И јас мислев нема да издржам, и измеѓу оброци грицкав увек нешто.. ама издржав потешко ми беше изгладнувањето навечер среќа заспав порано, а сабајле од спиење директно таму, може да се каже 1 сат мижев се расонував и за пола сат огладнав ама се издржа
Јас баш тој периот се породив како што си сега ти, со бебле две недели понапред. Кај и да е ќе биде со лесно.
Добро утро и од нас. Читав баш сега за скриен шеќер и јас да испитам следната недела ќе треба и во однос на храна јадам сега во 25та дупло помалце него ли во прво тромесечие каде што очи отварав и гладна. Причината е стомаков што почна да ме притиска во желудник и што и да каснам после многу ми стежнува,а само доручкувам мусли,ужинка ќе каснам кога овошје кога чоколадооо и ручек,не вечерам леб не јадам. Почнав потреба за вода многу да имам. Се мислам дали е време да разгледувам креветче и плакарче,што е за право ни едно боди немам купено за бебушко,следната недела после контрола ќе идам да ѕирнам,нели се чекаат да стигнат ако ги немаат на лагер.
Оооо убајни Џабе е, како гремлини се, и цел коњ да изедам А не јадам по многу, ама важно да се стаи нешо во клун! Под нешо мислам на месо или леб. Мусли не ги залажува или само салата. А ова со залихи под непца мхмм, not bad at all
Имав страшна ноќ.Главоболка мислев ќе ми пукне глава. Сабајлево се разбудив препотена мерам температура и ми е 37.3. Иначе од кога останав бремена константно ми е 37. Нормална е оваа или да си барам доктор?
јас би да се консултирам со доктор. Сестра на маж ми се породи еден месец порано со 3 дена континуирана температура од 39 степени. Итно со царски бебето температура 42. Твоето не е загрижувачки но главоболките и препотувањето не се симптоми кои треба да се занемарат. Не дека е нешто но сепак бремена си и пожелно е секоја промена или симптом да го пријавиш кај лекар и да се консултираш.
Девојче те следам многу често имаш главоболки. Прашај си и за тоа на лекар што ќе те посоветуваат. Јас пред да одтанам бремена во кесецот по 2-3 пати имав страшни главоболки обично пред да добијам, но еве сега пу пу да не се урочам еднаш имав само главоболка во 3 месеци, а зошто и како сгварно не знам. Важно бебчо ме спасува нешто
@Мариаа. душо јас имав со денови главоболки и на крај сватив дека ми се од алиштата што ги сушев во дневна, ги тргнав и од тогаш нема такво нешто. За температурата оди посети доктор најубаво.
Фала женски. Јас главоболки чести имав и пред бременост ,и бев спремна дека и сега ќе ги имам. Првите два месеци бев раат,ама како почна 3ти месец ме убиваат. Се трудам со кафе кога ми помага. Ако не,парацетамол. Се јавив кај матичен ми рече ако е над 37.5 да пијам парацетамол,иако сега пак мерев ми е 37.1. Може се возбудив зошто утре ми е скринингот
Термин ми беше 24.02, а синот се роди на 5.03.Тоа се 9 дена после терминот, само што влегов во 42 недела.Мислам дека ќе си го задржиш медалот.
Kolku cesto go cuvstvuvate mrdanjeto na bebceto od 36 nedela ? Jas samo ednas vo denot go osekjam, a nekogas ni voopsto....
Правев брис и пап тест ми покажа на брисот уреоплазма позитивна докторката ми рече да земам видермина пробиотик ми рече во бугарска амбасада ги имало во аптеки ги има ли?
Кај мене пораздвижено во 9ти, оти поголемо и посилно. Еднаш дневно доволно е да го чувствуваш, може е мрзливо бебе не му се движи. Зависи какво ти било претходно. Ако било исто мирно нема што да се плашиш. Ако било раздвижено бебе, а сега има ден пауза треба да се јавиш на цтг. Кај мене е на лево наместено и штом легнам или се наместам на таа страна веднаш ме клоца. Или легни на грб, земи чоколадо и кока кола. Мора да се раздвижи на шеќер.
И јас од денес сум 36+0 бебето додека движам не го чуатвувам а и кога спијам мн ретко е кога ќе седнам го чуствувам и кога ќе седнам се гледа бранови на стомакот хахах. Касни чоколадо и газирано и одма ќе видиш како ќе се активира хаха кај мене на чоколадо највеќе се радува и одма се раздвижува хаха
Сигурно ги има ама ако немаш рецепта нема да ти ги дадат затоа ти рекла од бугарската амбасада зш она соработува со таа аптека па ќе им однесе рецепта она