Здраво и од мене, денес бев на цтг, ме ставија во категоријата на критична бременост, на диета сум, протеински супи, печурки, благо не смеам, мрсно не смеам, бели пецива не смеам. Утре сум на брис (вонреден), немам доволно плодова вода, половина и повеќе истекла, кога лежев тие два дена во болница. Во среда сум на цтг, во четврток пак, гледаат со лекарства да го одолговлечат процесот за породување барем уште за две недели, да влезам во 9ти. Зрела постелка но малку плодова вода. Бебето е свртено карлично, јас сум алергична на анестезија, за природно породување им е ризик, за царски уште поголем. Докторите се надеваат само на чудо а и мене истото ми го рекоа, Cloud само чудо би ве спасило и двајцата. Ве молам молете се за мене! Очајна сум, се надевам се ќе биде во ред со малечкото, дека барем ќе расте со двајца родители. СО ОВА НЕ САКАМ ДА ГИ ПОТРЕСУВАМ ДРУГИТЕ СЕ Е ИНДИВИДУАЛНО, и оваа моја изјава нека не влијае на ниедна од вас. Едноставно сакав да си олеснам на душата. Маж ми се нервира, не може да ме гледа вака напрегната и растргната те во оваа болница те во онаа. Господ нека ми е на помош, белким ќе се смилува. На сите со лесно милички!
Нека ми ти е со лесно, бааѓи си извидела. Сега уште малце па ќе има кој да ти ги полни очите, ќе си бидеш среќна мамичка. Нека ти е со лесно пораѓајот, се најубаво!
....се надевам се ќе биде добро,и ќе си го земеш бебушот во прегратка,дај боже да сте живи и здрави,се да мине лесно ...
Голем е Господ, имај верба! Се ќе биде во ред, апсолутно се! Само треба да дојде саатот и ќе се реши. Биди храбра, и Господ нека е со тебе и твоето најмило!
Мила што убаво е чувството кажи? И мене докторката ми рече да продолжам да ја пијам фолната до 12 недела така ми рече, а потоа ќе ми даде некои други. Наредна контрола ми рече негде околу 10 до 17 декември да закажам термин ќе ми зема брисеви и за даунов синдром ќе ми прават контрола. Дај Боже се да биде во ред, тогаш ми рече дека и бебушко убаво ќе биде оформен. Мила со среќа уште еднаш и гали си го мешко и уживајте со бебушко.
ќе се молам на Бога за тебе и твоето бебенце.. само немој да се нервираш и имај позитивни мисли.. имаш уште две недели бебето ќе се сврте се ќе биде во ред.. со БОга напред и со силна верба.. ќе си го видеш малечкото твое... верувам дека се ќе биде во најдобар ред... известувај не како ти е ситуацијата.. ти посакувам се најдобро и само со убави вести да ни се јавуваш...
Господ нека е со тебе, сите ние ке се молиме за тебе, ти одмарај и само позитивни мисли наскоро ке се гушкаш со бебушка
како што е господ никој не е!. смирено,позитивно и наскоро со мм ке си го гушкате бебуш верувај така ке биде. се ке биде во ред не се грижи,сите сме со тебе ке видиш дека наскоро ке си биде се во ред
Срцка секој што почуствувал знае какво е чуството, неописливо и прекрасно Иначе јас сум наредна контрола за две недели, треба да испитам крв, мокрача и шеќер па да види што како е, зосто јас денес му однесов резултати од крвта и железото ама тие се од пред пола месец некаде кога го правев тестот за бременост преку крв И јас нон стоп само си викам и се молам да биде се во ред, ништо друго не е важно Поздрав драга и вие исто галете се и уживкај те со бебушко
Ако ти е некоја утеха баш вчера читав дека бебиња родени после 34 нед. ако немаат некои конкретни здравствени проблеми, се раѓаат здрави и живи, само може во болница да седите подолго. А за карлично што е свртено прочитав дека се препорачува во близина на отворот на матката музика да пуштатш или светло па бебето се движело кон тоа. Се ќе биде во ред. Ќе видиш. Не се сеќирај. Ќе се молам за тебе, Бог ќе ве чува и тебе и бебчето. Се ќе помине како што треба. Заборавив да прашам, викате болки за пораѓање се како менструални болки така? Јас последнава недела-две осеќам такви болки, баш како пред да добијам, во јанјницте и кај половината доле. Се случи мислам 2-3 пати во неделата и треаеше кратко. Па не знам што да мислам. Дај вие мамички што сте при крај кажете, вие чувствувате такви болки?
