@FreeMind со лесно мајка, ајде веќе е редно Ве читам, скриен шеќер не правев зашто ми беше низок на обичните проверки, а и искрено не сакав, од лошо искуство со пациентите кои доаѓаа в лаб. да проверат... Е сега кога бев кај докторката која ќе ме пораѓа, ми рече да внимавам на благо и да го следам до наредната контрола, и покажувало висок шеќер а ме виде ма ехо, не знам како виде така .... Друго вода многу пијам некогаш и по 5л. во ден, мм ме задеваше дека ќе почне фирмата да ми крати од плата заради водата која им ја пијам @thinkerbell јас бев на контрола со 34+0 бебка тежеше 2.400гр. и мене ми изгледа многу малку, а според големината и постелката ми помести датум за 5 дена напред т.е на 05.03..... Вчера имав болки слаби менструални, дали сте имале и вие? ме загрижува тоа .... Ми се јавуваат скоро секој ден околу 13ч. И за крај https://deca.mk/ne-plache-ko-na-fil...paW1DnIEatMgJ5qROHa891Jkld1d_uhg3kYhaFLB2H7h4 Поштено си се исплакав
Аааа вчера ги читав, има смешни И да, браво за локање вода, ти се дивам. А нели бре те тера на мокрење често , јас од една чаша одма трчам. Може и за тоа аверзија за вода имам
Чекајте малце другарки Си праите муабети за пиење на вода,ама ја сега имам едно прашањее Постелка на преден ѕид ок е? Не ми пишува дека е ниско поставена или нешто такво,а не ми е ни спомнато дека има такво нешто туку само што прочитав дека е најдобро кога е поставена на заден. Ај просветлете ме
Мариче, ај бе убав ти беше денов, шо сеа си буташ носе само колку да си најдеш работа Бем ти постелката жено, кулирај ајде, знаеш ли ние уште колку време имаме да му ја мислиме за постелки?
Јас имам на преден ѕид Се додека не го покрива грлото на матката не е опасно, а она може да биде напред,назад или горе високо поставена, долу не смее Така да уживај
И јас имам на преден ѕид, во ред си е, штом го исхранува плодот и се се одвива во најдобар ред.... Друго матката е исто 3д орган, преден ѕид на маткава е напред кај бешиката, задниот е назад кон органите, ќе чувствуваш повеќе движење кога ќе му дојде времето не смее да е долу да го покрие отворот ... уживајте сега, штом бејби е добро @Emma2 охооо постојано сум вп вц, ама на тој начин не фаќам уринарна инфекција скоро цела бременост сум океј....
Е фала ама добро барем пиеш чај и сокови јас не ги пиам нив ми прават киселина, сакам газирано ама мм не ме остава така што мора со зор вода да пијам. Поздрав
Ииии како бе и јас имам на преден зид јас не сум знаела дека тоа е лошо јас на мое глава мислев дека подобро е на преден зид, сега и јас да почнам да читам, бре затоа матичната ме прати пак да испитам д - димери и ми рече повеќе од 1500 не толерираме а јас пред еден месец ги имав 1052 значи не ми бегат клексаните. Поздрав
Ама ти си понапред со неделите и ок е димерите да се толку. Мене ми се 780 а сум 21 и плус од старт сум на фраксипарини,не се плаши. Постелка треба да е на заден или на преден ѕид и тоа е нормално.Не е убаво да е доле да го покрие родилниот канал,така ми објасни гинекологот пошто уствари постелката му е перниче на бебушот
Аха фала душо да не секирам тогаш па другата недела ке испитам димери па ако треба и клексан ке примам само бебето да се роди здраво и живо. Поздрав
@Emma2 и јас несакам и не е намерно ама ете ми се случува да се заглавам некаде ама ветувам дека ке се пазам повеке, а за водата нез што треба да ми кажат за да ме убедат јас тоа и го студирав и знам колку е важна во секоја смисла ама ете кога несака несака нека ми прости бебето ама неможам, можам само кога ке се прејадам солено нешто ај да сме живи и здрави и кај мене е на преден ѕид нормално е тоа не е ништо страшно уживај Газираноооо за жал обожавам многу и мене ме кара мм и на почеток избегавав ама ете сега си пијам не многу ама ако ми се пие знам да се напијам Мене нешто друго ме интересира дали е можно толку многу бебињата да осекаат, денес прв ден на раб и бев кома легнав да одмарам и малата не ме остави да спијам ме будеше на 5 мин со штипење не со боксови мислам ме расече внатре и јас и се развикав и еве ја нема цел ден да мрдне пред малку само икаше и пак ја снема многу сум лоша ама многу ме здоболи нема да ја карам ајде нека си мрда колку сака
Незнам женче дали осеќаат, не сум стигнала до таа фаза, којзнае мене шо ме чека. Ај пушти и некое лабаво музиче малце да ја утешиш. Може па е нежна,умна ќе ти биде,мила..
Женски денес имам премногу вагинален исцедок, малку кафен (светло кафен) со крвче. Вчера докторката ми кажа да не се плашам бидејќи тоа може да биде од вагиналниот преглед, ама ова е некако премногу (цели парчиња, огромни и лигави). Крварење нема па претпоставувам дека не е страшно.
Не се секирај ништо не им е колку пати се имам треснато по стомак ехе.. Уживај супер се малите, ако паднеш е тогаш е поопасно. Иначе за вода тврдам дека нема ништо поубаво, јас многу пијам и тоа верувале или не од фрижидер, најубаво нешто Денес сум како умрена уста ми е здрвена, одвај зборам, притисок ми е во ред незнам што ми е. .
Осеќаат и тоа како моето бебе многу сака да го галам, без да го галам не мрдува, душички, и ти немој да ја караш нека те шипне трпи си . Поздрав
@Мариаа. Маженце аааа, ти реков срцка, ти прашуваше за откуцаите на срценце нели? Супер штом е се во ред баш ми е мило иначе и на мене ми е на преден, тоа е одлично, или преден или заден е сосем ок.