Добар ден мамички.. да ве поздравиме јас и ќеркичката моја од првиот ден во седмиот месец ... да да седми месец сме веќе леле колку брзо помина времето.. еве веќе у последното тримесечје сме и многу сум среќна... ќе почнам полека полека и јас ситно да бројам.. ај со Бога напред да помине се како шо треба до крајот... ве поздравувам сите и ве гушкам
Hhhh...bas sme site tuka nekade nie sme vo ponedelnik na kontrola pa ke vi kazeme dali sme otvoreni nego klocko pritiska dole otvorot mnogu me boli, ne mozam da odam gaze debelko na majka ajde mamicki samo so lesno da pomineme **
Леле колку мамички наскоро ќе ни се породат Блазе вас ќе си се гушнете со бебушите. Ќе го имате најубавото новогодишно пакетче. Јас сум уште на почеток 11 недела, и едвај чекам да дојде мигот кога ќе почнам да размислувам за пораѓај
Гледам јас ќе се најдеме сите по породилиштава! Општа журка ќе направиме некоја, весело ќе биде! Сега се смеам, ама којзнае колку ќе ми биде смешно кога ќе ме фатам болките, хахахаха! Одвај чекам море, само би сакала да почека буцка барем до крајот на наредната недела, да ја призавршам 37 недела, да се приближам до 38. Нека не брза многу! Спремни сме скроз, двете торби спакувани и средени, докторот на повик, мекици и останато договорени, абе ми иде да земам да скокам од радост! Буквално како вчера да беше кога чека да не добијам, кога имав залиха на минимум 10 теста во купатило, а сега се спремам да ја гушнам буцка! Аххххх, чудни се патиштата Господови, треба да се испомине се за да се стигне до целта. Ништо не би променила, колку научив за себе во таа голгота. Иако се надевам дека нема да ја поминувам пак за наредно дете. Во понеделник ќе го наместиме и креветчето, последните парталчиња ги пренесуваме во станот, ќе биде ова се наеднаш - нова дома и ново малечко семејство!
На сите што сте на крај со лесно на пораѓај Елена се потсетив јас со првото, само што влеговме во новиот стан, уште неможев да се приспособам, ама за 10 дена се породив и така се ново до ново,еххххх......
Имењаче ајде немора да значи дека и за второ исто ке поминеш Ние се селевме кога бев 9ти месец, само две недели пред да се роди малата беше весело , ја мотиравме детската соба се спремно , јас ко слон бев едвај се движев Ама најубавко во своја дома , со дојдовме со бебе Сега исто ке си бидеме во оваа дома , се додека не пораснат ...за некои 2 до 3 години и ке стане тесно како и да е ... Имајте убав ден
И јас ја очекувам бебушка во секој момент, имам уште 4 дена до термин а малата се нема ни спуштено што значи големи се шансите да ја надносам
ситно ситноооооооооооо не можам да дочекам среда да одам на контрола, ама некако осеќам ова бебушов час ми е горе час доле којзнае шо финти ми прави а едвај го чекам ко лебче топло маргаринче
Mамицки јас инаку сум 29 недела бев на контрола у државна кај доктор горан кочовски i mi kажа дека мозе ке се породам таму после нова година до 20 јануар засто сум дијабетицар и имам проблеми со срце и притисок и морам од 15 декември да поцнам со CTG знаци порано за да бидеме во тек со се засто никогаш не се знае .Инаку мојата керкицка си расте и доста е активна и здрава пеперутка моја само зива и здрава да ја родам ама секако и јас задрава да бидам за да мозам да си негувам сакам и израстам мојата убавица поздрав мамички и дали имала некоја искуство да се породи пред термин и дали има некоја која е дијабетицар усте пред бременост како мене и како се справува со се поздрав
gjul една моја пријателка исто дијабетичар , со која во исто време бевме бремени се породи некои 3 до 4 недели порано . Си имаше најнормална бременост , Детето си се роди со нормална килажа 3ипол кг ... Така да ... само позитивно Ќе биде се во ред
значи не знам колку е ова нормално ама јас сум мртва уморна во 29 недела нојке не можам да спијам од прејаки болки во плешките ги осејчам како на менгеме да ми се стегнати.ако легнам на грб желудечот почнува да ме боли и не можам воздух да си земам.преку нојче на секој сат станувам за до wc и едвај стигнувам до таму колкот од десна страна ме боли само што че згазнам на нога.долу ми је вагината потечена баш како пред порајгај и кога се бришам ме наболува и некако ептен грдо ми е.се плашам дане направам беља дане се породам пред време недај боже многу ми је страв.си пукнав од плачење овије 2 дена
аиии залосна те молам не плаци и јас умс истата нели сме со недели исто уфф неподносливо е ама све за насиве срцки ..ајде ке биди усте малку ке издрзиме ...