Фала ви на сите за убавите зборови и подршката, ќе ве известувам за секоја промена. Фала на утехата! Ви посакувам се најдобро и на вас! Captivating, ја честопати имав така болки во кичмата, и слично како менструални во долниот дел на стомакот, оди на лекар да те следат, на цтг за контракции на матката ако имаш. Поздрав, И ја така имав болки, исто, ме испратија на цтг, за контракции на матката, една со мене шо лежеше имаше засилени контракции а само болки онака како менструални ништо силно, и утредента се породи. Нека те следат со цтг. Поздрав,
И јас сега ќе те тешам, може да биде се ок со бебето после 34 недела, се надевам дека примаш инекции за зреење на плуќата на бебето, а имав јас пријателка на која и беше пукнат високо водењакот баш во 33 недела и здржа уште две недели, но со лежење за да не тече дополнително плодовата вода и ја тераа да пие повеќе вода околу 2 литри. Се надевам дека нешто би ти помогнала со мојов пример. А бебето и да остане карлично мислам дека на сам пораѓај докторите ти го вртат со сила, а и ништо страшно да се роди карлично ако се отвориш доволно. Се надевам дека ќе помнеш добро, само храбро и верба во Бога
Браво Елена од старт си мајка херој, остани така позитивна и ти посакувам најлесен пораѓај и мнооогу гушки со твојата буцка за неколку недели.
јас пак не знам какви се менструалните болки ... воопшто ги немав денес бев на предпородилна подготовка ... кажаа дека првите болки биле слични само појаки и почнувале од половината па се движеле напред,станувале се почести,поболни и подолги . така да сестрата кажа да не се плашиме сигурно ќе ги препознаеме бидејќи таква болка не се промашува нека ни е среќно
Cloud само храбро без нервози и повеќе одмор,никое бебче не се предава лесно а богами и никоја мамичка Инаку вчера имав болки периодичи во долниот дел на стомакот,и осеќав како нешто да гура надолу,и почнува страв да ме фаќа, се надевам дека се на време ке препознаам и дека нема да задоцнам за во болница. Не знам како да опишам,ама како што имав чувство дека е машко уште на почетокот,и сега имам чувство дека нема уште долго да седи бебуш внатре Само се надевам дека плодовата вода ке истекува забележително а не малце по малце за да имам време за се
Искрено да кажам се ставам на ваше место и не е баш лесно мене со првото детенце плодовата вода ми истече наеднаш и знаев дека тоа е тоа, но може да те фатат породилни болки без да ти пукне водењакот и сигурна сум дека ќе ги препознаеш, многу боли кичма и болките се далеку големи од менструалните. Но, мислам дека ако си влезена во 9 месец, треба на гинеколог да отидеш за да видиш од прилика до каде си со оворањето. Поздрав и со лесно
Бев на гинеколог ама ми закажа за на 20-21 , а ми вика ако ти пукне водењак до тогаш си одиш дирекно на пораѓај.Ова ми го кажа без никаков преглед долу па си чекам сеа јас ама фала на совет и одговор
Идиот... Јас тој твој гинеколог го псујам од поодамна, ама сега стварно би му отчитала една... Прво што ми направи докторката на преглед во 35 недела беше вагинален преглед, па ехо. Исто и докторот што ќе ме пораѓа, прво ај на бокс, па после ехо и цтг! Побарај си, затоа што очигледно стварно не му е гајле. Коњ коњосан, такви ко него прст и плева ги има, неписмени.
Тананам. Денес официјално влегувам во 8-ми месец. Од една страна неможам да дочекам да се роди бејби, а од друга страна ми е премногу страв од пораѓајот. Кој знае што ќе испадне на крајот.