Идни мамички ајде и тука да си прашам кој гинеколог ви ја води бременоста и дали сте задоволни? Исто така кои испитувања ги направивте пред да забремените?
Ти благодарам Ајде мајка со лесно можеби ќе се породиш природно до тогаш @Eni.r и јас сонував многу кошмари за бејби мм ме будеше неколку пати, ќе умрев в сон.... Алишта реков дека ќе купувам дури не сум породена, јас да си ги видам и одберам, но не брзав, сега во 8ми почнавме со купување, а и доста добив веќе користени, втора рака, не ми пречи што ми дале... Најмали бодиња, бенкици што најмногу се користат две недели, а се побезбедни за бејби, повеќе пати перени а за однос ќерка - татко мислам дека уште сега е разгалено од него а и ќе има многу непреспиени ноќи кога ќе шета
Ги кријам од свеки на глава ке ми се качи..ја да сум и кажала и она се ке купи, има малку затупавено размислување си имале лошо искуство во фамилијата и сега и на ладно дува, ке ја гризе совест, за разлика од нас во наша фамилија такви раб нема се знае бебе штом иде се спрема а не се у последен ден.. со мајка ми се спогодив што и е мерак да купува јас само бев да си бирам дали ми се свиѓа ние кеиф си напраивме од кај ке знае она, мама ке ми донесе кога ке дојдам од болница спремно све Ова е сега после кога се роди више може да ми каже ако побарам совет помош и сл. мешање никако. И ова и е превише. А и за второ дете исто така ништо не ме занима од овие бабини деветки
Многу лошо општество сме, затупено стварно, знам многу фактори влијаат, ама свекрвите прават проблем само ако синот дозволи и ја поддржи, а да се расправаш со двајца поврзани нема да победиш, затоа сама начукај и го без расправии па нека се нервира ако не бива поинаку Сепак не би направила така, зошто да и докажам дека ја слушам, нема бе, лоша сум
Ха абе мојава ми вели цуцла лажливка никако купување, и шпикозни и боди никако И маж ми и вели е сега за инат само цуцли и шпикозни ке му купам а ти затни си ја устата.. Незнам само тоа се чудам со кој памет таа наредува..
Женски ајде да ве прашам за совет можеби ке ми одговори некој. Иако ми е второ детенце ,со првото не бев баш ваква. Веќе 2 дена како ептен ме болат препоните и буквално како бокс да ми има удрено долу некој баш се погледнав едвај некако на огледало и гледам дека и сум отечена малку . И предходно ме болеше но не до толку , само додека да се раздвижам. Сега едвај одам
Не ми се верува дека во 21 век уште сакаат да попуваат . За среќа јас го немам тој проблем, и да си каже нејзино мислење јас си терам по мое. Сопругот за се ме поддржува и не смеат ништо да кажат. Особено сега кога е во прашање бебето. Јас си одлучувам што ќе му купам и кога, а свекрва ми и мајка ми може што сакаат да купуваат плус, сепак знам и нив им е мерак. Нема поголем мерак од купувањето за првото бебе, јас уживам . Колку само се разнежнив кога бевме со сопругот да купиме нешто и јас се двоумев дали да го земам комплетчето а тој ми рече земи го тоа од тато ќе и биде
Исто потполно, иста ситуација, незнам зошто така, со првото покасно отеков, вечер ќе го прашам док, 24 недела сум, ти?
Најпаметни да И гинеколог и педијатар се замислува дека е нашава Крајно без осет е женава, се дури не почнам и јас да се расправам па да и го активирам осетот
Добро е што само во тоа мојава не се има замешано и за првото сама што сакав си купив со време пред пороѓај и за ова сега здравје кога ќе дојде време пак ќе си купам.еднаш спомна таа не се купувало ова она ама и кажав јасно дека јас ќе купам се што сакам и тоа пред да се породам и после тоа ништо нема речено
Леле мене ми иде да ја задавам свекрва ми, купив неколку алишта не се купува рано е е како рано викам кога уште малку има ако вика коа ќе се роди ќе купам јас знам се ми вика ќе ти помагам да го бањаш 40 дена,а после тоа сама, мене ми е тоа предност ради папукот додека не му падне тоа Инаку бевме во Скопје маж ми одма ајде во Велес да одиме сака бебето тука да се родело до 40 дена да сме седеле па да сме си оделе едвај чекам да ви кажам неможам да ги поднесам Јас сум 34 недела веќе Посебно кога се карам со нејзе и он е на нејзина страна сега за името се фати како ќе кажел кумот така да се викало викам не маж ми може да појде да го праша ама јас ќе кажам како ќе се вика затоа што детето јас цел живот така ќе го викам, а не некој што ќе го види 2 пати во година сега ме тера утре да сум одела кај сестра и на слава, а јас неможам да седам се укочувам вчера му реков на маж ми ако сакаш оди ти јас не идам и она ми вика па има таму кревет ќе легнеш,а сестра и живее на брда и планини и сакам да се иселиме неможам да живеам со нејзе
Зошто на моменти осеќам како тежина во долниот дел од стомакот? доле како да ме боли кога одам вчера бебето многу мрдаше
Живеевме сами и во ништо не ми се има мешано и да сака да се умеша по наше си теравме, е сега веќе пола год сме на ист спрат и мм е тука само за викенд. Ја и она сами ,за викенд сите труп заедно..и не можам ја сама да издржувам маж свекрва девер девојка му (оти поише живи со нас него со нејзините) и мене и бебе да чекам со пари од патолошка.. и тоа сега +нешто помешала фирмата и исплата немам. За разлика од неа, остварена жена со фирма. И привремено додека не се вратат да останеме сами ке истрпам малку. Таа средува креветче, комода..до душа ме праша како го замислувам.. ме влечкаше по болници клиники по систина, ептен е посветена да не сум сама ( дека мм не е тука) ама некогаш и претерува па знам да се побунам.. а ако и се свртам сама да си купувам пред да се породам ке ја навредам дека трчка цели 9 месеци за се .. а и нема да имам пари за се, мајка ми ке ми помогне сигурно ама па тогаш ке излезе мајка ми може а мајка му неи мм така размислува кога се работи за купување да не купувам се и сешто он ке земе се со неа а вака за мерак до сега еднаш имаме појдено да купиме нешто за бебе ама не најдов ништо во ваикики и си дојдовме ама не ми кажа не купувај ништо да ми се буни..си гледаше со мене ама се беше мн големо па ништо не купивме, ајде до лето ке се олабавиме се надевам така да за прво вака нека е после се како ние сакаме така ке бидне, нема да и дозволам толку да се опушти сепак и ние ке сме родители треба да застанеме на свои нозе
Оти турка надолу се мести, моево со главче надоле и кога ке му текне да се тегне долр ми се чини ке излезе некое раче хахаха. Инаку те читнав за име и свеки не било убаво Евгенија, кратко било поубаво Ева да било, па на кум да бе се преправало викам па мојов сакал Касандра да се викам да не викнала мајка ми и ден денес од соба да не излезам хахахах. Среќа со кум си кажавме од почеток како сакаме за машко и за женско и на неги му се свиѓа а и мм си стои на тие две имиња, а ако имаме уште една женска или две машки за тоа 3то дете кум нека одлучи ама со наша согласност да не бидне Лимонка само хахаха