Cela nok ne sum spiela... Silna glavobolka i pokraj toa sto se napiv Paracetamol. Bebe mnogu mrda, voznemireno e. Sto se slucuva ?
Можно е да е притисок , претпоставувам покачен . Сега како си ? Ако уште имаш главоболка оди нека те ѕирнат за секој случај
Која недела си ? Jас вчера цтг и рака си добив затворена,абер нема малаваа 37 ма недела не и се излегува
41+3 сум... преживувам вистински хорор болки ненормални. Ќе пукнам од нервоза! Имаш уште време, се надевам ќе се породиш уште во 39 недела да си олесниш...
Како е состојба? Што кажаа? Знам како е верувај, цело време чекаш болка, се ти е на аларм во главата, но упорно ништо нема а ти се нервираш, немој опуштисе па нема да сме вечно трудни, полошо е ако се нервираш, мој совет најди некоја занимација, тргни мисли, прошетај, не мисли да не бидне секој момент, релаксирај се Стомакот е спуштен? Ви праќам на сите мешковци
Не е мн 37 недела ретко кој излегува, сега качува на килажа, дај му да крка таму уште недела, две барем и нека дојде кај мамичка во раце на милување
Дај палачинка една фрли наваму! За тебе отворам да те бодрам не те оставам сама. Зошто не договори провокација? Можеш да бираш да испадне кога сакаш над 40та. Речим им следен пат јас сакам веднаш со провокација да се олеснам.
Srcki moi.... od srce vi blagodaram sto me mislite.... Se e ok, samo od premnogu iscrpenost i nenaspanost doslo do glavobolka.
Добар ден мешиња, Само што се вратив од преглед, бебушка е супер, си одговара на неделата, полна 31, имаме доволно плодова вода, убав проток, наместена си е со главчето надоле. На радоста и нема крај Ми рекоа дека следен преглед брисеви, па ме интересира дали ги правевте на крај сите брисеви или само тој за стрептокока?
девојкии ...чекамее и само чекаме ...4цм во 8 бев отворена...до сега инфузија со провокации уште само 5мм се доотворив..многу слаба болка чуствувам...многу ми се јаде а ме прочистија во 8 сабајле...др.Ефремовски вели да чекаме со природно...ако не бидува до попладне тогаш царски...
Девојки, мешиња што правите со досадата и со нервозата во 9ти месец? Нон стоп сум нешто напната, досадно ми е, гледам филмови, читам книги ама како да ме јаде нешто одвнатре. Ќе земам да зачистам, ама толку 1 саат и после пак исто. Другаркиве, родниниве сите се на работа, човек да нема со кого кафе да се напие. Мислам дека се навикнав на менструалниве болки, веќе не ги ни осеќам, чепот се топи веќе не знам колку време, некогаш имам исцедок кафен со малку крв, некогаш бел, некогаш никаков. Ме тера по голема нужда, и се мачам 5-10 минути за никакво го*це, некогаш дијареа имам, ми се укочи десната препона ама ок е, се е тоа нормално. До толку нормално што ми ствара нервоза, бес...
Еве ме истата...39+5 сум и денеска пак на преглед и ништо цтг мирно и јас окркав рака ама салам па болеше ептен... Па болки имам во карлица кога седнувам и станувам најтешко ми е .Сега докторкава вика на секој 2 дена на контрола ајде па со лесно нека ни е на сите
Немојте да ги бодрите за провокација ако има простор за природно, не е отворена, а штом не е јас викам никако провокација. Многу е поболно така. Ако веќе претера над 41ва, 42 недела тогаш нема излез, но ако може да се почека, тргнете ја таа провокација од памет. Со добра мисла кажано.
Леле како си лета времево...како до вчера во поддршка да се пишевме а денес ти 31 јас 26 . Со лесно само да ни е на сите до крај,и јас едвај чекам петок на контрола да го видам син на мајка