Миличка до пред една недела страшно повраќав и јадев само одредена храна сега фала му на Господ почнав повеќе да јадам. Нормално е тоа и до крај на бременоста да имаш одбивност кон одредена храна. Јас би ти препорачала да си јадиш само тоа што ти годи во мали количини и почесто. За некоја недела ќе можиш и повеќе храна да внесуваш
Јас тоа што го сакав најмногу го одбивав, миризби, повраќање катастрофа. После 15 недела како ламја станав Оо шуќур ваков коментар од тебе да прочитам, те средија сега кркајмашала машала Оо оптимизам 10ка уште малку ти остана какви 12, какви 30 Зима е море луѓе зошто да мрзнат надвор кога можат да се потоплат уште малце.
Леле дај боже да дојде и тој момент, ова веќе не иде човек не знае кој крај да го фати, сакам само да спијам, за да не го имам моментот дека е дојдено време да се јаде...желудник ми урла мислиш, црева се превртуват од лошење .. едино плазма што ме малку смирува и навечер неа си ја јадам, али не се преживува само со неа
@Ive13 Јас веќе почнав, со 7+ сум, ама многу ми сметаат @Софија 88 ќе дојде за брзо и ти ќе пишеш дека се тркалаш
Мене ме сечеа Акушерката беше пријателка па ја прашав дали може да пробаме без сечење да пројдеме, таа рече може, но дојде докторот и рече: сечи Среќа раната помина многу брзо, мала беше, за 5 дена веќе нормално седев. Но се роди ескпресно, ни клизма, ни цтг, ништо!
Може прифаќам, со сечење ама експресно, може Со првото и киретажа ми правеа за плацентата без анестезија, па не може се да ме снајде пак.
И мене ме сечеа и за прво и за второ,сега не знам како ќе биде,си велам трето е,белким ќе поминам без....како што имав лесни пораѓаи би родила уште десет само да не мора да ме сечат...ама...тоа е...
Јас те разбирам најдобро ниту ќе се обидам да те тешам. Знам дека ти се плаче ти се рика на цел глас. Знам дека цела нервоза на мажот ти низ нос му ја изнесуваш секоја секунда ( и треба така ), али ќе ти закажат за неделава со провокација. Може терминот да ти е утнат со една недела. Верувај дека е подобро бебето поголемко да испадне од помало, посилно ќе биде. Те мислам и стискам палци да биде уште вечер. Останатите @LoveHope @Vaga~ @Elena ena @Happyinlove Паркер не знам како да те тагнам да не ве разочарувам али ќе си почекате Гил кога ќе се олесни некој мора да го земе шамивчето и да поведе нога до 42 недела. Како ами ќе се оддржува темава жива? Маливе си ги прибравме да си приберете нови наскоро на темава за да врти кругот. @Emma2 ти може ќе пребегаш али @Ive13 или @srekice ќе фрлаат коцка, нема каде да бегаат. Ама кај и да бегаш твоево е *2 од нашето така да не те ни задевам. Тебе 20та ти се чини 44та @only44you нормално е во 9ти да е зголемен. Ајде уште малку и ќе биде. Инфекцијата не знаат од што ја добила, ја добила кратко пред породување. Јас немам никаква инфекција на пример. Јас сум многу подобра, млеко сеуште немам али малата цицка на четири саати, си се гушкаме и пресоблекуваме на 4ри саати, се учиме на неонатологија. Инфекцијата се повлекува, утринава и земаа крв и за црп ќе следат резултати. Ќе не пуштат во среда ако е во ред. А ќе биде во ред! Машала апетит има и напредува. Не е плачка. Одвај чекам да си одиме дома
Лепотица моја баш се прашував кога ќе ни пишиш.пресреќна сум што си се гушкате со лепотичето ти кажав јас цела е на мама таа.не се секирај мене со првиот пороѓај млекото ми дојде дури шестиот ден а и плус со царски што бев набрзо ќе имаш млеко можно е до вечер само пиј течности и јади обавезно портокали ова ми го кажа една докторка кога јас уште немав млеко во болницата.ве гушкам и бакнувам двете чувајте се гушкајте се уживајтеее
Oстaј тoa,се чувa зa кoгa ќе стигне дoмa дa вресне хaхaхa. Дaј бoже дa е мирнa целo време. Сo aнние бевме скрoс ист термин,не предвaријa сo нејзинoтo мaлo некa ни се живи и здрaви. Гилке,јaс едвaј чекaм дa се oлеснaм a мoжaм дa те зaмислaм тебе... Бaшкa јaс не сум oгрoмнa вo стoмaк,aмa се ме бoли теснo и е...
Еве што прават во стомак а ние се чудиме што им е https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=775643582781756&id=369309166748535:rock::rock:
Јас сум играорка, ако треба не едно оро цел концерт ќе изиграм за бебушка побрзо да испадне. Зошто веќе не знам кој е понервозен, дали јас или мажот Како две трудници да сме дома, само си ржиме еден на друг, ама он се повлекува, нормално мил му е животот. Кај мене чепот се топи веќе неколку дена, болка во кичма имам и стомакот ми е како во грч, ама се се тоа лажни болки, навечер посебно кога ќе си легнам менструални болки имам дури се нишкам за да заспијам и си замислувам дека сум се напила кетонал и дека почнал да дејствува и така заспивам Туку да ве прашам, клизма за прочистување ставаат или? Пријателка ми спомна дека купила чепчиња дулколакс и кога ја фатиле болки си ставила и се прочистила сама. Искуство некоја феминка да каже?