@Emma2 пробај со перница за трудници,ке живнеш Јас кај по мочање идам на пола сат сега и течна столица неколку дена и се почесто ме тера, а се сува храна јадам,дали од овие за железо што пијам ми е кој ти знае
Почекај, не викај двапати Ја имам мила, пробав на секој можен начин не ми прија, сеа под глава ми стои само и врз неа мало перниче, дека тврда е а јас сакам така тврдо под глава. Абе колку да не ја џитнам
Хахаха да имаше поголема верверица да ја пратев јас таа И да, само со месо и леб можам да ги заситам. Ни само салата, ни само мусли, ни само овошје, ни само крекери, ни само овошни јогуртчиња, ни бисквити, ни макарони.... Јок, одма после 10тима минути аларм за нешо појачано дека треба Еее тоа ти е, а пред да останам бремена супер се залажував само со горенаведените (мислам освен ручек) хехе а сеа не, сеа си бараат.
Мешковци буцки треба да станат, со мевце, лебче, друго не бива. Макарони не дај боже абе цело тенџере што е збор да изедам после 15 мин пак гладна не јадам количински многу но јадам често, сега си мислам вечерва не сум гладна од капсулата за железо, можно е или халуцинирам
Тоа ти е ишијас нерв, и јас го имам тој проблем само лева страна. Земи мало топче и на ѕид така си олеснуваш болките. Де ишијас де болки во срамната коска... бреј какви убавини
Нормално е тоа, бебе прави притисок затоа таква болка чуствуваш, иста сум и јас, мене дури знае и цела нога да ме заболи И јас примам за железо апчиња, цела бременост ми беше супер, сега малце под нормала ама не сум приметила да е течна столицата, само ми е црна Читав низ последните страни за трудниците вода што не пијат, јас искрено ич не пиев по една до две чаши на ден со се кафе, бев на контрола во 30 недела докторката ми вели се ти е во ред ама бебе е со мала тежина, причина намалување на плодова вода, оттаму ме праќат кај еден професор, протоци бебе добро, јас во меѓувреме пиев до 2.5-3 литри вода, спиење само на лева страна и водење на поздрава исхрана. Тоа за пиењето на вода и спиење само на лева страна ем го прочитав на форум ем од паника моите доле во Мк се распрашале кај нашите доктори.
Да си одиш многу често на контроли и макар кај двајца лекари до крај. Сакав да ти одговорам ама овде во оваа болница немам нет. Секако со мажот ти на породување он ќе асистира на бабицата. Ти стискам палци со лесно да биде и да ме тагнеш. А штом добијам нет ќе ве прочитам сите на раат.
Тотхема ги пиев во првата бременост . Ептен гадни ми беа ампулите. Со сок од боровинки ги пиев ама џабе Можно е да ти е од апчињата за железо. Кај некои се јавува тврда столица кај некои како во твојот случај. Не е страшно
@Adeline @Ive13 да бе и вчера беше таков насмеан, ми ги кажа сите црни сценарија, среќа матичната ме прегледа сабајлето, па ми рече само одмор, бебе е океј грлото на матка е океј, само повеќе одмор ... @Ringishpil_ кај мене се јавија во 26 недела такви болки.... Ми зголемија доза на Мг два пати во текот на денот повеќе одмор.... Уште ги имам, спијам со еден куп перници.... Нормално било, заради ширење на карлицата, и мене ми се смируваат само кога лежам најтешко е да се качувам по скали и ноќе да се превртам в кревет уште од 12 недела имам болки во кичмата....
Хелоуууу! Да ве прашам девојки дали имате користено или некоја знае да ми каже. Црна маст за поткожни влакна дали може во бременоста да се користи? Значи премногу имам и проблем ми ствараат, ми се прават меурчиња кои се полнат со гнојче. Порано користев црна маст и имаше подобрување. И исто така дали можам да ги користам Хиперманганот и кремата и капките против габички на ноктите на прстите на стапалата? Пробав со сода бикарбона но нема ефект многу. А порано кога ќе користев погоре наведените имаше резултати. Иде пролет лето и сакам да си носам отворени чевлички. Хелп. Битно ми е. Имам прашано неколку козметичарки, но не знаат да ми кажат точно. Фала
Не поминува без ништо тоа секако, мене во првата некој нерв и ме болеше стапалото кај прстите ама тоа при крај веќе.. Абе луѓе мислите со второ полесно се раѓа? И дали ако те сечат со прво, ќе те сечат и со второ? Сценарија си правам иначе.
Aj dobro utro i od mene. Denes dojdov do zaklucok, deka samo koga lezam se gusham, se davam i kaslam ko debil iako lezam na 5 pernici. Samo koga sum vo sednata polozba mi e najubavo. Ama i toa pa ne e najzgodno, oti na bebo na glava mu sedam..... Ah maki nasiiii
Девојки некако сум стегната како да имам топка во желудник стегната сум,а не се секирам,немам стрес,рилекс сум.Што да се напијам за да се опуштам.Пијам мг,б комплекс не ми помага баш.Столицата ми е редовна.Да не му штетам на бебо ми е,јас не сум важна.11 недела сум.Има ли некој како мене?Ви благодарам
И јас веќе неможам да спијам само на една перница, по 2-3 ставам Девојки имате ли исцедок како подмочена се си мислам дека сум Инаку 33+6 сум, ајде бебето нека издржи уште малце. Не сум лоша ич ама па толку ми се болни веќе движењата и да Ви кажам веќе 2 пат оваа недела пијам магнезиум 400, уште од почетокот на бременоста ми е купен и не ми е дотрошен
За нокти против габички ќе си земеш канестен маст и мачкај топ работа проверено.За поткожни влакна ќе земеш за на коленици ако имаш со тапа турпија за нокти оние меките што ги користат по салони,а за други места мене најмногу работа ми врши користено сунѓерче за садови убаво исушено и со она горната зелена страна.Само биди нежна.
@only44you хахахахаха лелеле баш пред некој ден му велев на мм, замисли му викам ко ќе седам му седам на глава , и тој ми вика колку си блесава, далеку му е главата, јас се чудам како не му е незгодно така свртено... @Martka нормално е, се зголемува бХЦГ и затоа осеќаш нелагодност, башка и прогестеронот има слична форма со гастринот кој го инервира желудникот. Се е во ред така треба