Колку време трае една контракција? Исцедок како чешма, а почнаа и менструални болки (не многу јаки) во пределот кај јајниците.
Исцедок како чешма ми звучи како водењак да пукнал. Иначе трае различно кај секој може да почне со 10 секунди, 30 секунди итн. Иначе чепот ти паднал денес. А ако ти е пукнат водењакот болките идат веднаш. @Gili B. Она чекање убива. Ама толку е тешко што психички попушташ. Те разбирам целосно. До сабота ако не те фатат болки ќе ја извадат другарката на мојата и после да ги сликаме заедно Патем од ова патешествие научив дека колку е бебе повеќе во нас толку полесно се снаоѓа надвор. Само што ми ја ставија на гради ја крена главата сама се роди 3.890кг јака жена. Затоа не држеле до крај како што кажа докторот специјалист за бебиња, дека така било за нив најдобро а ние небитни као и секогаш. Али рака на срце олесната е друга приказна. Макар и се болело, барем спиев досега. Така да јас ќе ја застапувам другата теорија дека бременоста е потешка, а ти наскоро ќе ми се придружиш За породилните болки сакав да кажам дека нема шанси да не ги сетите и се различни од лажните. Е кога ќе ги сетите, а ќе ги сетите, наместете ја устата подобро за да може полесно да струи воздухот Правилно дишење ме спаси и целосна соработка со акушерката. Дишењето верувајте ви помага 50% полесно да ги минете контракциите. Внесуваш воздух и издишуваш бавно полека најмногу што можеш. Така и бебето добива воздух, а него му е најпотребно.
Мислам дека не е водењакот освен ако е пукнат погоре па тече по малку. Ова ми е така лигав исцедок малку како со водичка не можам да објаснам. Како и да е, болките се тука. Мислам дека после вагиналниот преглед се убрза работава и сега сум ни на небо ни на земја. Болкиве се трпат за сега, па подобро да се спремам и да одам да ме ѕирнат. Давај некој совет @FreeMind, се е добредојдено!
После вагиналниот преглед почнува процесот фактички. Земи на саат гледај на колку време се појавуваат. Овие се редовни на интервал почнуваат, на 15 минути пример траат 30 секунди па те пушта. На следни 15 идат нови. И така се намалува. Ако е водењак истекува или наеднаш како поплава или напукнат на периоди али и за него ќе почувствуваш како удар за да почне да тече. Мене доле вагинално ме удри како што седев на кревет и истече млаз. Ако не си сигурна оди нека те видат.
Не се на правилни интервали и ме боли само од напред под стомакот (од назад не ме боли), ама еве имам и течна столица изгледа тоа е тоа. Не знам дали веднаш да одам или да чекам да се раздени. Пробувам да сум смирена, се грижам малку со притисоков како ќе биде.
Мислам дека се лажни, ова е спремање на матката. Нема што да се вознемируваш. Почекај нека се раздени, а можеш и да пробаш да спиеш. Ако се лажни ќе заспиеш.
Леле жено , обожавам да те читам !!! Како си ? Се одмори барем малце? И да, потполно се слагам со тебе. Дека бременоста е потешка од сето останато што следи. Јас лично, мразам да сум трудна. Затоа сега на овој пораѓај чепот си го ставам
Душа моја Да се пофалам денес сум каде каде подобра. Веќе и станав сама до тоалет. Ќе се обидам и да мокрам сама без катетар. Се измив, се средив, коса зафрлив во лево и еве чекам појадок. Спиев од 19 до 3.30 утринава, после тоа пак сум прилегнала. Вака не сум спиела 9 месеци. Малата ми е добра на антибиотик е дишењето се враќа во нормала. Јас се одпумпувам и и носат, сега тоа малку е али ад и додаваат. Добро е згрижена ќе се гушкаме наскоро. Мора прво јас да функционирам за да можам да одам кај неа зошто таму не добивам пост породилна нега туку сум во оддел мајка со деца. А јас од кревет прв пат станувам и не одам во тоалет поголема пакост ќе и направам само. Може некоја бактерија плус само да пренесам. Најбитно бременоста заврши и силно светнал ден. Како што се договоривме нема веќе кукање и лелекање од моја страна, а вие имате уште време да си поплачете. Немој да се плашиш имаш прекрасна помош од бабицата на породување. Мојата плачеше утрината се испотресе кутрата, ме гушкаше цела вечер. До душа во породилна сала бев и во придружба на доктор зошто немав провокации, долго време се мачеше да испадне. А подоцна беше и полна сала од шеф на болница до специјалист за бебиња бабици две смени две докторки цела екипа Многу многу сум и благодарна и задоволна. Немам зборови колку многу грижа е тоа. И тоа без врски
Незнам дали да ти завидувам што се породи и си олесна, или да и завидувам на малата што има ваква мајка ко тебе!!! Те гушкам!
