Добро утро и од мене Вчера јас тешев а денеска мене ми треба тешење Синоќа си го видов мажето мое пораснато ептен,човече малотежиме 1878гр а сме 30+ Ми се виде премногу за неделите а др плус спомна дека и стомачето е поголемо и одговара за 32+ ама демек големо бебе Ама јас некако загрижена ептен,цела вечер не спиев салам се мислам дека е нешто абнормално Утре ќе испитувам скриен шеќер мислат да не е до тоа Инаку генетски никој во фамилија нема крупни,јас и маж ми сме ситни па затоа ми е некако Некој со слични проценки??
Нема цвикање сега, никако, природно е да ти фуфка не велам не ама храбра мора да бидеш, те молам стисни заби,знаеш дека мора, што се мора мора се,нема назад враќање!! Слушај само инструкции, нема да те зафркнат!!!!! Ние те чекаме!! Не е тоа шутирање тоа е само поздрав до мама и лепо друштво. Одма ти шутирање брееејј ама си нежна Нека расте крофнулето нека уживка! Таа твоја бактерија више не е интересна ја да ти кажам, нек брка работа веќе, стварно е напаст!
Душо моја немам лично мое искуство, но од на пријателка пример ќе ти кажам дека пред да остане трудна имаше 45 к и се поправи во бременоста и роди природно, дете тешко 4,5 кила здраво право, а ни она ни маж и не се крупни баш ситни се.. ќе биде се во ред поубаво да е напредно пу пу машала радувај му се што си расте, со лесно
Да се радуваш што машала си е напредно. Исто е од сам старт и кај мене,понапред е и јас сум поголема во стомак а не да сум ситна и сите мои се ситни,од кај мм онака просечни. Јас па толкава паничарка за се и сешто,напротив се радувам што си е напредно. Те молам да не се притресуваш,и да си испиташ и шеќер и се ќе видиш дека си е нормално
Леле еве сум и јас се вратив сега од преглед...и стварно буричкањето со рака е ептен болно...и јас два пати до сега и па одпосле боли уште...ајде сега само со лесно.
@Софија 88 & @Happyinlove ве знам дека сум за ќотек, и мм синоќа ме караше ми вика ако беше мало па и за тоа ќе се нервираше нели,жени мора се да е под мерка па и беба А и колку се точни ова мерењава искрено нез ама факт дека секое бебе си е различно,мене Мк други мерења тука други и колку повеќе споредувам повеќе се измачувам и нервирам само. Уште утре да испитам скриен шеќер па да видиме Инаку ова килцево што го ставило од 26 та недела до сеа ја оправдува болката во препоните
@Yowannty Среќен роденден женска, да си здрава и жива се најубаво во иднина денес ќе си ја запознаеш бебка Ова времето ме тепа, метеопат сум кај се ме боли од хормониве, тежината па и времево хаоси е
хаха жениии, и ние вчера тоа коментиравме, кога дознав дека сум трудна му викав на маж ми зошто мене не ми се повраќа, лоши и немам нагони ...и си ја повикав бељата две недели сега раат не сум, дури и ослабев храна со очи нејкам да видам и он ми вика кога немаш еден симптом зошто немаш, а сега пак зошто го имам ова стално вика си наогаш работи за што да се секираш мозокот така ни е програмиран на лошо да мислиме изгледа, за дебел ќотек сме
Добро утро лепотици како ми сте денес? Од денес 21 недела сме.Читам во последно многу се жалите од неспиење јас да чукнам во дрво пупупу во 11 си легнувам и станување сабајлето без никакво будење по цела вечер. Незнам во иднина што ќе биде ама сега засега е така. @Gili B. Ајде миличка ќе правиме мекици денес биди силна за брзо ќе се гушкате со бебуш @Yowannty најсреќен миличка се најубо
Реков за ќотек сме ,сами си ја бараме бељата е после се жалиме, кај мене од кога престанаа мачнините апетит голем па јадев се пред мене е сега зошто бебе е поголемо нели? Нека биде со лесно до крај па да си се родат живи и здрави
Тампон за омекнување на грлото на матката. Ќе биде наскоро и породувањето, те молам само диши правилно и само на тоа фокусирај се на ништо друго. Џабе ќе викаш и се дереш нема да помогне. Само диши и издишувај полека. И не се плаши полесно е отколку што очекуваш. @Elena ena второво инат не му се излегува @Emma2 лапај ич не се секирај, пресели се до фрижидер. Еве јас немам апетит сега ич исчезна. Затоа лапкај си.
