35+3 на боледување сум за среќа, не одам на работа оваа недела... Се осеќам како воз да ме чукнал бејби мрда, имам болки во нозе, карлица... Хаос сум. . . Не можам да заспијам, умрев за сон
Добро утро Ноќта ја поминавме со контракции болни но издржливи. Сега чекам визита па на цтг и да проверат дали се отворив. Среќен роденден, @Yowannty
Ајде мила уште ти остана од Јануари . Повлечи нога па и ние да си се олесниме за брзо Со лесно нека ти е . Ке чекаме да пишеш
Ајде те чекаме денес да пишеш па додека сме на роденден и мекици да ставиме. @Yowannty Среќен роденден само убавини ти посакувам И кај мене цела ноќ беше со будење,вртење. Па носот се затнал,па во wc ми се одеше Како да немам врзан сон повејќе. Си стежнуваат работите
Радувај се кога спиеш...јас почнав по 3-4 саати само и толку...после со киселините си се дружиме до даље Оф јас добро се чувствувам фала Богу до сега ама уште неколку дена ми е термин па ќе видиме
Имаш некакви симптоми, болки ? Јас освен болка во карлицата друго ништо не осеќам уште, а 39+2 сум. Да не мрда бебево во стомак ке почнев да сумњам дали сум бремена или не
Имам болки во карлицата ама само при движење некогаш ми се чини не можам да мрднам ќе се укочам. А почнуваат и слаби болки некако ајде сега на преглед ќе кажи шо како
Добро утро на сите, сум поспала оваа вечер саглам, чим сабајле не го сетив маж ми дур се спремал за на работа значи стварно искомирана. Се кркна прво јадење за денес, сеа е полесно.. Мешлиња поодминати глеам уште се прпелкате и не сте на бокс, ајде тука сме за потурнување со убава мисла и кураж.. Ќе биде!! Само без паника! @Yowannty нека ти е среќен роденденот и остварување на сите желби!
@Yowannty нека ти е среќен роденденот, и само опуштено до скринингот, таман ќе лапнеш есно парче торта за бебушот повеќе да мрда Јас вчера имав преслаби контракции болка и во кичма и во стомак, редовни на 10 минути од 22.00 до 00.00. Си реков ќе легнам ако има појаки ќе ме разбудат. И се разбудив два три пати ама само за во вц
И јас да пријавам втор скрининг поминат.Крофната одлична ,се е супер она расте напредува како што треба.Сите резултати добри освен она бактерииче мое за које си заработив трета тура антибиотик и мојата љубов полигинакс Малата вчера ни срам ни перде дур ја снимаат ја шутира мајка кај ќе стигне ,сега за сега е со главата нагоре но рано е уште. И тоа е женски ништо друго за фалење
Оваа буричкање со рака боли повеќе од контракцииве Ме прегледаа 1-2 цм отворена сум и ми ставија некое сунѓерче како тампон такво меко и тенко рекоа дека од оваа ќе имам контракции и ќе се отворам. Многу се плашам како ќе изгледа породувањето...
Толку издржа,што мислам дека породувањето ќе ти биде најлесно. Со неколку напони ќе биде надвор. Само без плашење сигурно и епидурал ќе ти дадат.