Девојки 21 недела сум. Бебчето го осеќам веќе убаво, ама денес е посебно активно. Сабајле од 9:30 до 10:30 ептен беше активно и еве сега пак тоа време. Значи ептен 20 пати клоца. И се на пр на 3 минути. Нормално ли е? Ми падна чудно, на интернет пишува дека е икање тоа ама некако многу е рано.. или јас се замислувам. Се ми е ново и се паничам. На скрининг сум за 2 дена па реков да прашам до тогаш.
Хахахахаха вечерва си го кажав ова ваква цела насмеана хахахахахаха, макар што до сега никој не ми рекол вака-така, ме научија директна дека сум и не се коментира многу многу, јас велам тој што преферира машки деца, Господ да му ги даде сите женски јас кажав дека е женско а и не ми беше важно што ќе е, само да ми се роди живо, здраво и право
Јас водам борба со прелада.. ми дадоа цефалексин,инхалации..а дома чај од прегорен шеќер или чај од босилек топло препорачувам. Е да и + прополис (про анги) шприцање и ке помине. Иначе ве читам за пол. Мојата свекрва па женско дете многу сакала да има а родила 2 машки хахах викаше само да е живо и здраво и кога дозна дека е женска се утепа плакајќи од радост дека женско било исто како керка да добила вика А за овие што потенцираат за машко па омаложување,разочарување кога ке дознаат дека е женско им посакувам само женски деца. И кога ке ми кажат ај па друг пат машко им одговарам не јас само женски ке раѓам еве кога ке добие друга снашка нека ви раѓа машки мене заобиколете ме
Кога дознавме дека носам 2 женски, свекрвата на само ми рече:"Женски деца повеќе се грижат за родителите на старост, не дека се жалам од моите 2 сина амаааа така е"... душа е! п.с маж ми му е криво шо барем едното не било машко, не ќе знаел со женски како да се снајде, кај да ги шета, шо да праат Епа тоа е..ќе смисли..
Кај мене свеки има 2 сина, а оделе на трето оти сакала и девојче ама не се фатило, а и од првиот син има 2 внука, па си сака девојче да е моето, ама не и земам за зло. Сакала многу ќерка, а јатрва живее на другиот крај на земјава, па не можам да се пожалам, мене ме размазуе. Добро утро труднички Од вчера прекинав со утрогестан по препорака од докторот и сеа малку ми фуфка дал ќе ми протече пак кафено Од друга страна почнав со антибиотик за уреаплазма и јас и маж, ете и тоа сега ми најдоа, раат да не сум. Ама ај си велам морам да останам позитивна. Овие 2 дена и носов ме угуши. Ем затнат ем тече.. ова соленава вода не знам дали некогаш некому помогнала, мене не. Од утре полни 12 недели. Дали тоа значи дека влагам во 3 месец или со полни 13 е третиот?
@Emma2 и мојата истото го кажа, ми рече дека најбитно е да се роди здраво и живо, ама дека поубаво е да имаш ќерка.... За шетање сопругот нека не се грижи мојов уште од сега ќе ја правел пуфка и ќе и купувал розеви работи (а јас не обожавам розева боја) уште вчера тој почна да одбира јас мислам дека татковците повеќе се снаоѓаат со девојчиња, повеќе ги разгалуваат... @Yowannty имаш полни 3 месеци (12 недели) и почнува 4ти (12+1ден=13 недела) така ми објасни гинекологот со лесно нека ти е....
