Нема зошто да се плашиш. Ете , најстрашното поминало . Сега следуваат само убави денови. Мисли позитивно и без паника. Сите ке поминеме низ истото. Мене повеќе ми беше страв на почетокот на бременоста , дали се ке биде ок , дали ке чуеме срце во 6 недела ( бидејќи во 2017 имав спонтан ,немаше срцева реакција па завршив на киретажа) , дали ке издржам до 9- ти месец. Еве сега и 10- ти го фатив и уште не му се излегува. Како што велеше @FreeMind на крајот веќе нема место за страв
Па и ја така цела бременост ја поминав со страв со оглед на првата што така ми заврши и само викав да дојдам до 9ти да се опуштам веќе да не се плашам хахах и наеднаш ме фана паника
Јас само да ве поздравам сите, а посебно оние што цупкаат и бројат денови до пораѓај. Денес не се фалам, не се жалам, нешто ми е ама не знам што. Кога ќе знам ќе пишам во детали
Добро утро мешковци, мене ме разбудија болки и нагон зс во вц, па само што легнав пукна водењакот и поплавив дома во болница сум сега, немам уште некои неиздржливи болки така да верувам дека ќе потрае ова
@123baby провери во сара фешн за градник.... Добро, да прашам, одите на работа во ова време на грипови? Јас уште се мислам дали да продолжам боледување и да седам дома или да одам на работа...
Сите мислиме помалку или повеќе како,што ќе биде..Но мислам и да постои страв некој,штом дојде моментот и те качат на бокс,забораваш на се,стискаш заби и се појавува некое силно чувство на храброст кое те води и држи јак цело време..Тоа е тоа што не се опишува и потоа те прави да бидеш и добра мајка иако претходно можеби не си фатила бебе во живот..Се е тоа мајчинска храброст и инстинкт Кај тебе е посебно разбирливо после такво искуство да се плашиш,но сега штом си дошла до крај,верувај се ќе биде во ред
Ајде со лесно мајка и за брзо да си се гушкате со бебушот Ако си отворена нема зошто долго да трае, ќе ти дадат провокација, ако не си ќе почекаш ама ти ќе правиш чучњеви и ќе шеташ за побрзо да се отвориш.
Девојче, искуството што си го поминала и е грдо и нормално е да те фаќаат паники. Ама позитивно, сега е поинаку. Нема од што да ти е страв, како сите, така и ти, сите родиле, ќе родиш и ти. И верувај, сега кога е се нормачно, кога ќе се качиш на бокс се ќе заборавиш, ќе гледаш само побрзо да излезе бебо. Со лесно и само позитивно ;*
Фала ви на сите за подршката сите со лесно да поминеме кога ќе дојде денот и да си се гушкаме со бебчињата
Мене ме фаќаат менструални болки по малку осеќам пецкање во стомакот зошто така? и пишав на докторката за мокрачата дека ми е портокалова ми рече да пијам чај од брусница и кога и реков дека имам менструални болки ми рече да земам магнезиум едно насабајле едно навечер
Ајде уште едно германче стасува Ќе ти пуштат за брзо провокации и се ќе помине за минута. Значи да повторам само диши и се ќе се биде во ред. Ајде мила моја опуштено и насмеано го чекаме бебулето