Да,Ме уби 34 недела сум цела вечер неспиев како што треба и еве ме сега страв ми е на работа да тргнам
Земи 1 лажичка кафе така свежо . Ке те смири малку. Касни и банана , за Линекс незнам дали смееш , прашај во аптека сигурно ќе ти кажат.
Фала ке пробам инаку ме здрви со коментарот што ти е пишан за имапаркт додека видам дека не е за мене рано ми е мене
Јас пиев Линекс 24 недела,баш денот кога правев втор скрининг кај Димчев и го прашав рече ок е,не смета..имав страшни грчеви тие ден-два,како вирус,течна столица но помина..
Поздрав до трета смена @FreeMind имаме добра замена. @***Bony*** смееш Линекс, слободно пиј. Јас пиев во бременоста 2 тури антибиотик па со нив обавезно Линекс, проверено.
И јас се мачам со спиењето,од сношти ме фати главоболка и еве пак се будам уште ме боли..Стално како недоспиена се осеќам периодов,вчера посебно напорен ден од сабајле излезена,вечер дури се прибрав и преморена касно заспав.. Сега после 3-4 часа еве ме будна...а очи и глава ме тежат и некоја топлина осеќам,ќе се напијам парацетамол не бива .
Трета смена е најинтересна, цел свет спие ти се мислиш дали Шарлот стиснала тост пред да легне и дали и ти да станеш да стиснеш. И така со месеци Што тостови изедов овие девет месеци ми е срам кечапот и мајонезот да ги гледам. Имав само два дена киселини, а малата се роди со косичка. Така да киселините и косата се исто како Баба Рада и медицината.
Бебле расте умен на мајка е цел . Умен освен кога е гладен. Вие како сте? @FreeMind тост ехеее од кога немам каснато. Ни мајонез. Абе го претерав. За слабеење биле супер. Родив и шланг сум. Лелее стварно, колку јадев мислев буре не ми е рамно. Киселините немаат врска со коса, се е до тоа како бебе е поставено. Цркав од киселини. Иначе и ние со фризура се родивме. Му ја замазнувам на десно, никако на лево да не биде лев.
Во паника ништо незнам а неколку пати имав прочитано ама ете, фала ти на советот Леле душа ептен ситно броиш ти т.с изброено е веќе ајде поскоро и најлесно да поминиш па да се гушкаш со бебушка
@Charlotte* мене па ми е смешна нагоре и ја кревам како рокерка и кога ќе се намршти како мене ми е уште посмешна. Денес на патец ќе и ја ставам, ако не сега кога ќе ги експериметира 70те
Еднo прaшaње: дaли и јaс смеaм дa гo зaдржaм прaвoтo нa пишувaње и читaње вo темaтa кaкo мoник и фримaјнд. Имaјте милoст 9 месеци бев oвде.
Мешињаа добро утро и од мене. До сега немав проблеми со спиење освен некои ноќи кога ќе ми се јавеа киселини ама тоа беа неколку ноќи.бебчево ноќе си е мн мирно кога спијам или спие и тоа или ја не го чуствувам. Кога ќе се разбудам по некое време ќе почне и тоа да мрдка. Утрово се разбудив негде пред 6 за во вц и од тогаш неможам да запијам. Почнаа мисли да ми се вртат за пораѓајот што како ќе биде страв почна да ме фаќа. Од прилика знам како е и колку многу боли бидејќи имам една бременост неуспешна која заврши во 6ти месец се пораѓав природно и знам колку ме болеше и сите слики ми се враќаат од таа ноќ. Почна паника да ме фаќа како ќе се снјадам овој пат сега сум 37+3. Има ли некоја др што ја фаќа паника? Хаха до сега не ми се случило ама како почна да ближи времево ме фаќа страв и паника