@Happyinlove @Ygritte @Adeline фала ви милички мои денес сум подобра се надевам за брзо ќе ме пуштат имав мало гадење сабајле ама сега е се под контрола.ве гушкам hug: Требаше да се запознаеме ама ете не знаевме која сме што сме ајде ќе имаме следен пат и тогаш ќе си се запознаеме.хахаха ѕверка е дојде на посета денес и ми вика ајде те носме дома доста си овде со фустанов за пижамата од болница хахахахха
Да, најверојатно немам видено се извинувам, честитки, мило ми е што поминало се како што треба Уште ги имаат тие розевите спавачи?
Офф се ме боли, ама пусти инат. Генералка правев, да не сум чистела јас ќе чистела свекрва ми. Абе како што ќе си изрибам јас на сите 4 никој не ми риба. Прво прашина па правосмукалка па џогер, па под кревети над кревети секаде. Купатило сум светнала, не полирапид, не средства за плочки, се сум употребила да ми сјае. Чистење како лисица со опашката може ама после генералка, сега, фала не треба. Па уште мм леле како си ми се наместила а јас во купатило на колена и му викам ела придружи се барем кичмата ќе ми ја измасираш додека си отпозади и замислете се навреди заради тоа барем Што не ме роди мајко маж, ама со големо М
И јас, добре дојде во клубот на саботно чистење во 33+5 недели се си светнав, па машини па алишта.... се налапав сега, умрев од киселини, ама ако ко сум лакома а мм и тој ко твојот си дава коментари неумесни, а не знае дека не се кажува се пред трудна жена, иштав (стрв) ќе и направи Закон женска срцка, убаво си кажа детето ајде ќе помине. А ми текна мора да имаш нивна пижама или може твоја, да знам дали да си купам за во болница??
Тие ми ја дадоја вчера зошто јас ништо не носев после дојдоја мојве и ми донесоја други пижами.мислам како што сакаш јас кога се породив си носев моја и после шок соба кога ме префрлија во обична соба си ја облеков мојата пижама.во секој случај чисти се то е најбитно
Јас се породив пред 10 дена. За мајка мрежасти улошки, гаќи може мрежасти или обични само полабави да не те стегаат, ама не смееш да ги носиш кога проаѓа визита, за бебе пелени и павловичева крема, и алишта во моментот кога искача од болница. Овие работи ти се неопходни, бараат да ги имаш. Ако сакаш може да си земеш спавача и папучи (даваат од таму, ама може да не ти се погоди). Јас спавачата ја закопчував со шнолата што ја имав бидејки немаше врвца да ја врзам напред, па на секое мрдање се беше на мегдан, а папучите беа собни, па не можев во тушот да влезам со нив, морав боса. Бидејки е зима, добредојдени се чорапи и тренерка за секој случај, иако генерално е топло. Ова се е за после пораѓај. За пред пораѓајот ако треба да полежиш на патолошка (јас бев со пукнат водењак), прво и основно е јадење и пиење. Даваат три оброка, но потребно е да каснеш нешто измеѓу, не знаеш кога ќе биде последното јадење пред јаките болки и дали ќе можеш да одиш до кујна да јадеш. Треба и влошки обични ако тече плодова вода или има крварење. И не знам од која причина, не дозволуваат да се внесуваат влажни марамици, чисто информативно.
Долу кај вагиналниот отвор од лева страна ми е потечено, имам и на препонот исто од таа страна и кога одам ме надболнува.. намачкав канестен малку како да се поднамали ..што може да е, баш сега пред крајот најде да се појави..некој др.со таков проблем?
Мешиња имам некои менструални болки. Ме боли најмногу кичмата долниот дел, но и стомакот над срамната коска, ме боли веќе 2.5 часа но не постојано. Значи осеќам болка осеќам како истата се зголемува и потоа се намалува скроз но не исчезнува. После некое време се јавува пак. Пробувам да бројам да не е случајно контракција и болката трае околу 20 секунди, до наредната послаба/појака има некои 2-5 минути, но по подолг период 20-30 минути пак се јавува една силна болка со некои помалку силни во период 2-5 минути. Се напив магнезиум не помогна ич, исто како и лежењето на лева страна. Таман заспав кај 1.30 кај 2 ме разбуди болката. Бебка ја осеќам се размрда во долниот дел од стомакот. Последниве два три дена имав зголемен вагинален секрет бело проѕирен сличен на оној при оргазам. Имам чувство дека ми се оди по голема нужда. Инаку сум 36+2. Ова се лажните контракции така, башка и се разработев денес?