Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.902
    Допаѓања:
    40.782
    Пол:
    Женски
    Мравче пак си бременка? Со лесно нека ти е ;)
     
    На Mravce му/ѝ се допаѓа ова.
  2. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Отиде и нашиот чеп! :) Бев на контрола, не се отварам уште, еден прст сум отворена, според докторот ќе терам уште недела дена минимум. Освен ако не реши буцка поинаку, како и се сака така нека прави! Се испорадував ко кретен, сите паника ги фаќа, мене еуфорија! :rofl: Имам мали контракции на цтг, ама тие ги имам од 28 недела кога реши буцка да излегува, магнезиумот не ми го прекинува уште една недела. Нема, тоа е многу интересно како мајка си знае, знаев кога забременив, знаев дека е девојче, знаев и дека ќе се породам порано! :) Спремна сум ко никој! Одвај чекам да ми кажат да напнам и да си ја земам буцка! :inlove:
     
    На Nati.P, Beautiful-Princess, Jagoda123 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079

    сваќе ај за убаво :D
    море чупено твое постаро ке биде од малиов мој галиба ,еј анасанаааааа :D
    А примети ти дека отишол чепот ? Го испрати со здравица или ти кажаа :D
    иначе и јас едвај чекам да гурнам, така сум си позитивно расположена :D
     
    На elena.mak му/ѝ се допаѓа ова.
  4. f.r.o.s.i.c.e

    f.r.o.s.i.c.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2012
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    115
    Добар ден на сите :hai:
    Јас и денес си ги имам истите болки пак препоните ме болат катастрофално и во долниот дел стомакот бебушко си дава некои напончиња кои арно се осеќаат,ноќеска имав многу силни болки ама ги истрпев изгледа нема да седи уште многу внатре тесно му е хахаха колку брзо проаѓаат деновиве уште малку ќе си се упознаеме со бебушките после 9 месеци исчекување :rofl: :rofl: Едвај чекам
     
    На butterfly.mk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Со здравица сабајлево го испратив. :rofl:
     
    На butterfly.mk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Whitecloud95

    Whitecloud95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    381
    Пол:
    Женски
    Јас само да ве поздравам, со малечкото полека ја спремаме торбицата за во болница, ги периме алишатата и така. Се спремаме на велико. Утре пак сум на цтг, на контрола во понеделник, во вторник анализа на крв и урина, во среда пак на цтг, многу зафатени оваа недела. Дома малку реновиравме, ламинат, кречење и така... Синоќа имав болки во јајниците, не многу силни ама некако како да ми се стегаа мускулите, па сега да си прашам, дали се тоа почетните контракции или..? Ве гушкаме и ве сакаме со синчето! :* :inlove:
     
  7. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    И мене ме интересира ова. И јас имам, многу ретко, еднаш-два пати неделно до оваа недела (од пред 2-3нед.), а од оваа недела од понеделник наваму секој ден, ама ептен кратко, онака неколку секунди и поминува
    И имам боцкање. Еве баш сега затоа и ме потсети да прашам.
    Во областа на јајниците, матката и доле баш доле како кај отворот како некој да ме боцка со игла
    Буц Буц буц неколку пати по ред
     
  8. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079

    и мене ме интересира ова,и јас беш денес осетив боцкање доле.
     
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.674
    Допаѓања:
    253.100
    Мамички само да ве поздравам и да се одјавам од темата :) .
    Имајте лесна и убава бременост, уживајте и во скоро време се надевам ќе се гушкате со тие мали бебушки :angel: .
    Не паничете, болките ќе ги препознаете, за во болница не се потресувајте, ви требаат само улошки и влажни марамици :D , и не се плашете.
    Мислам дека е најсоодветно да пишам во темата Породилни приказни, да ви кажам како поминав јас, па може некому моето искуство ќе му помогне :) .
    Не е воопшто страшно, така да знаете :P .

    Еленче спремај се, бебушка се токми да излегува, чепот паднал, сега следи отварање и оп бебенце ;) .
    Поздрав девојки, со лесно нека ви е, јас се префрлам во темата за бебе :) .
     
    На Snow-Queen, Srekicka, Jagoda123 и 6 други им се допаѓа ова.
  10. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.382
    Допаѓања:
    26.391
    Пол:
    Женски
    феминки бе јас денес пак нешто не сум арна :( ...сабајлето имав пак како розево а сега пред малку розево помешано со црвено но немам болки :sweat: што ке беше ова незнам :sweat: почнав да се плашам се надевам веке дека ке почнат и овие болки и дека бебушка ке излезе од мене ме измачи веке :rofl:
     
  11. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    ти и мене почна да ме плашиш :?: ај оди утре на док.
     
  12. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.382
    Допаѓања:
    26.391
    Пол:
    Женски
    ке видам уште утре од сабајле ако имам пак така ке одам или ако добијам болки :rofl: ,,,што е најтрагично маж ми е на пат не дај господе да ме фатат болки сама сум вечерва :sweat:
     
  13. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.978
    Допаѓања:
    90.447
    Пол:
    Женски
    Урмите за трудници
    Урмите го стимулираат утерусот преку негово регулирање и ги забрзуваат контракциите за породување. Утерусот е релативно голем мускулен орган и итно бара адекватно снабдување со природен шеќер во текот на породилните болки и породувањето. Како лаксативи, урмите се многу важни за бремени жени пред породувањето заради прочистување на дебелото црево и го помага породувањето.
    Диетичарите ги сметаат урмите за најдобра храна за жените кои треба да се породат и оние кои дојат. Тоа е затоа што урмите содржат елементи кои помагаат при ублажување на депресијата кај мајката и го збогатува млекото со сите елементи потребни за детето да биде здраво и отпорно на болести.
    Современите Диететски Институти денес ги препорачуваат урмите за деца кои се нервозни или хиперактивни, исто така ги препорачал урмите за срцеви проблеми, според одредени записи. Модерната наука исто така ја докажала ефективноста на урмите во превенцијата на болести на респираторниот систем.


