Денес на преглед и последни брисеви. Бебе е супер, конечно се завртела со главата надоле. Ја стига датата од последна менструација и пак ми го поместија малку терминот. 35+2 и тежи 2530 гр. Малку да не е? И после ме боли се. Па нормално. Цело човече имам во мевов. Уф како ми фуфка како се приближувам кон крајот. И уште не ми е баш верно дека ќе бидам мајка и друго човече ќе зависи од мене.
Ич да не ми се секираш ништо не им е на бебушките јас мојата секаде ја заглавувам на моменти заборавам дека имам меше па се заглавувам на врата стандард ја лупам од вратничка од кујна и ништо не и е заштитени се тие мила не ми се секирај
Јас вода пијам една чаша во недела хихи знам дека не е добро ама неможам не ми сака организмот, може си надокнадува од соковите чаевите што ги пијам но не си едина немој да се секираш убаво е да можеш ама ако небива што да правиме не е до нас
Оф срце, дај Боже да е така! Еве сеа го мислам скринингот во вторник, нестрплива сум да ги видам дека се во ред и ми викаат преку екран Стара дај искулирај малку,ако си сеа ваква тек па ко ке се родиме каква ќе бидеш И дај не го лупај толку девојчето па и ти претеруваш Да не мисли дека надворешниот свет е полн со турбуленции...не дека не е
Гинеколог ми држеше предавања за водата дека е исконска и најважна придобивка за човештвото и дека по 3 литра на ден треба да пијам бидејќи од тоа поздраво нема! Дека со тоа многу бенефит им правам. Ама пустото како да се прешалтам кога до вчера сум пиела вода само во шоља кафе
Јaс секoјa вечер дo мене имaм литaрскo шише вoдa кoе вo текoт нa вечертa гo пијaм целo. Пoследнa гoлткa oд 150мл си oстaвaм зa нaутрo мм пред дa oди нa рaбoтa,се будaм пијaм и пaк зaспивaм. Вo текoт нa денoт буквaлнo се ,нaлевaм, сo вoдa. 4литри фикснo пијaм вo тек нa 24чaсa,мoждa и више.
@LoveHope алал да ти е јас и пред да останам бремена со месеци не пиев вода и вкусот го заборавам и после долго време кога ќе пробам ми се гади од никогаш не сум пиела вода ни сега пијам чајчиња сокови кисела вода се надевам внесувам течности колку толку
Требаше и да ти каже дека е клучно за убава и еластична кожа и игра улога у појава на стрии ќе пиеш ко камила тогаш. Ајде мајка и јас бегав ко мачка од вода во почеток мисла 2л пиев месечно ама сега пусто морам и на пола саат на екс по една чаша пијам
Јас цел живот пијам многу вода и откако забременив скроз ја избегнувам и ич не ја можам. Почнав со чај, со каква волја го направив, и го повратив, и сега не ми се ни помислува на чај. Пиев бистар сок од јаболко 3 дена и ми се згади и тој. И сега веќе немам идеја. Да пробам леден чај уште останува....
И мене се ми е згадено од тоа повраќање сега само можам да поднесам добра вода од гумбир и ладен чај со лимонови треви од fuze tea.пробај мила прво мало шишенце земи ако можеш одма префрли се на литарски хахха јас така правам
Јас додека имав гадења вода не можев да помирисам, ми имаше благ вкус , одвратен па едвај кисела вода со лимон пиев, ем вода внесував колку толку ем за мачнините ми помагаше колку толку. Ледени чаеви и сокови избегавав зашто и тие се полни со шеќери па нема некоја корист од нив. Сега фала богу без 2 литри вода во денот не сум само стрв пуста за кока кола имам ептен во бременоста
Пред дa oстснaм бременa пиев истo дoстa кoличинa нa вoдa нo нaвечер не пиев никoгaш или реткo. А бaшкa нa глaден желудник плус вoдa,дистензијa и oди вo вц пoврaќaј или ќе те бoли стoмaк. А сегa нaвечер ќе се рaзбудaмќе се нaпијaм вoдa третинa шише и веднaш легнувaм нит ме бoли желудник. Нaјсреќнa сум зa тoa.
Ништо денес Имало доволно плодова вода, сабота во болница пак цтг и проверка на п.вода. Како што гледам ќе дочекам мај
Девојки скринингот на кое ехо се прави и колку трае од прилика? Само што ми се јави сестрата и ми го закажа за следна недела, баш на мојот роденден па се надевам дека се ќе биде во ред. И братучетка ми ми ја препорача таа вода со ѓумбир, ама јас во грција живеам едвај најдов сода вода со ѓумбир, уште ја немам пробано а купена е пред повеќе од една недела. А за fuze tea прв пат слушам и појма немам дали има овде ама уште утре праќам маж во потрага оти лимон ми звучи подобро од ѓумбирот
Офффф, абе ќе испадне дека ради стриите дека ќе се кандисам а не ради децата А сакам пустото не дека не, флаширана по можам да ја поднесувам, чешмовача тешко, посебно па во шише наполнето за преку ноќ па тоа некоја чудна миризба а знаеш дека не е до шишето Така да, флаширана колку толку ама само ко ке ми текне. Еве чаеви бутам и тоа дека мора од семе од коприва ради железото та иначе па ќе заборавам... а швепс неам гајле, иако не претерувам...не ме напаѓајте за швепсов,замена за кисела вода ми е...