Веројатно и јас исто ќе правам. Иако ме советуваа дека треба да чекам додека се е во ред, болките сами ќе дојдат. Да бидам искрена почнав да не верувам дека и ќе дојдат болки, разочарувачки беа откуцувањата на цтг во дел матка. Навечер трета, преку ден зевам и така потпрена на било што по некоја минута преспивам. Наоѓам сили и да пешачам по саат време иако ми е толку тежок станат тој процес. Се ми е тешко.
Мислев една топла купка и една добра масажа на грб, препони, колкови и рамења ќе следи убав и длабок сон, ама ништо од тоа... Уморна до бескрај а сон нигде
Ќе те тешев дека ќе издржиме али уморов ме совлада и мене. А не чекаат уште години не спиење. Можеби ќе се навикне организмот и без сон Да пробам да затворам очи, пробај и ти
Почнаа несониците и за мене. Болки во кичма, бебка машала активна, стомакот тежи не можам од една на друга страна да се префрлам. Сега плус некој склет ме има фатено де ми е топло де ладно.иии да признаам почнува малку да ме фаќа паника
Зa стрaв и пaникa не збoри. Мислев декa кaкo дo сегa ќе издржев дo крaј. Вчерс бoлки имaв и пoврaќaв,се пoчѕвствувaв скрoс неспремнa. Нa секoјa пoсилнa бoлкa ме фaќa стрaв oд се иaкo кoгa немaм бoлки сум сo пaрoлaтa aбе aјде ќе биде,мoрa дa си мине тoa. Али штoм ќе дoјдaт бoлки,стрaв и пaникa ме фaќa. Бебе преку ден мнoooгу пoмaлку aктивнo,штoм дoјде 23чaсoт мислиш ќе излетa oд стoмaк.
Море ништо не помага верувај и кичма и препони и се ме боли . Преку ден не толку дека сум раздвижена, штом легнам готово.
Нормално е и зголемен исцедок и чувството како секој момент да ке ти испадне нешто од доле Големки се веќе , и моето е исто само притиска со главата , си мрда си игра
Јас вчера и денес имам благи менструални болки, ќе поминат и пак се појавуваат..да ги сметам за лажни контракции или што ли се ? Др.ништо не осеќам, инаку сум во 38 недела.
Добро утро мешиња имало нокна смена многу сте ми срцки ајде што поскоро сите да се олесните и да си ги гушкате бебушките денес да не израдувате понеделнички па потоа ке одбројуваме ситно и за нас другите, имајте убав ден ние се вракаме на спиење да искористиме уште малку додека можиме
Ако се засилат и се на ист временски интервал земи си ја и торбата за болница. Се дотогаш, чим поминуваат се лажни. Од 38ма лажните се почести.
Ќе ти пишев сода бикарбона али да бидам озбилна на темава да не лапне некоја стварно. Чај од камилица со мед и лимон. И топли супи цел ден и како нова ќе бидеш.