Породилните болки оние правите се многу болни, мноогу. Ако неможиш да ја издржиш болката оди на лекар.
Денес ајде порано си легнав божем нешто после 10 но кај 1 ипол ме разбуди глупав сон и еве сега сон не ме фаќа,маже си спие си хрчи,деца во длабок сон а јас ги чувам и ве читам... @FreeMind редно беше мила,ајде те чекаме да кажеш како си и до кај си @Annie.mk1 мислам дека не ти се вистински породилни болки,повеќе би рекла дека се лажни...но доколку не поминува болката и е постојана повеќе време не е лошо да одиш до лекар
Добро утро..Јас со петлитe,да фатам денотПоследно време стандард се будам ова време негде за вц,докај 5-6 сабајле се вртам,па пак некако заспивам...Сеа пред малце станав,ќе ми пукнеше мочниот меур,па закачив алишта за сушење ко несалам и сега да се наместам па да дремнам уш некој саат барем..Ај чао
Душо тука си?Се смирија ли болките...Породилните болат и во стомак ниско и позади во кичма во исто време и се како доста јаки менструални болки..можно е да се пропратени со често одење во вц по мала или голема нужда.Во исто време може и да почне да ти пука водењак-по малце или наеднаш да истече...Ако осетиш било што од ова,оди на болница
Прртпоставував дека не се породилни ама сепак отидов да ме ѕирнат да ми е мирна душата. ЦТГто е мирно, бебчето е супер, плодова вода исто така, е малку сум се отворила 3цм (3 прста). Контрола ми закажаа за 5 дена освен ако не пукне водењак или ако не се јават јаки болки.
Исто и јас немав никакви знаци со првото. Се разбудив утрото со слаби болки , во текот на денот зајакнуваа и вечерто се породив. Еве и сега немам некои знаци , ниту лажни контракции а 39- та ја терам
Јас од утре влегувам во 39 недела,..од вчера имам болки во половината а на моменти се качуваат нагоре кон плешките па пак долу а се јакички но издржливи..не се на интервали туку речиси постојани..не знам што да мислам и пред некој ден ме болеше така но помина, еве сега пак
Па 9ти месец е од 36 до 40та недела кога сака бебуш тогаш ке искочи освен во посебни случаеви кога мора порано.Ти не мисли на тоа имаме ние време
Односно од утре 38ма. Мислам петок е ми се испомеша ноќеска се, утрово кога станав како нов ден да ми е почнат. Да уште малку остана и едвај чекам
Некои се зачнати покасно. Нема ништо поубаво од тоа сам да почне процесот, кога е спремно да искача бебето-тогаш.