Требa цaрски дa бидaм нa зaкaжaнo oсвен нели,aкo не пукне вoдењaк или дa прoкрвaрaм пa директ дa oдaм нa цaрски. Акo речaт вaгинaлен преглед ќе им речaм aмa јaс цaрски ќе сум,ќе мoтaм нештo
Се ближи крајот нормално е.... Јас завршив со боледување, еве ме дома... Имав/имам контракции и ризик од предвремено породување мора да лежам дома... Не грижи се штом си 36+, кај мене контракции имаше во 34 ми рекоа дека треба да одмарам барем до 37
јас користев bello памперси бр. 1 ама една со мене што се породи роди машала голеко бебче и купуваа нови памперси бр.2 не знам почекај,кај нас такви работи носат домашните После пораѓајот како ќе им кажат сестрите
И по природа сум си нервозна ама у бременост мислам не се трпам тешко на тие околу мене.. во рок на 2 мин се претворам во ѓавол, наредни 2 сум помила и од маче Мене ми кажаа 1, фирма Памперс.
Некој што е 3та и 1ва смена споено... јас незнам што створење сум. До 3 саат не успана кога заспивам незнам ама 6 саат станата без аларм.... или не дај боже да ме фатил сонот па да станам за у вц заспивање јок ...
блазесити,јас спанка невидена. Откако ќе дојдам од работа денот цел го преспивам али ноќта слично како тебе,сепак 12-13 сати во спиење ми поминуваат
Каков народ сме значи катастрофа,култура нула.Бев да испитувам крв,и нормално си затанувам во ред да чекам...не е проблем што се изначекав иако сите ме гледаат со стомак до заби,никој да ти отстапи место на столче барем да седнам а не пак да те пуштат преку ред па уште женштурии се пикаат пред мене и се караат епа дотучна госпоѓо(ако воопшто може така да те наречам) со таквата култура да сум јас би те оставила цееел ден да чекаш и не би те примила на крај...така да си знаеш
Навистина не не бива,не дека сум бремена па ајде сакам третман посебен,него сезона на грип тука минимум во чекалните по 30 души,накострешени излегле прво да се караат па потоа да си ја завршат работата,него и вработените можат да направат ред деца и трудници предност да имаат да не чекаат
Точно,не дека сакам некој посебен третман,фала Богу немам ризична бременост па можам да чекам(освен сега омекнатото грло во 33 недела,кое веќе знае да претставува ризик) но не сум па и јас будала да дремам цел ден таму...Нејсе не е важно помина...Туку да треба и мора да се направи ред и да не се чека за деца и трудници.Ама далеку сме ние од тоа.
Труднички , добар ден Од денес почнувам да ве дружам на темава Минатата сабота видов две цртички , а на 11.2 закажав на гинеколог , па да видиме што испитувања ќе ми дадат да правам , сигурно ко за почеток крвна слика а за ехо рано е од прилика сум околу 3 недели трудна Сега пијам само фолна киселина , а ќе видиме друго што ќе ми дадат. Во првата бременост за превентива пиев железо , фолна и калциум. Се надевам се ќе е во ред Почнав да внимавам со храната повеќе зеленчук , овошје и месо да внесувам. Сакам да ве прашам колку кафиња на ден пиете? Јас аум голем обожавател на кафе , дали 3 кафиња на ден би било штетно?
Честитки, имај лесна бременост. Јас кафе воопшто не пијам бидејќи ми смета мирисот, а претходно не можев без него, мислам дека 1-2кафиња дневно нема да пречат
јеееј ајде со лесно мајче школска бременост да тераш можеш да земаш Магнезиум, за кафе ќе видиш сама, јас многу пиев ама првиот триместар ми се гадеше многу, од кај 7ми месец почнав да пијам по едно турско..
Со лесно женска. Јас кафе пијам по едно во денот од самата бременост. И пред тоа си пијав 1до2 кафиња
Јас по две турски цела бременост или едно турско едно нес. Ако си голем обожавател најди си безкофеинско и кркај си. Се е добро додека не се претера нели. Инаку од кај 5 месец намалив на едно оти толку и ми се пиеше.
Благодарам женски ќе гледам да не претерувам , да не пијам повеќе од 2 на ден. @FreeMind имам тука на работа безкофеинско и нес и еспресо Се уште не ми се гади од ништо моментално , сепак рано е пред некој ден прочитав на темава дека штетно било да се јаде ананас , а мене во минатата бременост ме тераше на повраќање а толку сакав да јадам.. ме интересира зошто е штетно?
Од кој град си? Во поликлиника Јане Сандански има посебна просторија само за деца и трудници,јас само таму одам еднаш месечно за крвна слика. И да, стварно мизерија народ сме, и тоа буквално сегде по институции, јавни објекти било што, абе во бус не ти станува а не па... стварно никаква совест, шлајм народ, бруки!! И после Цацко ни е крив кога ќе немаме ни држава... се напнав сега!
Мх мх што убава торта. Никогаш не сум била љубител на благо а сега во бременост по цел ден да јадам можам Инаку гледам млада мајка, што убаво 3ка ти е деф многу. Јас за првото зедов 1, така планирам и сега, но која фирма незнам ќе размислам Добро ни дојде Може да ти дадат и витамини, иначе кафр јас неможев да поднесам од 6ти месец некаде почнав по 1 на ден. 3 се некако мн, по 1,2 не верувам дека е штетно.
Смири живци Емке близначките ќе ти се лутат. Ова е општо позната ситуација, култура нула, осет нула. Така тераме од стално. Затоа немаме напредок. Сите ја сакаат Мк а сите гледаат да избегаат, а остај тоа се бунат за име и све друго. Ајде уживајте знаевме како е и претходно, па трудни не ќе се нервираме сега
Да од вчера сме дома се навикнуваме една на друга ( зошто она беше на интензивен дел, а јас доле) така да вчера ни беше прва вечер заедно. И око не затворив на секое кемкање на штрек. Али не е страшно, мислев дека ќе биде потешко. Оти не знаев дете во раце да фатам сега ја вртам како професионалец на седум дена и се доиме и се. Така да ич да не се плашите од ден потоа. Ехе какви деца подигнаа за нас не е ни тема за муабет Јас не си одам од темава додека не ве испратам до крај, ич не ме бркајте