@Adeline По логика треба да е постелка. Таа е на преден или заден ѕид. Скриен шеќер се прави сабајле. Стануваш и гладна одиш. Тоа е важно.
На втора страна е немаме коментирано повеќе дена А посебно е тоа испитување за скриен шеќер немам правено досега ни со првата бременост поставив прашање во друга тема не ми одговорија
Јас вчера правев за скриен шеќер и д-димери. Преку крв е значи, ти земаат крв од вената па од прстот. Ти даваат да пиеш шербет и треба да чекаш 2часа, па пак од прстот те буцкаат. И резултатите ти ги даваат и толку.
Да постелка/плацента тоа јасно го пишува но првиот збор ми е нејасен... @Ive13 заедно со крвна слика ќе го правам јас ми рекоа од вечерта после 8 сатот да не јадам ништо(само вода) и сабајле се пие блага течност и после 2 саати ти земаат крв, е сега дал можам да си поспијам до 9,10 сатот незнам зошто сабајле сум планинска мечка
Ви благодарам за одговорите @Adeline i @Someday крвна слика правев пред некое време ништо не ми спомна матичниот за скриен шеќер а дали се прави посебно во некоја недела од бременоста или може кога било во тие 40 недели? @Adeline мила како што не одам на работа неколку месеци мрза сум голема до 11 спијам домакинка златна хахаха
https://forum.femina.mk/threads/Термини-на-породување.3883/page-200 Не се плаќа испитување, со упат. Јас кај матичен гинеколог испитував таму испитуваа Иначе трае 2 часа. Пример ако утре правиш од вечер од 8 сат навечер не треба да јадеш ништо само вода. Сабајле одиш ( јас у 10 отидов) ме боцнаа во 10:15, па чекав второ боцкање во 10:45, и последно боцкање во 12. И после можеш да јадеш
@Adeline колку порано отидеш толку подобро пошто ќе цркнеш од глад претпоставувам. Мене ми се стежи само поради тоа. Треба гладен и жеден да отидеш, па плус и да чекаш после тоа уште 2саата. Иначе док ми кажа дека ова го правеле соте бремени и се прави до 28ма недела.
И јас испитував скриен шеќер тука некаде околу 25 недела и со упат од матичен бев ама кај нас во пп ми зедоја 100 ден за услугата и плус околу 200 ден . си ја купив гликозата за пиење од аптека . Којзнај како е секаде различно.
Мене ништо не ми наплатија, со упут од матичен, они ми дадоа гликоза и тоа беше тоа. На државно не треба ништо да наплаќаат по закон во бременост.
Еве јас. Fundus и преден ѕид пишува. Инаку фундус е горниот дел на матката што значи дека е горе високо на преден ѕид постелката.
Зaминaв сo хoрмoните јaс. Де тoплo,де лaднo. Нa мoмент стрaв oд бебе,стрaв oд пoрaѓaј,стрaв oд пoмислaтa штo и кaкo пoнaтaму. Нa мoмент чекaм дa си гo гушнaм мaлoтo ми вoнземјaнче. Денес цел ден грб ме бoли. Ми нaлегнувa нa ребрa немoжaм ниту дa седaм ниту дa лежaм. Сo душa гo чекaм четвртoк дa oдaм нa преглед и дa зaкaжaм oлеснувaње...
Најмн ме загрижуваат тие 2 саати, во приватна лабораторија ќе го правам, таму стално правам крвни слики, во државна не одам за жива глава со тие баби и дедовци лудница е во Охрид. Можам да си прошетам барем тие 2 саати или мора таму да дремам? Со првото не ни правев вакво испитување, сакав и сега да го прескокнам ама немав излез
Мене па не ми рекоа дека треба да седам. Ми рекоа да прошетам додека чекам и да се вратам за точно 2 саата пак да ме буцнат. Ако е склон некој кон тоа, чисто сумњам дека ќе го согори туку така. Плус нема да трчаш
А не смееш да испаднеш од местото каде ти испитуваат скриен шеќер. Најстрого се забранува тоа. Они те пуштиле да прошеташ Каде правеше?
Земи си за читање нешто и некое перниче за под газ. Скриен шеќер се прави ако вредностите на шеќерот ти се високи на еден обичен тест кај матичниот со шербет. Ти зема крв па пиеш шербет и за саат време пак ти зема крв. Ако ти е на ова висок идеш на скриен шеќер кој самдеј го опиша.
Ајдееее...а јас шо на 3,4 саата јадам, морам! Којзнае јас како ќе го правам, неможам без јадење, две се, ептен ме тера За обична крвна слика исто 4,5 саата само издржувам во размак од јадењава..