Иииии па да, леле колку сум изгубена Полни 3 месеци во право си. Ух Ла Ла Леле леле 4ти ќе ситнам радостии
Добро утро и од мене, Најтешката нок во цела бременост ми беше синоќа؛ Се турив од повраќање киселини како да сум во првите 3 меееци؛ Згора на сето тоа трески ме тресат студи у пм؛ 4 дена в уста ништо не сум ставила, ми горчи во устата؛ И згора на сетоа тоа грло боли и непцето од лева страна најназд потечено многу и боли؛ Се надевам дека бебчо ке е ок ? Не ми се оди по лекари веке؛ Денес 35+6
@Ygritte @Emma2 јас мислам дека мажите се повеќе поврзани до девојчињата мм да го гледате од страна е прав лигуш кога е во прашање малата,буквално се и дозволува да му прави. Инаку,денес 31+6 веќе 8ми месец ми е почнат и официјално наредната недела сум конечно кај доктор,доста ми е од бабици па ми текна на една идеа ама не ми се верува дека ќе можи да ја направиме за време на царскиот.Претпоставувам ќе мора после породување по некој месец Кај мене ништо ново,само меше расти досега само 3,5 кг имам ставено а премногу ми сметаат иако не сум воопшто дебела. Можеби од жешкото,но одвај чекам март да дојди и да се оттарасам од стомаков,не го можам веќе.Одвај чекам и дома да се вратам,не ми се доседува овде повеќе,сакам кај мајка ми да си појдам на 2-3 недели. Звучам ко мало дете,од хормоните ми е
Леле и јас од синоќа сум таква. Некој стомачен вирус ли ме има фатено незнам. Ептен ми беше мачно , ми се повраќа а неможам да повраќам. А каснам нешто одма во вц ме тера . 39- та сум јас од вчера
Даа лелеле се изненадив, јас си реков ќе очекува машко и ќе биде разочаран дека е женско, ама обратно. Го прашав неколку пати дали е разочаран дека ќе е женско, ми се налути, тоа било глупост што вистина и е ама пусти хормони јас ја исплакав мајка ми, супер си е жената, а јас упорно плачам за неа, ми е жал ..... Хормони
Мојов редовно е нашминкан од малава,некни си купив 2 кармини,едниот го дофатила и ме вика да го видам татко е. Па и прецизно му ги исцртала усните,како женска беше мм како што има уста ко од црнец тој па дреми оваа дури го дотерува,му вика тато принцез. Леле има смеа со маживе и ќерките
Добар ви ден девојки, еве и јас да се пожалам никако ноќе не можам да заспивам, тоа е друго ама многу се плашам бебето 1 ден не ге чуствувам убаво многу малку клоца дали да одам на ехо денеска сум 27 недела значи влегувам во 7 месец, не реагира ни на благо ни на вода мислев веке треба многу да мрда ама не, не дека не го чуствувам ич, 2 или 3 пати на ден го чуствувам ама многу нежно, и друго почнав да повраќам дали ова значи е дека пак ќе ми почнат мачините за 24 часа повратив 2 пати. Поздрав
Не плаши се, има такви периоди кај што е помрзливо, интензивно расте и спие, се си е во ред а во 7ми и мене ми се јави ја мачнини, мислев дека ќе се вратат, ама среќа ме држеше два дена и ми помина со диета со полесна храна... @m.i.g и јас тоа го очекувам
Се враќам од преглед со исти вести како претходниот пат. Добив хомеопатски апчиња за поттикнување провокации и тампон со уље демек за убрзување на отварање. Во четврток наутро се договорив за провокации. Доста е
Одамна немав сонувано ништо, ова вечер едни лоши сонови за бебе од памет се извадив неможев да спијам ич,се будам и чекам да клоцне па ке дремнам и така у наврати Од кај такви мисли не знам а бебка моја упорно не дава да мислам на лошо се тегне па ме растура Ајде кој е за кафенце нешто овие денови ми се пие турско со млеко а ич не го сакав цела бременост Вчера бев купив на бебе од мерак алиштенца и оставив кај мајка никој да не знае инаку ке добијам караници не требало ништо да се купува дур не се роди они ке купиле се што сакам,ама еден мерак пуст А ве читам сега татко-керка однос, мм сака машко ама сака да има и женско не е од оние само машки да се, сака мешани деца и повеќе од 2 вика редослед не е битен ама нека се мешаат хаха. Пред некој ден во сред ноќ седна и се замисли колку ке му е тешко да прифати дека еден ден ќерка ке фати дечко, ке седи сама у соба со дечко вика леле неможам да се помирам како порано не сум размислувал за тоа, свесен сум како и секое девојче и она ке има ама душа ке ме боли. Уште сега знам дека многу ке е грижлив за неа и дека ке му се качува на глава
Јас сум за кафе ставај го ајде А за алиштенцата џабе ги криеш секако се купени, ти стално ќе му го правиш кејфот за твое бебе само да нема караници? Јас ќе те искарам сега дека грешка си направила голема, носи дома радувајсе Ако ти преречат стрелај таму се, друг ќе ми кажува за мое бебе, море све у к. терам