имам медицинска поддршка и не се плашам во цела бременост ниту вакви постови може да ме исплашат, но овде има девојчиња кои стресно ја доживуваат бременоста и не е добро да читаат вакви работи на 40та недела. Затоа и реплицирам да разјаснам за нив. Значи да повториме нема нус ефекти на плод без симптоми. Нема такво нешто наеднаш. Мора да има знаци кои укажуваат на нешто како и сите состојби на организмот. Никакво срце не прекинува во 41ва недела. Се мери плодова вода, доток и тонови на бебе (цтг). Плодовата вода не ја снемува наеднаш секој преглед имаш количество пред крај. Плус се создава и при породување. Доток се мери преку папочната врвца и прекини со пулсација. Тонови на бебе имаш на цтг. Цтг ќе ти јави прво дека има нешто за реагирање. Ако има. Ова е најпроста гинекологија до толку сите имаат научено. Секој гинеколог ова знае да го прочита и да одлучи дали ќе те породи или ќе те остави уште некој ден. Другите сигнали како болки, притисок, движење на бебе/не движење, протеини во урина, скриен шеќер, бактерии итн даваат друга состојба која лесно се утврдува што би се случило. Лекарски грешки постојат јасно али ние сме сите возрасни да знаеме што симптоми имаме и да алармираме. Нема потреба од паника до крај ако се одело добро. Опуштено
Жении мислам дека ќе пукнам..банани со чоколаден прелив,пуканки,цеден лимон,смоки..хахаПуна се осеќам,а само бутам..да се истркалам до кревет некако оти не ја бива..ќе имам будења пак од мачнини..Стално викам толку касно јадење не,и пак чат пат се заборавам... Се надоврзувам за осмиов..богами тежок месец
Имале други маки тие, плус рекла казала и се создава филм. Се можеш да слушнеш по болници, најчесто од мравка слон со полно невистини. Нели нашата болка е најголема заедно со нашиот проблем. Реалноста сосем друга.
Напи си се обично поубаво отколку ова фрај кое не е фрај и е полно хемии. Имаше дискусии на германските форуми за составот. Имаш со 2,5% алкохол, а и фазла да биде не му е ништо од едно. На здравје нека ти е.
Свашта може да се случи и порано,не дај боже Море добро е пивце одвреме навреме,штета шо не ме влече да се напијам...претерав со благо овие денови,и вечерва исто,а порано немав толку желба... ..вечер осеќам ќе има журка,почнува бебка да лудува
Ич не го сакам пивото и црвеното вино, иначе ич не ја мислев. За се останато не сакам ни да почнувам чим е само една чаша. Уште малце остана после јас сама ќе наздравам, заеби други да слават во мое име на 9 месеци тркалање! Без мене нема забава
Не и беше намерата да ги паничи. Затоа и се дообјаснивме. Да ја завршиме темава ич да не ја шириме без основа
Istoto i jas go velam. Abe mi se pie alkohol. Nesto zestoko, ubavo. Nekoi kokteli ubavi .... i sekako dobra muzika , samo za moja dusa