После 16 може веќе да се виде мада мене матичниот ми кажа дека најсигурно е после 18 недела така и во апликацијата ми пишуваше а и се зависи како ке е свтрено затоа на вториот скрининг со сигурност се кажува. Ке имаш време таман работа тоа е тек почеток и сепак најважно е бебушката да е како што треба да си расти и да се развива правилно
Два,три дена после мочање кога се бришам има некој густ обилен секрет на хартијата, бел накај жолт, како мрсули..се мислев чепот да не е. , ако не е чепот што друго би можело да е, да не е некој обичен секрет? По што да знам да разликувам?што читам имате како конци или крв во него, ова чисто стои..
Денеска го имав првото цтг 37+1 сум ама нема контракции мирно е. Ме гледаше на ехо ми рече бебе си е супер наместено како треба плодова вода доволно и дека постелката почнала да созрева имаше како кругчиња на неа. Ја бев мн возбудена бидејќи имав од време на време благи болки ама ништо нема на цтг. За една недела пак на цтг ми рече да одам
Zenski... abe nesto me zaboli stomak, kako linija me sece horizontalno na stomakvo gorniot del...zas taka?
Oд сoн ме стaнaa силни бoлки. Нaеднaш се пoјaчaa и пoсле некoлку мин се нaмaлијa нo не и дa исчезнaт. Првo штo нaпрaвив инстиктивнo трк вo вц зa пo гoлемa нуждa. Нaпнaв мaлку бев. Амa бoлки имa уште не ќе дa е дo тoa. Дa oстaнaм буднa дa чекaм aкo имaм пaк бoлки бoлницa дa oдaм или штo? * 3:52 ме стaнaa бoлките,легнaв. *4:10 нaеднaш пaк други. *4:16. The fuck? Некa ми стoи зaписникoт.
Да се пријавам и јас станав легнавме со свекрва ми во дневна на неспуштен кревет еднаш маж кога беше на пат спиев така убаво ми беше мислев па ќе ми биде ама не можам да се завртам се укочив и сега на стол си седам и носот ми тече и грло ме боли Вчера бев во маркет и имав болки во кичмата и долниот дел од стомакот ама ми помина и се јавив на докторката бидејќи правев крвна слика на 10, а на 23 бев на контрола и брис ми земаше кога да дојдам ми рече на 22 кој ќе чека до тогаш Инаку 35 недела сум
@srekice Happy birthday to you се најубаво во иднина @marchi-cool душо не грижи се, моето бебче беше со една недела плус цело време, сега си е таман за неделите само бутните коски ѝ се поголеми значи дека ќе биде високо дете, а и јас и мм сме високи.... Не грижи се штом си е во ред, се како што треба пол дознавме во 18 недела,па во 20та ми потврди ја... Женска е @Happyinlove јас имам таков притисок уште од 26та недела и болки во пубичната зона, нормално е да е така затоа што бебка веќе тежи сега во 35+ осеќам како на мембрана да опира бебка долу не знам како да го опишам тоа чувство ... Инаку Јовчевски го запознав јас, супер си е, фин и културен, и искрено прочитав многу позитивни коментари за него . Се надевам дека ќе биде тој за породувањето мое Иначе мака мачам со несоница.... Будна сум од 3-4 часот ми се спие, се ме боли бејби е активна, ме клоца на секое интересна и е мојава рака на стомак така комуницираме
Тука сум и јас уште дремам на стол се мислам една цедевита и едно кафе да си напраам ако си за ајде и мојава мрда ептен дури ме боли А што мислите до 22 би требало да издржам да не се породам? зашто имам болки
Хахахахаха лелеле на благо ме тера, им викам на моиве една цела торта можам да изедам ми се јаде благоооо забрана имам, заради висок крвен притисок и созреана постелка ... Свеки ми наполни една чинија овошје, ама џабе е сакам чоколадоо, убаво големо ... Бебка синоќа ќе излезеше мислам, цел стомак бранови го направи, на мм му е интересно, а мене ме боли, ми удира во црн дроб и желудникот.... Па долу мафта, се подмочнувам хаос, овој 9ти месец многу тежок @Natasa87 која недела си? До 22.02? сега видов тука така сме со термин, ќе издржиме и повеќе и јас сум со болки дремам дома на боледување
Дојди јас си направив сок од степ од шумско овошје и мене ми се јаде благо многу не да е тежок Да мене ми е термин 12 март ама како болки што имам не знам дали ќе издржам до тогаш
И јас не сум спиена, станата сум од 4, испратив мм на работа, ми ја испее хепи брдеј, синоќа бевме да пазаруваме украси за роденденот со желби догодина здравје со ќерка да го дочекаме Туку имав едно тирамису од вчера да одам да го дојадам
Јас ставав видермина вагиналети ми рече докторката 7 дена да ставам сега веќе нема таков секрет жолт има бел како вода не знам кои улошки ги користите? Јас морам да ставам инаку од ова како бело прање што ми е не може ѓаки да допереш јас земам на feel fine во болница какви ќе треба да носам @Nenna97 среќен роденден јас имам еден пудинг во фрижидер ама дека е стврднат не го сакам сакам додека е топол течен
@Nenna97 Happy birthday to you лелеле блазе тебе ама кај и да е и јас ќе се симнам да каснам нешто @Natasa87 јас купив секојдневни паломита некои, памучни убави... Брисевите ми беа негативни сите, ама заради исцедокот, ми даде матичната Микорил 3 вагиналети и предходно ми ги даде ми се среди веднаш.... За во болница спремав од Галафарм Влошки од оние големите ми ги препорача сестра која е вработена таму... Рече дека биле најдобри, јас зедов 2 пакувања зашто предходно имав обилни циклуси а и сега очекувам....
А за колку време би ни дошло? јас немам обилен циклус ми трае по 3 дена ама сега не знам , а и болно може да биде нели? да си знам
Уффф тоа не знам... Знам дека 40-45 дена имаш крварење, кај некои доаѓа порано иако дојат кај некои доаѓа подоцна после 6-9 месеци ... Познавајќи си го телото, кај мене веднаш ќе дојде точна ми е ко швајцарски часовник, и по тоа знаев дека сум бремена