Трудници да ве прашам нормално ли е 10-та недела сум да осеќам како да ме сече со нож доле кај матката? Исто осеќам како менструални грчеви и болки, значи не се неиздржливи траат некоја секунда ќе поминат па пак ќе се појават ...ве молам за одговори
Еве не и нас две ,ајде добро утро девојчиња Инаку ете дојде тој ден госпоѓицата да се јави 21+2 и тоа два пати од сабајле и мојава не е баш ко пеперутка да имам во стомак,повеќе на некое понемирно животинче ме потсеќа ама како и да е ,убаво е чуството Имаш ли редовна столица? Почекај ако отидеш у тоалет тоа било ако не оди на гинеколог да те види.И напиј се магнезиум ,легни некако треба да се смират.
Па да имам, а магнезиум си пијам по едно на ден од 400 , со менструалниве грчеви ми беше слично пред две недели сега пак, а ова како со нож да ме сече првпат
Сто посто сум имала иста ситуација као твојата,ако се издржуваат боклите и немаш крварење тогаш не се паничи.Матката до кај трети месец знае во термини кои биле за добивање да прави такви симптоми зашто уште се привикнува на бременоста.Ти со близначиња беше нели? Ставаш кринони ,утрогестани така? Ако ти е шубе оди на лекар да те види да не си у мисла .
Мене многу пати ме "сечеше" ко со нож на исто место и легнував. Тогаш и по 2 магнезиум директ пиев и поминуваше. Оца ми се случуваше од 8ма до скоро 20 недела. Матичната вика тогаш се шири матката во тој дел и притиска и боли. Јас така го сфатив и си одмарав тоа време. Лошо беше кога ќе ме фатеше на работа ама се снаоѓав. Ако трае кратко не паничи. На следна контрола прашај го докторот.
Леле до 20-та, а јас па викам трет месец нели ова требаше првите недели да е вака, а не сега ...значи и понатаму да очекувам вакви грчеви менструални и како со нож да ме сечат...сега зборев со сестрата на докторот вика нормално било се ширела матката и плус вика ти слабичка си...па веројатно по осетлива ради тоа сум, евентуално ако имало крвавење не дај боже тогаш да одам ... Инаку да кратко траат некоја секунда ме сече, па ќе прекине по некое време пак, вчера кога станував ме сечеше , али денес во лежење чим отворив очи ... Фала ти ммногу на споделеното искуство
Да со близначка бременост сум јас, инаку ставам кринон да ..ја прашав сега сестрата на др. ми рече нормално било се дури немаш крвавење, а тоа пупу немам, се надевам ќе помине
Мислам дека почнуваат моите маки...едвај си наоѓам позиција за заспивање,стапалата навечер ми горат па само претам,се чудам како ме трпи мм,душава само ме прашува што ти е да не те боли нешто...да...ме боли...навечер обавезно почнува да ме боли кичмата,баш како менструална болка.Пијам магнезиум ама не баш ми помага Инаку почнува да ми биде ептен досадно домателевизорот ми работи ради реда колку да не ми биде тивко,некогаш ќе пуштат некој добар филм па ќе помине досадата,а некогаш и на мобилен знам да најдам нешто интересно,но воглавно дремам на форумов,ве следам цело време. Сакам денес пред да идам да ја земам малата од градинка да тркнам до библиотека да земам некоја книга па давајте некој предлог малку од малку да растерам мисли инаку ќе полудам.Не излегувам често поради епидемијата,немам прележано сипаници па сега за малку пред крај да ме фатат...не фала... Деновиве планирам да одам на депилација па кај и да е ќе одам и на последниот брис.Полека ќе почнеме и по дома да се спремаме,да наместиме креветче за бебо,да пројдеме една генералка,да се переме и пегламе...ама се полека полека