Дали ве фатило несвестница во бременост? Ми се врти не можам да станам. Ова не ми се случило првиот пат.
^ и на мене ми се прави ептен тврд стомакот, пред да мрдне обавезно, се си мислам се оптега во стомакот, веќе нема место.
Не ми се случило ама мислам дека може да се случи (па нели во сите шпански серии се онесвестуваат и така дознававме дека се трудни ) Како си со крвна слика?
да,на работа секоја ден кога сум прва смена,станувам рано и после првиот саат на работа готово паѓам,морам надвор,легнувам на клупи инаку не поминува пред онесвестување сум. Провери железо. Ама мора да се истрпи.
Ќе проверам другава недела ми е тоа на ред. Последно арна беше крвта, ама сега поим немам што се случува. Фала ви девојки. Ќе пројде,мора да пројде како и се друго што поминува.
Мене на почеток многу ме фаќаа несвестици, а железото и хемоглобинот ми беа во ред цела бременост, во 8ми месец ми се намалија...По несвестицата на работа дознаа дека сум бремена, зашто не можев да се придвижам да си направам кафе...
Ама ова моево не е на почеток 5 и пол месеци сум и прв пат ми се случува. Во првата бременост имаше период кига имав слабо железо ама вака не ми било.можеби е од тоа, или од умор. Не сум седната јас сум цело време во акција со другово дете.
Примив инфуз, ама ништо не ми се гледаше вчера па заспав. Сабајле пак повратив.. и еве уште ме мачи желудникот... Има ли нешто што можам да се напијам за болки во желудник? Мрднав денеска
Нека си седат на топло, рано им е уште, мојата е 34+5, нека издржи уште 2 недели, иако имам мали контракции и на цтг до 8 покажува.
Епа од 5ти месец бебето интензивно почнува да си го влече железото од твојот организам, и крвта заслабнува. Затоа мислам дека ти е од тоа
Миличка мене гинекологот ми ги препиша гастро гард рече прво една таблета излижи да се смири желудникот па после да можеш да јадиш малку ама мене воопшто не ми помогнаа јас пак мислам од нив повеќе повраќав
И мене од тогаш ми почнаа контракциите, само што одеа до 80, и завршив на боледување... Не знам зошто им се брза, има ова моево уште 30 дена до излез
@Adeline исто скрос, во исто време и ребра ми удара и кај папук се испакнува и доле кај мочен меур . Вчера баш еден таков момент снимав на телефон, да си имам за успомен. @Софија 88 , мислам дека не постои апликатор за утрогестан. Јас уште користам по едно навечер и го ставам со прст до крај колку можам
Да на почетокот на бременоста ( околу 12 недела) се онесвестив 2 пати. После тоа знаеше да ми се стемни пред очи од време на време ако стојам подолго време во едно место ( често пред шпорет кога готвев) .