Со вас ли живеат овде? Оти не си ги избркала до сега? Ако ти цивкаат од мкд само изгаси средства за комуникација. Јас во принцип сум поприлична остра и да не се подречам никој не ми досаѓа. Дури и термин кога ми помина на луѓето им беше страв да ме прашаат дали сум добра. Се разбира неколку дена претходно им го ставив ова за да не им текне да досаѓаат:
Абе ко ја да го пишав ова.До сега 2 пати ми рекоа женско,и мојава бекни се запна што ти кажа докторката друго.Викам ништо,ќерка на мајка машала расте .И ми вика ќе видиме може и машко е ????? WTF кој ти е проблемот жено значи. Вчера пак едно креветче ми фарбаат и викам да биде бело па ја ќе земам некој розев украс,и ми вика паметнава "Може и плаво " Аууу спиздев,кој не му каже на Митко сега да ми кимне со глава дека е женско а пред мм да каже машко има сите до еден да ги возам додека не се пиродам.Јас Среќиче да не се викам.Многу сум им љута. Не е битно што е ама тебе некоја Трајка ,Петка и се сонило мушко и сеа гачки кажуваат. А у почеток дур не знаевме нон стоп викаше,дај Боже женско да е да го китиме,фризури да му праиме и глеј сеа што праи
Тука живеат ама разделени сме ние во сопствен стан, ама секогаш контрола ги имам само кога ќе ја видам пред врата! На мм му кажав но тој не ме подржува ако вика нека доаѓа многу им е послушен а мене никој не ме разбира!!! Секоја свекрва си е некој бибер
Друг пат да си ги прашаме што сакаат да им родиме па да бидат задоволни да се смеат додека не им падне вилицата А и плус некоја музичка желба ако имаат. Не им е срам ако тие страдале од нивните свекрви ние не сме им згрешиле ништо но секако не можеш да сакаш туѓа ќерка како своја.
Ааа и мене свекрва денес ме изнервира. Едвај стигнав до 12недели само се пазам,чувам и молам да е се во ред. Мм го сретнала некоја нејзина пријателка во продавница и му рекла ајде честито овој незнаел што да каже. Па не е нормална! И така нервозна и се јавив викам знаеш каква беше ситуацијата,се мкнеме по болници 3 месеци како кажуваш. И ми вика а па она ми кажа за син и ,мораше и јас. Само и реков во ред и пријатно. Значи да немав проблеми и потреба од помош (иако од неа никаква не видов) немаше да и кажам додека стомак не почне да ми се познава. Безобразна. Си викам само дај боже се да е како што треба,па нема да кријам и нема потреба понатака... ама не ја можам веќе.
Ништо не научиле иако овде живеат. Најлоши се тие. Ем шуто, ем боде. Ама и тој до тебе не си го превоспитала на време. Не можам да ве сфатам како може да дозволите некој да ви се меша или коментира или тие коментари тој до вас да ви ги пренесува. Односот мора да е чист и на дистанца, никакво навлегување во приватен простор. Се знаат линиите на прашања и понашања. Ти мораш да се опуштиш како знаеш и умееш. Затвори се во соба речи глава дека те боли. Не мораш да збориш со нив. Иди си во соба причина илјада и една имаш.
Овие нашиве се посебна сорта.Тие и да сакаат женско ако синчето им сака машко пуста мајка на негова страна ќе биде.Нејзе и е ради синот а незнае дека он и име и смисли. Ма што ги вртам само ме вади од такт само да не рече внука на баба
Нареден пат речии нека ти направи маж ти тебе машко ако сакаш, мене син ти женско ми направи да ми е здраво и живо. Да видиш како муцка ќе затне.
Информирај ја медицински дека полот го одредува машкиот носител. Ти немаш никаква врска со тоа каков ќе биде полот. Он е х, у а ти си х, х. Ако не те разбере НАЦРТАЈ И
Верувај тие луѓе не виделе мака со бебе/дете, не се свесни дека здравјето е најбитно. Што ако ти се погоди полот по желба а нешто друго не дај боже не е како што треба, едноставно не разбираат дека не е битен полот, битно е здравјето, а најлошо е тоа што забораваат како е да родиш дете, да го гледаш, бидејќи нивното поминало(влијае многу и љубомора) , и најглавно од се не го сваќаат денешното доста променето време.
Да не се навредите не ми е тоа намерата ама си имате работа со некои при прости луѓе кои верглаат муабети од 1975. Синот треба да ги познава и да ве заштити од тој тип на муабети или ако нема разбирачка едноставно да ја прекинете комуникацијата од тој тип. Ако не го направите тоа навлегувате длабоко помеѓу тие муабети, замерки, кусури и ќе се изгубите во нервози и патетики. А нема потреба. Само директно меѓу очи пред синот: ве молам овие глупи муабети пред мене и со мене не. Имате комшии, роднини на ист левел и објаснувајте си се. Јас ќе комуницирам само и само до оваа граница, за се понатаму не би сакала да добијам прашање. Дали сум јасна? Баш ми е мило дека почнавме да се разбираме, за да не се лутиме. Зависи од капацитетот ќе се лутат некое време или воопшто нема да се лутат. Сега на некој му личи муабетов научна фантастика али друга опција немате. Ако влезете да се објаснувате одите на нивен левел и ќе ве прегазат
Труднички дали правевте Торч тест? Сестрата на матичниот ми вика ти веке си бремена кој ти рекол да правиш, тоа се прави ако си имала некој вирус или спонтани абортуси...па ме интересира дали е навистина така дека не треба или ? И ако треба која недела го правевте и каде ?
Женски не се нервирајте од време е останато сите машко сакаат, јас се изненаадив кога мојот бивши млад човек па викаше ааа јас машки деца ќе имам најголеми е*ачишта ќе бидаат во град. И ете го прво па женско, Господ гледа. Не дека е казна женско, да не ме разберете погрешно ама овој така се понашаше и размислуваше, а и беше фаца во град која сакаше можеше да ја има и си играше со девојчињата на велико. На крај верувајте и да е женско нема да сакат да го сменат ни за 5машки одма ги засакуваат и повеќе пол не е битен. Освен некои свекрвишта со закоравени мислења од 15ти век што ќе напињаат за второ машко