Бев на ехо бебето беше 1036 гр дали е тамам за 27+2, ме искара требало да пијам 2 литри вода јас не пијам толку. Поздрав
Со првото воопшто немав течна столица ниту на денот на породувањето, тој ден се утепав од повраќање. А сега еве скоро недела дена сум со течна столица секој ден . 39+3 сум се чисти телото.
Јас веќе 2 дена имам течна столица 36+5 сум ама си викам да е многу кратко времето до породување..фала ти за одговорот,ми олесна малку
Верувај има тешки денови но во глобала не е толку страшно, има деца што деноноќно душа ти вадат, среќа моево не е такво (освен понекогаш нормално) Едноставно љубовта, милоста си го прават своето. Помош од сопругот плус, без него ништо не правам, ќе скренам, доволно ми е да ме остават 1 саат + да поспијам, да се истуширам итн. Е со спиење сме имале од стално проблем, многу е деликатен, ќебе под конец, перница под конец да биде, млекце обавезно(дупла тура ако треба), па многу се будеше како помало, што искрено се надевам дека второво ќе спие повеќе, само тоа ми е проблем.
Немора да значи. Мене ми е чудно тоа што предходно едвај 2 пати неделно да отидам у вц бидејќи пијам хеферол за железо. А сега се дешава и 2 пати дневно , па и преку ноќ да идам
Леле и моево е 2 ипол години и уште се буди преку ноќ и тоа по 2,3 пати. Вака мирен е послушен, не ми досаѓа многу. Можам и да прилегнам и да го оставам сам на 5,10 мин додека да отидам во вц или слично. Ме плаши сега како ке биде со 2 , но се тешам викам ајде тие со близнаци / тројки како се снаоѓаат
Немора да биде само вода , можеш чајче да пиеш , цеден лимон со вода , јас не пијам 2 литри вода но обавезно по 2 чаја ке се напијам и тука се + 2 чаши течност.
Фала јас се обидувам ама не можам да стигнам до 2 литри и со други течности па сега заради бебето ке мора со зор да пијам. Поздрав
Флаша вода до тебе и ке ти текнува почесто. На почетокот тешко ке ти е да се навикнеш да пиеш повеќе вода но по ден, два организмот сам ке ти бара вода.
Уф и ја сум многу тешка за течности...се трудам барем 2,3 чаши чај во денот и шоља какао, плус мало шишенце со сила го пијам
За течности пиење не познавав човек што пие помалце од мене. Ни 200мл во денот можеби не внесував,сега само со флаширана вода од 1.5 со мене го шетам имам потреба за вода,ми се суши уста па знам 2л да внесам сега. Навика е,ама од чаша неможам сеуште само од шише
со лесно на скрининг. И не се "труј" многу со парацетамол. и тоа не чини. Пробај со неколку капки лимон во кафето. Може ќе ти смени вкус но помага.
Бев на контрола, малата е супер само нема многу плодова вода па мора вечер болница да помогнеме малку, многу сум возбудена и истовремено се плашам
Јас за 24 часа 3 шишиња од 1,5 вода пијам, а може и преку ноќ 4 шише да отворам. Маж ми ме нарекува пијаница
Возбудена биди,но да се плашиш не. Спреми си се сега и одмори до вечер. Ние тука ќе замесеме нова тура мекици. Само да си си олеснеш со лесно. Блазеси ви