Немам каде па тука еве ме на клиника чекам да видиме дали ќе ме задржат се ми е измешано контракции болки немам не сум отворена ама има ептен луге и не луге јас знам дека н вработените им е ова рутина ама на Нас што посебно што рагаме прв пат ни е шпанско село со се и свашта во глава. Доагам на преглед и си одм цтг па ехо па ми вика соблечи се и ја прашувам за вагинално место да имаш одговор па како мислиш да рагаш. После одиме зашто сум прилично дебела што знам немора да ми го потенцираат дигни го повеќе стомакот и на крај ја прашувам колку е тешко бебето зашто одкако почнав од 36 на клиника никој не ми кажа колку тежи а сега сум 39 па не ти кажаа понеделникот толку ли тешко прашање поставив и со тежок одговор ми одговори 3500 ама горе доле со твојава килажа не се гледа многу па си викам во себе штоо воопшто гледаше до пред малку на ехо. Дојден на преглед чекаш да ти кажат нешто не си тераат си пишуваат а ако прашаш ко за врат да си ги фатил. Наместо да ме охрабри д ме спреминдека може и ке ме згрижат за порагај за да бидеш позитивен и да соработуваш они ти ствараат еден одбивен однос со милион мисли и оди рагај сега ти се ме мава во глава уф утешете ме некако се ми се плаче
Ах мамицата нивна! Пцуј бе мајка пцуј до трето колено! Многу сте фини жени абе згрми им да се помочаат на лице место. Овчари некултурни! Да ти го јадат * стомакот* да им речеш! И да ти се фатат. Ебем им све! Да додадам дека на 40 та недела ако ми се испонашаше некој ќе го изедеше за сите 40 недели издуплиран. Нервите ви се при крај решете ги ѓубрињата по болници!
И јас сум топ ама преку ден а навечер дежурам и потоа се успивам за на работа тоа ми е мана одсекогаш си спијам така па и повеќе Еве сега си одам од работа ке јадам и кома не станувам до 20ч На кој му беше роденден чекам тортааа обожавам благо @Yowannty нека е најсрекен секоја желба реалност
Слободно викај и карај се. Јас цели 8 месеци ја водев на клиника бременоста и поминав беспрекорно. Дента кога ме примија одличен прием се исто и на паталошка освен вечерта кога дојде трета смена ефна сестра и чистачка што мислеше дека е доктор или директор. Јас имав страшни болки кој многу викав значи ептен многу и упорно ми викаа да трпам болки дека мора да се отворам јас упорно им кажувам дека докторката моја ми кажала дека сум за царски и акоме фатат болки ноќта пак царски ќе биде. Не бре кој и да се симнуваше од горе да ме прегледа јас кажував дека сум за царски она им викаше дека лажам. Јас урлав а она си легнала во собата и на телефон си седи јас земав да ја сликам бидејки беше крајно безобразна и почна да урлаат заедно со чистачката. Среќа се симна асална докторка од горе и ме качија во предродилна. Цела болница ја кренав во вис и никој на оделение не спиеше од мене ама јас не бев виновна туку таа глупача која требаше да ја пријавам. Од операцијата и негата за мене и бебето на оделение сум презадоволна ама тие неколку саати што ми се еба мајката од таа лудача уште ми се траума. Сестрите на оделение после пораѓај се златни исто и кај бебињата ама во патолошка и те како треба една конторла да се направи.
Добро утро мешиња Ве читам ама не сум шкртнала ништо одамна Ние стасавме до полна 33та недела, ја ситниме 34та.. Во понеделникот се видовме со синко на редовна контрола и замислете веќе имаме и обравчиња, се стопив кога го видов Освен тоа што третово тромесечие е епизода од Survivor само по себе, се друго е во најдобар ред.. Неспиење, главоболка, прошетка до тоалет неколку пати во текот на ноќта и слично ми е на редовен дневен репертоар.. Ама па кога ќе видам на апликацииве дека уште 40 и неколку дена не делат од средба со бебе си викам дека секоја една болка и мака вреди, нема поубава награда од таа што не чека за кратко Наредна контрола ми рекоа за две недели ама заборавив да прашам, освен тој брис за GBS што го земаат, други брисеви се прават ли во 9ти? И оние кој што сте понапред, од кога почнавте со ЦТГ на клиниката каде што се породивте? Среќен роденден на @Yowannty и со лесно на @Gili B. и @lizaname. Сите да частите до крајот на денот, трудни жени јадат и торта и мекици без проблем!
Ќе му ја мислам после за слабеење, у краен случај кеј ми е до гз, па ваљда пола саат за трчање ќе можам да изнаоѓам некако.. поздрав бејби!