И јас имам болки како темпирана сум, секој ден откако помине 22-23 почнуваат. Мм ме масира, но не поминуваат туку само малку ми се опушта половинава, грбов и нозеве. Жалосна појди кај гинекологот зошто кажуваш имаш проблеми и со вагина и те тепаат лоши мисли, а тоа не е добро мила. Само позитивно ќе издржиме. Еве кај мене остана уште месец ипол, не е малку ама па не е ни многу. Мене ми изглда како вечност. Поздрав
ај си реков гомити да не трчам одма на док. па пробав да го дуплирам магнезиумот демек за да ми се смират болките и грчевите ама си направив уште една беља ме фати и прол.... од нив и сега стварно че морам да појдам ма да ми е страв дане ме разчепка долу.а и несум ни сигурна дали че ме зирни долу посто стално само на ехо ме гледа долу ме нема проверено вејче 5 месеци ни брисеви ми зема нит ништо.скапан док.. како ме нервира
Па нека ти даде упат за проверка на крв и мокрача мислам дека мора да ти води евиденција дали имаш промени. Јас секој месец пред да одам на преглед проверувам и ако има нешто намалено, покачено, бактерија или слично си земам терапија без разлика дали вагиналети или витамини. Во ПАПот имаше бактерија и за тоа примав терапија и јас и мм откако се заврши терапијата следуваше контролен пап. Гледам дека си 30 недела, а до сега би требало по некоја логика да имаш направено пап и вагинални брисеви. Незнам што да ти речам во краен случај смени доктор или барем појди кај друг на приватно да не испадне после не дај Боже да е доцна за некои работи ако веќе имаш проблем.
на секој 4 недели кога одам кај него на контрола ми земаат мокрача и крв од прст (се је ок со крвта и мокрачата а и килажата)од вена ми има 2 пати земано до сега еднаш на почетокот и еднаш во 20та недела а тоа што пишуваш вагинални брисеви ниту еднаш не ми земал.едино во болниц- кога лежев во 13та недела пошто имав кафеав изцедок е тогаш ми земаја брис и се беше ок мислам немав никаква инфекциа
мене ми имаат земано крв и од прст.. зависи шо ќе напише докторот на упатот. мамички сега бебчето мрдеше и си ставив од тие слушалките како ги викаа за диши диши ( мислам беа на С ) да видам какви звуци се прават у стомак ама ништо не се слушна а тоа што осеќам пулс на стомак цело време.. дали е тоа од бебчето многу нежно чукање... ја и на тикерот гледам ми пишува дека можело да се слушне срцето ???????????
Стетоскоп Јас не сум сигурна, но мислам дека на тој начин освен својот пулс и звуците на твоите црева, не е возможно да го слушнеш срцето и движењето на бебето. Ако грешам нека ме поправи некој, па да почнам да се занимавам и јас со стетоскопот. Интересно звучи!
Може да се слушне, ама мака ќе измачите додека да го најдете пулсот! Најсериозно ви викам, на себе неможев две недели, одвај успеав. А да не ви кажувам на колку животни токму така им одредувам срцева акција, од кутре до крава, ама на себе е тешко. Ќе ве буни сопствениот пулс. Држете ја едната рака на вратот, на вената што пулсира најсилно, а со другата барајте. Тоа што е скоро дупло побрзо од вашиот пулс а не е како гребење, тоа е! Со среќа, па кажете што сте направиле!