Со среќа да го користите креветчето,бебушот најубави сончиња во него да има Инаку избриши го со полувлажна крпа или ко што ти кажа Алисао со вода и сјај. Ќе изветри брзо,свекор ми колевката ја фарбаше у саботата ама уште малце мириса,за недела дена ќе се среди
Ајде ќе издржи па ќе си се роди на најубав дене кога си сака тоа бебувче.супер сум сега фала Богу еве и вчера се вратив на работа се надевам ќе поодам уште некој месец од утре 21 недела ја тераме.
Мислиш 22ра, јас од утре полна 20та и влагам во 21ва, ти си една понапред од мене Баш ми е ќејф шо си скроз опраена, само така Гуш!
Девојки јас сум 34 недела, веќе 1 недела имам тврда столица и сабајле кога бев по вц имаше крв, мислам дека станува збор за хемороиди ама па не ме болат, ептен сум уплашена така беше и минатата недела
Се смести во болница? Не се плаши те следат подобро. Паркерче ваљда прашуваше дали делува дамм масажата од 36 та недела. Кај мене делуваше и брзо се отворив, дали и она има влијание не знам. Парењето со тревки heublumensitzbad мислам дека беше пресудно за тоа. Оние што се Германија им го препорачувам од 37 еднаш неделно. Јас од 38ма го почнав. За природен пораѓај.
Ц , @Ygritte те прашуваше. Баш ја читав темата за полесно/побрзо отварање вчера завчера и се смеев дека и имаше пишано дека за брзо ќе и кажеш, и тоа за некој ден Туку жени јас веќе почнав да сањам дека се пораѓам, дека крварам на велико. Кој знае можда и напони давам во сон
Тука сме си ние кралица по можност и на ист ден да се породиме макар што јас не сакам да чекам до 40 а и со царски како што ќе сум најверојатно порано ќе биде.да денес 20+6 утре 21 почнува.супер ми е на работа не ме оставаат ништо да правам па и досадно ми е малку ама не се жалам убаво е вака
Не плаши се, можеби е моментално крварење, се направила некоја раничка измиј се обавезно со топла вода и избриши се со сува крпа... Хемороиди болат многу, и ќе имаш поголемо крварење.... Јас те прашував ќе почнам, ќе ја практикувам а каква мешавина е тој чај? Можам да го најдам во Македонија? Читав дека чај од листови од малина и капина помагаат. .. Ајде ќе пробам ти благодарам за одговорот @FreeMind се надевам дека сте супер со бејби
Бевме денес на контрола,бабо супер си напредува,ми земаа и брис,е сега малку ме подисплаши сестрата,вели дека имам зголемен секрет и се сомнева на инфекција но ќе ги почекам резултатите во четврток треба да се готови. Исто така ми рече дека грлото е многу омекнато и и било страв да не ми предизвика крварење па беше посебно нежна.Некој со слично искуство? Омекнато грло во 33 недела?
Ништо си ужива малата и си плива ми се стабилизира отоците и притисокот и си чекаме во среда пак не и се искача е ова чекње полудува јас си мислев дома ќе ме фатат болки ке идам аа 5 6 прста отворена и ке се породам за 1 саат ама несака а тежи веќе оф најтежок е 9 месец крајот а што убава бременост си имав
Супер срц, оф ке ме кандисаш и јас да се вратам на работа а ич нејкам Ама од пуста досада Супер што те тинтраат така треба алал да им е! Ајде срце тераме заедно, чим сакаш порано тогаш можно е заедно,јас сигурно порано ќе се породам, не верувам да терам 40ка тоа ми е незамислив поим некако.. Ај првин на Меган Маркел и даваме предност па ние
Девојки после ехо прв скрининг се прави прематален тест преку крв истиот ден или....Фала виРано е ама да се знам
Ако правиш прв скрининг и само приска онда во ист ден ама иди одсабајле (ако правиш кај матичен или на државно ) за да имаш време пошто обично и брисеви тогаш земаат 12та недела. А ако правиш пренатален од овие посоленкиве онда предскрининг нека ти биде за да ги спореди резултатите и параметрите докторот.
Готово генералката заврши, сега гледам сум го разбудила бебо, одмарам малце и уживам во поткревање на стомачето и со син ми пред мене како си игра душата. Па си сварив едно кафе, бујрумте, овој пат топло ќе го пијам(се надевам) Вие како сте ми труднички феминки денес?
Во 8 дојдов во болница ми дадоа коктел, видоа дека навистина немало доволно п.вода, зедоа крв и ме ставија на цтг. Коктелот беше гаден со рицинусово масло и сок од кајсија и од тоа повратив не сум јадена од сабајле ниту пијам. Во 11 пак цтг и си заминав дома 1 час да поспијам. Сега пак дојдов на цтг и почнаа контракции стомакот боли и како грчеви некои имам а на грбот исто ко силни менструални болки. Но добро е што поминуваат на интервали се но незнам како да ги мерам. Засега издржливо е до негде. Сеуште не се знае дали ке останам вечер тука или ке ме пуштат дома. Многу ми е страв незнам како ке биде породувањето.