    (јас не паѓам во оваа тема но моментално го читав оваа и сакав да го споделам со сите вас :) )
    Поздрав идни мамички :*
     
    На Agrona и Whitecloud95 им се допаѓа ова.
  14. Ayleenn

    Ayleenn Активен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    45
    Ајде и ние со бебушот нешто да ви пишеме мамички :) Се поретко ни успева да си легнеме порано во последно време, незнам на што се должи. Ама нема да се жалам многу, сеуште од почетокот до сега немам ама баш никакви мачнини ни ништо такво ( ќе чукнам во дрво да не се подречам), бев на испитувања за крв, хемоглобинот ми е 14ипол што било премногу за женско,дури и докторката се изненади и сега засега во тој поглед сум многу среќна. Дај Боже на сите да им е така.. :) Ама.. бидејќи секогаш мора да постои AMA.. хормоните ме мачат :( Cело време само нешто кенкам, ми се менува расположение.. не знам што да правам за да си го поправам расположениево :/ Важно здравјето и моето и неговото е во ред,па расположението малку важи :) За недела дена сме пак на контрола и ќе си дознаеме за сигурно какво е :) Ве поздравувам мамички и се надевам дека се е во ред и кај вас :)
     
    На f.r.o.s.i.c.e му/ѝ се допаѓа ова.
  15. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Добро утро и од мене.
    Ноќеска конечно ме совлда уморот и спиев повеќе од 3часа :rock: И тоа во кревет со мажето.
    Си легнав со него ко демек ај да се погушкаме пред да заспе тој, тоа и јас кома. Се разбудив дури во 5 :dance: Дека не ми е арно, не ми е,стандард-главата, вртоглавици, менструални болки минимални, боцкање ама многу сум среќна што спиев па сега и не мислам на тоа :D

    minne992 Навистина мислам дека треба да одиш во болница, само да те проверат. Тебе ти е страв, и претпоставувам дека сега со маж ти на пат стравот е поголем, и не сакам да те плашам повеќе ама веќе некое време викаш имаш таквов секрет, па размисли малце, да беше ова на почеток одма ќе отидеше,нели?
    Ако не друго стави секојдневна влошка и отиди на лекар и покажи му го секретот,ваљда ќе знае што е и што да прави.
    А ако ти дошло време за пораѓај, џабе ти одложуваш да појдеш, бебето ако е спремно да излезе ќе излезе без разлика дали ти си стигната во БТ или не, и без разлика дали мт е на пат или со тебе.
    Не сакам да звучам како да наметнувам мислње, тоа не ми е намерата, се надевам дека разбираш ти пишувам за твое добро и доброто на твоето бебче
     
  16. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.902
    Допаѓања:
    40.782
    Пол:
    Женски
    Јухуу женски денес бевме на лекар :) бебувка е Машко :)
    Убаво си напредува , пораснал веќе :D :D :D

    И ние одма да купиме нешто , живи радости :D :D

    Ете така
    поздрав и убав ден :hai:
     
    На kravce, Mishela, sabatini и 11 други им се допаѓа ова.
  17. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Што убаво Маченце Ена, една голема дадичка дома, и еден мал батко сега ќе и купиш, тамански! :*
    Минне, не се зафркавај! Мене исто вчера ми падна чепот, па сега секој ден одам на цтг и контроли! Оди на лекар, нека те прегледаат. Не е битно на кој лекар ќе одиш, оди кај првиот гинеколог. Важно е да провери дали се отвараш, да ги слушне тоновите на бебето. Триста компликации може да се случат, со влеот во 9-ти месец не е завршена работата. Сега во Чаир сешто се изнагледав, секакви судбини. Оди, да не си каснеш од дебелото месо од мака за не дај Боже. Не сакам да сум груба, само се плашам да не задоцниш. :( Во иста каша сум, затоа знам што ти зборувам!
    Инаку јас сум еден прст отворена, ама нема абер за повеќе. Во вторник сум пак кај мојот лекар, ќе ги собирам цтг-ата од викендов па треба да му ги однесам. Немам болки, освен повремени сечења долу, што според него е нормално во овој стадиум од бременоста. Буцка е 3 кг, врвот на главата веќе не се ни гледа. Конечно покажа лице, и тоа направила шмизлинска фаца со напрчено муце ко за сликање, на цела мака и се утепавме од смеење! :rofl:
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ayleenn

    Ayleenn Активен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    45
    Луѓе, а јас во 17та недела во кој месец сум? Не сакам да звучам просто, ама еве сега зборував со матичнава по телефон, и јас едни пресметки си правам она други хаха :D Не се совпаѓаме.. :rofl:
     
  19. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    bremenost/gestaciski-nedeli-t11933/
     
  20. Ayleenn

    Ayleenn Активен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    45
    Ејј фала ти.. јас мислев дека со 17та се влегува во 5ти месец,ама 18та било :)

    Сега гледам во таа тема дека имало уште многуу збунети како мене па се утешив :rofl:
     
    На elena.mak му/ѝ се допаѓа ова.