Јас и ти сме точно една недела разлика. Уф се надевам и мене ќе ми падне чепот другата недела И мило ми е што читам буцка 3кг. Се надевам и мојава толкава е, како почнала да расте може и повеќе ќе излезе МаченцеЕна, честитки за курето. Баш убаво, батко и дада . Ти го видов стомакот со првото бебче во една тема каде што имаш ставено слики.Јас мислев мене ми е голем стомаков, кога го видов твојот малце се утешив. како си издржала, јас мислам секој момент ќе пукнам.
Добар ден и од нас Ние од вчера вечер живи ненаспани со бебушко никако не си наоѓаме положба за спиење и си се бориме со киселините,на фраерот изгледа се потесно и потесно му доаѓа па гурка надоле во понеделник ке видиме што смислило Инаку немам болки никакви во кичмата али препоните и отворот доле боли катастрофално хихи бебушко за две недели качил 700 грама векје во 37 ке влегуваме а малото да е живо и здраво тежи 3600 кг а јас сум поправена непуни 8 ипол кила хахахах едвај чекам буцкото да го изгњавам
абе ај женски шо сторивте.. аа вие сите наеднаш ќе раѓате ... ај со лесно нека ви е ... мене ми се јаде лангиди ( мекици ) да ви кажам дека со душа чекам да ми дојде времето да раѓам да си ја видам мојата принцеза и да си ја гушнам.. а сега кога вие сте на прагот да станете мајки во вистинска смисла на зборот поубаво од тоа нема .... лелее шо убаво ајде со Бога напред да си се олесните
Фала женски да се врака со убавко Инаку captivating јас огромна бев во мешето во последниот месец Истото пак ме чека , уште сега почнува да расте и расте Со лесно на сите
Уфф леле и јас ситноо бројам,влегов во 38ма недела и 2 дена ...бев кај матичната,ми рече се е во ред,ми даде болнички упат и сега си очекуваме...последниве три дена имам некои менструални болки,доаѓаат и си одат,ми се стврднува како камен понекогаш стомакот,ама овојпат решив додека не се на кратки интервали и оние вистинските,не одам во болница ..домашниве се спремни веќе за мекици големи гозби и мноогу нетрпеливи,ама малово му е убаво уште во мешето на мама,па само се на штрек,да не офнам па спремни се одма да ме носат во болница п.с. иако од пусти страв ги прочитав сите методи за породување,дури и на царски помислував,сакав и тема нова да отворам за со вагиналети,гледав повеќето се задоволни,побрзо се отвара грлото на матката и тн...сепак решив од природно нема поубаво,навистина боли,ама ние сме мајките посилни од се и створени за тоа,па како е пишано,така нека биде,само позитивно мамички и со лесно на сите,ве гушкаме и имајте убав ден...
Здраво мамички како сте? Јас денеска поспано така на работа сакам домче да си одам да си легнам. Некако осеќам во стомакот како да ми е жешко како ладно, чудно чувство некое. Ме отепаа и киселини денес. А јадев пред малку лешници си викам да не ми е од нив, што знам. Поздрав убави мешиња и имајте убав викенд и галете си ги бебувчињата. Честитки мила со лесно да ти е, здраво и живо да е малото со сите нишани.
здраво Бремена сум 17 недела.Леукоцитите воо крвта ми се 13.6 некако ми изгледаат многу,во 9 10 недела ми беа 8.30 , а сега се многу повече.дали некоја има вакво искуство.позз
Mене леукоцитите во 8 недела ми беа 15, а сега веќе незнам? Не се секирај мене матичниот ми рече нормално било во бременост, јас баш не мислам така ама што да се прави мора да им се верува
феминки повторно јас ...пред малку бев на контрола ме прегледа докторката ми рече дека сум еден прст отворена но се уште имало време ...тоа што ми течи розево црвено тоа било некоја си инфекција и тоа поголема и ми рече лелеее мораш да ставаш вагиналетки што ми препиша една и на сабајле и на вечер зошто не било добро и за бебето главчето од тука ке му излегува...и тоа е тоа значи јас патам од некоја си инфекција затоа често пати имам розево скоро цела бременост но не му давав многу значенје на тоа али сега..... ,,,,јас мислев ке се породам пошто не можам веке да чекам но ништо ...лееле е што повеке чекам то повеке се нервирам
Без нервози minne,кога ќе му дојде времето само ќе се јави.. И јас само што се вратив од кај матичната,ме прегледа вагинално и јас сум еден прст само отворена,и ми кажа дека грлото на матката е подотворено т.е. омекнато е грлото на матката и со прсти му го напипа главчето на бебето, било малку крупничко и ми рече кај и да е да си бидеме спремни,за брзо ќе биде,уфф ајде со лесно на сите па и на мене
tuka sme znaci dvete da vidime koja ke rodi ,,a tebe koga ti e termin? i dali e opasno ova sto imam infekcija bas pred porojgaj? se izvinuvam za latinicava od tel pisuvam
Сите сме тука некаде,која порано која покасно,нема бегање инаку јас сум 38ма недела и 2 дена minne незнам која инфекција ја имаш,јас имав кандида пред една недела и ставав вагиналети канстен 3 и одма ми помина,само со употреба на 3 вагиналети,иако ми рече матичната да ставам уште 3,јас не ги продолжив,немаше потреба..
Добра веЧер мамички еве ме и мене на акуШерско одделение. Болки имам ни ме оставија да мирувам и ме следат бебето се завртило карлично,а вчера на прегледот си беШе со главчето мадолку. Ми рекоа да почекаме ако ме царски рез. Што мислите има ли Шанса да се заврти се плаШам од операција. Не знам како успеало толку да се измести
Смири се мила можеби има шанси да се заврти со главчето надолу, ако не па тоа е тоа ќе мора царски. Со лесно нека ти е и само со добра мисла.
Ne mi spomna za kakva infekcija se raboti samo mi gi dade ovie vaginaletki betadine 200mg i gino-daktarin 200mg edno na sabajle edno na vecer
Феминки со малиот сме добро, сеуште е свртен карлично, но подобро ни е. Денес бевме на цтг, докторот рече во понеделник да одам во болницата со торбица па со Господ напред што се вели, закажавме царски. До среда да полежам, па здравје во операциона сала. Криво лево ќе издржиме до среда со малиов уште малку да се дружиме преку меше. Од петок ако е Божја волја секако, ќе си се гушкаме. Малку не исплаши пред време, ама сепак се си оди во најдобар ред. Царски, царски, и тоа е добро. Ве гушкаме и бацкаме со синчето! Со лесно на сите трудници!
ај леле женички па читам во последно време ми изгледа сите се спремате за породување, ситно броите. Со лесно нека ви биде на сите, и да си родите живи и здрави мали ангелчиња. Ние сме супер, одлично си напредуваме, но денес поинтензивно ги почувствував болките во долнот дел на стомакот, како менструални, и почесто мокрам, веројатно тоа се должи на растењето на беблакот. Направив една чистка во плакарот за обувки, ги спакував сите кондури и чизми со високи потпетици, сега исклучиво само на рамно, и мала штикла да е осеќам дека ме болат нозе и кичма од нив. Понатаму здравје боже, и градеробата ќе ја подновиме со пошироко, сега засега уште влегувам во старите, иако и на фармерките и на некои панталони им направив чистка од плакарот Поздравче и убав викенд ви посакувам.
лелееее мамички на сите што сте при крај нека ви е со лесно, како песна да оди, чувајте позитивни мисли во главата и само напред, кога ве читам како ја да треба да се пораѓам ви пуштам среќичка