Коктелот е како пре провокација али можно е за 24 часа да ја предизвика да излезе. Ти како помина? Прашај си за коктел или гел ако не ти е омекнато грлото. Кај мене омекнато е али нема контракции да ја исфрлат
Ти благодарам мила се надевам дека ќе почнам нормално да јадам зошто цревава веќе чочек ми играат ми се јаде а се плашам да јадам од ова повраќање веќе аман
Здраво девојки имам едно прашање се породив пред една година со царски рез гинекологот ми рече после година ипол слободно можи да останиш бремена за второ...Не е малку време? Што мислите вие колку време после царски рез е најдобро да се остани бремена?
мене ми рекоа да не е помалку од 2 години ни и да не е повеќе од 3. Јас после скоро 6 год останав бремена па никому ништо. А знам и жени кои после година дена се породиле па пак ништо и жени кои што демек не смеело повеќе од 2 пати да раѓаат со царски па родиле 3 пати некои дури 4 пати. Нема правило. Господова работа е тоа. Само здравје и ништо друго медицината нема тука врска.
Најдобро е после 2 год и за природно и за царски, иако имам познаници што со царски децата не им се ниту година и пол разлика, сепак според мене тоа е голем ризик и шок за телото.
Јас сум со царски првиот пороѓај и докторот ми рече најдобро е до три години сега сум бремена со второто а од првиот царски ќе бидат поминати три години и 8месеци
Каде сте денес девојки, одмарате неделно или се спрема бура @Happyinlove како го осеќаш бебето сега, повеќе? Често или се јавува неколку пати на ден?
Еве на ден пред 25та почнав да го чуствувам почесто кога лежам,ретко кога седам. Нежен е син на мајка. А јас како идиот јадам благо за само да го чуствувам не дека ми се јаде Денес се размрдав убаво со пеглање,спастирање по дома,ама на сабајле немам сила воопшто морам да препотам секој ден,па се стсбилизирам со лежење едно 20мин и продолжувам. Но гледам да не се форсирам. А бебево мое е нопак дефинитивно,повејќе е активно кога лежам на десна страна на мајка ќе биде цел
Здраво нова сум на форумов и сакам да прашам бремена сум 40 недела терминот ми беше на 26.01 но ме загрижува тоа што сум настинета пробував со чаеви и витамини но ништо не ми помогна ве молам за совет дали може да ставам капки за нос септанезал
И моево е нежно, и првото ми беше нежно во стомак и еве уште е можда и ова ќе ми биде умно шо знам Преска го осетив кон 3 саатот како се преврти буквално мн слатко и од тогаш го нема, заспано може е а јас сакам почесто да ме клоца Дури и се издигнува мешето често ми го поткрева тел
Meшиња (тие со искуство или пак тие што се веќе пред пораѓај) како чувствувавте кога почна бебчето да се спушта надоле? Искрено последниве два дена имам многу зголемен исцедок (без боја и мирис, нешто како кога ќе свршиш) и плус доле осеќам (не е болка повеќе како непријатно чувство,не знам како да објаснам) како да ми влага рака/нога ама од горе хахахах не можам да објаснам. Дали се ближи крајот или не мора ништо да значи ова?
Јас денес генералка по дома бришев прозори , перев завеса , чистев ,усисував и што ти не .Плус тоа со малово обврски да го најадеш пресоблечеш ,па и го шетав малку на снегот . сега уморна чекам да му се приспие па да си ја легнам уште у 21/22 часот
Ако ме прашуваш мене ја сум сега 37+2. Дали за брзо ќе ме фатат болки или ништо не мора да значи ова?
Бура во Охрид хахаххахаха отидов само јас бев во ходникот излегувам полн ходник бремени, бев да ја запознаам докторката која ќе ме пораѓа, бебка е супер, малку ќе сум на диета постелка одговара на 36 недела а бејби е 34 таман 2.400 тежи... Се исплашив малку зашто имам хипертензија а и шеќер покажува 7.9 кога бев прееска на ехо.... Ама бев јадена благо уште оваа недела на работа и после ми препорачуваат боледување и строго мирување лелеле ќе се шекнам..... Инаку бебка е супер активна и си напредува па според димензии треба да излезе една недела порано така ми кажаа...
Alal da ti e zence. Jas od krevet ne mozam da stanam. Kako pretepana se osekjam so denovi, sila nemam do wc da otidam
Бев на контрола бебе супер скоро 4 кг, контракции до 30, грло омекнато, треба 10 дена да почекаме па ке одиме со коктел.
Одлично! Тука е крајот негде се гледа и брои у денови Читав искуства за коктелот и се предомислив. Ќе разговарам во вторник за други опции што имаат. Ова коктелов му предизвикув стрес на бебето, а кај мене може да предизвика повраќање. Јас и блуење пред породување баш и не сме за заедно оти на некоја плочка ќе се залепам. Коктелов е рициново масло+алкохолен сект 200мл+сок од кајсија. Сам не смееш да си го правиш мора стручно лице да го дозира.
Добра вечер ноќна смена Многу ми тежи стомакот кога сакам да се свртам ме боли грб цела ноќ дежурна, а преку ден можам во зимски сон да паднам Никако да си угодам ни перници ни трудничка перница не помага, каква бременост ќе беше ова Инаку и јас сакам директно со провокација зашто со коктел се чекало неколку дена зависи кај кого како реагира може тој ден а може и неколку дена да трае и пак ништо па со таблети или инфузија, дупло мачење не ми треба