Исто кај што ме остави Денес ми е термин ќе тркнам до болница да ме видат, контракции нула засега. Се надевам веќе си во болница пиши да не те мислам.
Мајкички добро утро абе ова мое бебе е активно од синоќа во 22:30-00:30 сабајлево се разбуди пред мене, удира, клоца се врти ме плаши шо е олку активно јадев се тазе приготвена храна.... Од денес 34 недела ај хелп, некоја женска со вака активна бебка.....
Дремев дома до 4.30 и кога станаа појаки болките и бебе не се смируваше саат време отидов во болница. Ми направија цтг, имам мали контракции, ме виде на ехо, цервис сакрализиран, 2 см и омекнат, ме провери со рака, 1 см отворена. Ме прашаа од кај сум, им кажав ск, ме боцнаа апаурин и ми кажаа да дојдам за 6 саати или порано ако ми пукне водењакот, ако прокрварам или ако не смират болките. И сега сум дома, си легнав, се надевам барем 1 саат да поспијам. А болки уште имам.
Обиди се да спиеш некако да се одмориш. По ова што ти го кажале рано му е да испадне веројатно ќе се смири матката сега од апауринот.
И мене денес ми е термин, ќе одам во болница на цтг и да проверат до каде сум... Не се спие во ваква состојба се влечам ко црв некој по кревет. Ајде што побрзо да си олесниш, се најдобро!
И кај мене едната страна ми е потечена,само што не ме боли туку ме чеша на моменти а околу местото ми е црвено.Не знам од што може да биде,се надевам ќе помине
Ни на лево ни на десно не бива. Ја притискам од сите страни, а одам во тоалет преку 20 пати преку ноќ. Не се издржува ова веќе. Со лесно нека биде и кај тебе па со убава вест да се вратиш.
Ајде и ти што побрзо да си се олесниш , ептен те измачи малечкава. Знаеш , јас тебе те чекам ти си 1 недела пред мене И моево уште абер нема , од утре 39- та
Добро утро и кај мене е активна од вчера премногу ама неверувам дека е нешто лошо сигурно си ужива се врти си игра 32гн е кај мене секогаш е будна пред мене ранобудно детенце е јас и се радувам кога мрда знам дека е тука мислам нема место за паника уште малку имаме
Подршко моја лавици мои како сте?јас сум денес подобра сега ја примам инфузијава и се надевам дека после посета од докторот ќе си одам дома и следно доаѓање во болницива ќе биде за мојот пороѓај во јуни АМИНННН.ви благодарам што сте покрај мене овие денови. @FreeMind i @Gili B. Со вас сме лавици ајде уште малку и ќе си ги гушкате вашите сонциња.вие сте храбри и силни и известувајте не за се.ве  силно
Јас се вратив од преглед верувате или не нула контракции. Го гледам цтг покажува нула се качува до 7, од 80 за отварање се Бебе наместено, плодова вода си има, плацента таман доток одличен си се врти си се смее као да не треба да искачам случајно? У вторник ново цтг и еден коктел хемија да убрзаме процес доста е кирија. Иначе не би ја чепнале ни во следни 7 дена оти се е во ред и се чека на неа. 3,8кг е
Крофна низаедна кога си ја гледаш убаво нема да сака да излезе,но вејќе време и е фебруар ве фати,џабе купуваше зимски алишта Се изнасмеавме со твојата инаеџика,нека биде само се во ред со тебе и со неа,па ќе се потсетуваме за бебе што нејќе да излезе да ја види Германија
Мојава е таква одамна,35+3 сум.. ми кажаа да не се секирам добро е кога мрда, бебе големо меше тесно, скроз ја разбирам Со лесно
Мрзлива една, и се седи кај мама убаво и е таму... Ај во вторник со нова надеж дека ќе ја гушнеш и мирисаш малата
Се најдобро да поминеш лесно без повраќање и сите тие симптоми што те малтретираат. Ти посакувам гооолем апетит следните денови.