Не е штетен, се верува дека предизвикува контракции. Али од некое парче на ден тоа сигурно нема да ти се деси на 3та недела Така да слободно да си јадеш и онака цел ананас не можеш да го свиткаш.
Да не си мрднала од тука Кај мислиш да одиш Супер што конечно мајка и ќерка се обединети Глеаш како одма ми подигаш дух кога те читам како одма излагаш на крај со работите, дека е се п***** дим, и мене ми е одма полесно да знаеш. Уживкајте си!!!
Јас ги станувам : Извинете да седнам, и таква со стомакот до заби, 10 мин. понапред кај општ лекар кога одам, ме знаат сите сестри и лекари и влегувам преку ред не чекам.... Во државна лаб кога одам, си кажувам бремена сум не можам да седам и и таму преку ред влегувам.... ми е гајле .. Кога бев 'празна' си чекав ред, ама сега ќе си почекаат
Сакам и јас да се надоврзам, кога кукав заради многу тешка бременост сите беа као леле тек што те чека сега уживај.. еве цел месец со бебе јас сега немам никаква посебна мака со грижата околу неа, колку и да е захтевна се е ова полесно од бременоста моја. Така да секој си е своја приказна, не дозволувајте да ви влијае на стравот заплашувањето дека најтешкото доаѓа после бременоста.
Не сме затоа јас и ти исти цела бременост и по До нас е верувај. Ете така треба. Извини ќе станеш или да те станам? Први се трудници па стари лица. Али во таа простотилок маса нема ред, затоа заеби ред спукај им!
Така ами како, свекрва ми вели: не се круши, в година пак ќе узреат... Деца се... Не се раѓаат секоја година
@koritsaki честитки ти посакувам лесна бременост за преглед мислам дека ке имаш јас имав ама ме врати за некоја недела пак да се провери а за кафе јас пијам по едно немам време за друго за едно ми требаат три часа хаха сама ке си осетиш како ти делуваат 1 или 2 мислам нема да ти сметаат ама ке си осетиш За чудо јас пак освен еднаш што си плачев што ми затворија врата од бус пред нос досега секаде добивам предност на каса во маркет во бус ми стануваат завчера во клиника исто за чудо не ми се веруваше добив и место и резултати преку ред чудно нели може ме гледаат ситна со огромно меше па се плашат да не ги боцнам и бегаат а и да има обратни нема да ме чудат повеќе ме зачудуваат добрите гестови зш не ги очекувам за другите се знае такви сме
Јас малку испаничена,да прашам дали имала некоја од Вас вакво искуство.На последниот брис испадна дека имам стрептокока,и матичната ме исплаши,ми рече ако после терапијата не се повлече,треба да одам на царски.Е сега пијам апчиња,ама во случај да не се повлече,матичната ми дава упат за царски или....?пошто знам на државно практикуваат природно,а постоела опасност за бебето ако се роди по природен пат.И ако треба да одам на царски,кога би требало?јас за 2 недели влагам во 9ти.
Изглеа симпатична си им Ја незнам каков третман би имала, ја дома седам цело време ама вака по кажувања верувам дека грото е дива лига без основна култура за се!
Не паничи не е страшно, за да не се зарази бебето затоа ср оди царски, кога одиш да се пораѓаш одиш со книшка и со последни резултати од брис и крв и мокраќа така да според тие документи они гледаат дали имаш индикација за царски, а за термин кога до царски ке ти кажат на контрола, кога ке е спремно бебе, можеш и да си закажеш датум ( ова со врски мислам на државно)
Да да симпластична со подочњаци до колена повеќе мислам дека ги плашам хаха искрено незнам секој ден од работа се вракам со бус и секој ден се чудам денес двајца ми правеа место и тоа повозрасни срам ми е да седнам а тие да стојат ама знаат да инсистираат за чудо пишам и не ми се верува сеуште има луѓе другите нема да ги рачунам
Јас во маркет припаѓав што од топло што од тежина, една гуска пред мене ме гледа дека не ми е ок и врти главата. Дали три работи имав за наплќње. Нз дали не родила или заборавила. Дури и на комшиите врата од лифт им држев да влезат пред мене. Како можат така, никад нема да сфатам.
Страшно невоспитани луѓе.Абе кога ќе сум излегла ко малечка со мајка ми и татко ми секогаш ме учеле дека на постари и на трудници секаде се отстапува место.Еднаш така имаше една бабичка која јас не ја забележав,татко ми само ми рече"најсреќна не ти е срам?"јас таква зачудена се вртам околу да видам што е работава и кога ја видов бабата станав ко попарена од срам што одма не сум ја приметила и не сум станала. Додека пак сега на денешно време дури родителите си го прибираат детето до нив да седне,нели нивното дете е најважно зошто тоа да стои на нозе кога може некој друг.Жално и срамота
Бебчо денеска е многу активна, цел стомак ми го прави лом, и некако ми е стегнат, 34+4 сум, Ви се има тоа десено, се тешам дека е нормално, матката се спрема за раѓање.