Почнаа пред 20 мин како менструални болки слични па се засилуваат. Едно 10 мин ме држеа па ги снема Сега пак почнаа и незнам како да ги мерам... ме фаќа паника
Мешиња по колку апчиња гастро гард смее да се земат на ден ? Ноќеска земав кај 2 30 и ми се смириле некој саат киселините сум заспала и кај 5 30 станав за во вц и киселина повторно ми се јави неможам да легнам кога седам е подобро и така дремам од 5 30 саат. Незнам дали да земам уште една сега ?
Или спие или раѓа, а ние како мали деца пред излог чекаме Тоа е кога сакаш искуство плус и кога за скоро секоја феминка што треба да се породи ја мислиш зошто ја осеќаш како сестра/братучетка
Здраво јас од утре влагам во 39 а од четвртокот ми излегоа отоци н нозете стапалата петокот ми беа премногу и отидов на дежурен. Ми направија цтг бебе ок болки немам некакви ме прегледаа вода има еден прст отворена а и малку притисокот ми се качи мада ми е повеке од паника ми препиша апчиња за притисок доколку ми се качи над 140 и ми рече понеделник сабајле со цела историја највероватно ке ме задржат. Е сега измешани чуствува си викам ајде да се олеснам веке ми тежи ама пак страв ме фака некој болки јаки немам освен препони карлица што ми е се накострешено како потечени со чудни болки, бебе денса во стомак ама ептен ми е доле и веке мо тежи а и јас сум си машала гуленце а и отоциве си ги има не во толку што ми беа ама сум потечена а притисокот од синока ми 142 со 95 не ми пага нешто дали од паника дека ми се ближи еве и сега сабајлево ми е исто се напив од тие апчиња синока а и сега и се обидувам психички да почнам да се спремам дека утре може ќе ме порагаат уффф зашто ми е вака а што убава бременост си имав уживав се до овој 9 кога ептен е тешко
Висок притисок и оток е знак за можна преекламсија а тоа е озболна ситуација која невсака дома седење Ако уште имаш висок притисок и отоци да си одиш на лекар
Така е, и да знаеш ќе си помисли секоја од вас/нас, што смисла ми имаше животот претходно? Јас мислам второто
Ај добро утро на сите! Да можев ваков кревет да си имам, шо убаво ќе ми биде, и навистината утрата добри ќе ми беа ама ај...
Синоќа си легнав во 1саат,во 2 и пол некаде се будам со огромна болка на левата града, поточно брадавица, ми се плачеше, јас и онака си имам мака со левата ми е како разранета ама ова беше мислам страшна болка. Од око немав ништо. Исто и стомакот ме болеше, не многу ама пак имаше некаква болка. Дали сум спиела некако неубаво врз града и стомак немам појма ама се исплашив. Малце помина сум заспала. Сега имам сеуште болка во градата ама малку само на допир.
Ќе помине, се е тоа нелагодност во спиење. Мене левава страна долна плус колк, мислам дека таму ми е близначката што е понапредна па си праи поголем простор и такоречи си буши и затоа така ми е... Ќе си трпиме! Same over here...
Од пред 1 час,Имам болка во стомакот ама константна е неможам да определам на колку време малкуу се намалува и пак,бев во вц ама не поминува ме затега и боли стомак,незнам дали е можно да се породилни 37ма влегов денес
Добар ден и од нас Ајде да се жалиме,капацитет на дишење намален,се борам за воздух,умор чуствувам после јадење а камо ли да фатам нешто да средам. Фатив да пеглам од пареата мислам уште полошо ми стана. Лежење само на десна страна можам на хрб и лева шанси нема. Едноставно немам сила. А тек 26та од утре Неделно си се пожалив фала за разбирањеl:
Примено к'знању. Наравоучение: Нишо да не пипаш по дома, и да пробаш на шкрги да дишеш (мала шала на општозаедничка сметка)
Бев и сега сум под терапија отоци имам напиена сум и апче, не е качен 140 со 84 ми беше сега ама ме напињаат отоците утре сум сабајле н контрола со можност да ме задржат па ке видиме фала во секој случај
Ај добро утро,добар ден Јас сношти бев на роденден во кафана,сите околу мене пушачи ме зачурлија,се осеќам ко да сум испуштила пола кутија цигари..грло ме гребе и шлајмови голтам Се канам да зачистам денес,да потсредам низ дома, нешто тешко да почнам..Инаку за спиење мене пак на грб ми одговара најмногу,со малце подигната перница,ако е ниска снемувам воздух и тешко дишам.Настрана повеќе сум на десна. Да си напраам едно кафенце па да почнам со работа зш ојде денов Ајде кој е за
Добро утро, народе Спиев од 9 до сега, болките поминаа слаби се сега. Нема ништо, оваа тврдоглава не сака да излезе, а јас сум толку изморена што незнам веќе дали воопшто ќе се породам овој месец