Добро утро и од мене језда и не е баш добро, едвај 3 саати дали сум поспала, не знам што ќе се прави вака више пола месец терам заспивам во 4, 7-8 преку сила будна а успат со пет станувања до вц Бебе нешто го осеќам шутира кај папок и под него, ваљда се потспуштил надоле
Движи се повеќе мила за да се спушти побргу. Заборави спиење на крај, да не се лажеме спиење и местење нема. Туку мене еден трофеј ми стасал од фемина неуморен ум: Би сакала да го вратам назад. Јас сум оддамна уморен ум.
Добро утро и од мене. Мислам дека сфатив како функционира овој 9ти месец. Значи од прв ден почнуваат лажните болки. Преку ден те кине кичма а навечер имаш менструални болки. Пиеш вода како камила, имаш зголемен исцедок бело накај прозирно, таман помислиш да одиш во болница симптомите се намалуваат. Бебе спуштено во мала карлица ти се оди во тоалет на 10 минути. Пробуваш да легнеш да се наспиеш и не можеш да најдеш позиција зошто те боли над срамната коска и секое помрднување офкаш, убаво ти е да лежиш на грб ама по првите 15 секунди ти текнува дека така на бебе лошо му правиш па пак се вртиш на страна. Нога повисоко не можеш да кренеш за да облечеш панталони, да заврзеш патики/чизми ама за чудо во кревет некако ти е најубаво кога имаш меѓу нозе две перници, или ако ти се префрлени преку мажот ПС си ја сонував госпоѓицата, преубава беше, со црна косичка, светли очиња и носе раширено како татко и
Им пружам рака на трудниците што се движат повеќе во овој последниов месец мака ми е до вц што одам, не се трпам
Уште малце ти остана тебе до гушкање со бебе Мимоза така? Што мислиш, убав впечаток ти остави, да ја бирам и јас
Женски ај малку помош...во прво тромесечие сум т.е трети месец до пред да останам трудна хормоните ми беа во нормала, освен пролактин за кој примам сеуште Бромергон по 1/4 и со него и тоа во нормала го доведов и ми беше се во ред до пред бременоста...сега испитав хормони и малку се загрижив, знам дека не возможно да се во нормала но сакам ваше искуство за следниве што мислите... ја прашав ендокринологот ми рече очекувано е за пролактинот но некако кај тебе мн брзо пораснал а уште си на почеток, требало покасно во бременоста да имам повисока вредност, и баш сега сум насекирана.. Пролактин - 100 а вредности (3-29 ) Тсх - 0,202 вредности ( 0,27-4.20) Атп -о -109 вредности ( < 34 ) Витамин д- 29,23 вредности ( 25-110) Ве молам за ваши искуства.
Ако не се некој од докторите од Скопје и јас Мимоза ја бирам.Боро нема шанси вчера ми вика ам втора бременост ти е знајш како е повраќање јас му викам абе да ама со првата не завршував на болница секој месец инфузии да примам и дехидрирана скроз ајде ми викат само се жалите.одвратен и препотентен ми стана и така не ми се допаѓаше сега пак воопшто
Ista sum i jas. Veke nisto ne mozam da pravam. Se me boli, ne mozam do wc da odam, nepokretna sum mnogu, se me boli i premnogu kiselini imam. Lele samo kukam, samo se zalam, ama mnogu mi e veke tesko i naporno. Znam deka vie me razbirate. Se izvinuvam na negativniov post.
Се се ама маж гинеколог кога ќе слушнам да дели памет од типот многу се жалите,нежни сте вие,као први да сте трудни ми идаат мачнини мене. Као осетил он на своја кожа како е па не е страшно. Според мене немаат право да кометираат за ништо што никогаш неможат да го почуствуваат,они умираат од 37.2 темератуа ќе кажуваат морате јаки да сте. Колку што можеме ние да сме јаки они можат да сонуваат. Чест на исклучоците
Ццц па што ако ти е втора бременост. Зарем треба дома да седиш и да си трпиш мачнини и повраќање без да отидеш на лекар . Ако е вака за втора бременост , за трета кој знае што би рекол . Знаеш како е , можеш и дома слободно да се породиш
Мразам да се расправам инаку истото ќе му го речев баш кога замина со жените што лежеа со мене во соба исто искомнетирав да Бог да беше на мое место да видиш ти како е многу ме изнервира и ми вика оди дома ништо немаш.си викам знам јас што имам а што немам да не повраќав и дехидрирав сигурно дека немаше да дојдам во болница аман
Простак,платата му е за такви многу што ја земаат,со докторе што му се обрајќаат па уште и мито ќе бара. Засрамота
Нема негативно, тоа ни е реалноста која недела си ти? Јас по мерки од бебе 37+4 а по менструација 38+4.. нестрплива сум да го гушнам веќе
Да, прво и цел инат го собрала во себе Јас и со болки на срамна коска, препони и кичма се движам. Од 39та е многу тешко, ама многу тешко и за спиење и за движење. 40+1 денес според лекар, според мои пресметки сум 40+5. Се надевам со движењето дека ќе ја убедам да ги уклучи хормоните за испаѓање.
Гледај од позитивната страна, од 39та ќе знаеш што е лажна, а што вистинска. Јас досега се немам истрчано, испитот ми е положен. За воља на вистината и сум немала јаки болки.
Многу се нервирам, наместо да си уживам во овие последни денови, ми доаѓа да заколам некој Од почеток знаеме дека 100% е женско, а моите близнаци( свекор и свекрва) ќе биде машко мора да е машко... Тие знаат повеќе од докторот ме гледаале на ултразвук дека носам машко! Мора ко некој бибер да се мешаат насекаде па дури свекрва ми вика што повеќе да спиеш со син ми да се отвориш побрзо... што си замислува бе таа?! Нема каде човек да си олесни душа