Средив работа со линекс ама сега ми е страв било што да каснам незнам што ми бидна утрово ама се надевам помина фала ти
Читам и неможам да добројам колку денес се решиле да изненадат ама ако убаво е чувството и јас сум возбудена за вас чекаме инфо за нови водолии убав ден и со лесно на сите
а јас пак сакам безболно (остај многу ми е рано) и јас одвреме навреме имам менструални болки но слаби а некогаш и јајници ме наболуваат. Ама уште до средина не сум стигнала. На почеток сум.
Со лесно на сите мајкички чии бебуши решиле да пристигнат на овој свет Ви ја пуштам сета среќа Што побрзо да се гушкате со најмилите Сега гледам си прашувала за линекс ,безбеден е да и јас имам пиено, тоа е само пробиотик Инаку јас често си имам течна столица ама открив дека ми е од магнезиумот одма ми делува тоа чудо
Да, Магнезиум директно венски, се смирија болките, сега сум океј ама строго лежење зашто ми се јавуваат пак кога ќе се раздвижам... Јас ништо не прочитав, со лесно нека Ви е на сите... @marchi-cool седи лежи и квачи, ти си на почеток инаку моево беше безболно зашто мислев дека бејби клоца  а тоа ти биле контракции
Железото ми е 5. Хемоглобинот 9 ми дадоа тотхема ампули 10 па хеферол апчиња. Имавте подобрување од оваа терапија или да си земам нешто плус природно што си земате. Повејќе доверба во вас имам
Леле јас пак прво што направив земав магнезиум да ја смирам малку симфонијата во стомакот да не го уплаши бебето многу ретко го користам и не сум имала досега проблем со него. Важно се среди се на крај и нека не се врака
Ќе се смират цревцата од линексот не се грижи,јади повеќе двопек, јогурт, ќе помини Инаку да магнезиумот ја нормализирал и опуштал цревната мускулатура и јас се чудев, ама важно имам лек за запек и тоа одма
Леле ја тотхемата ич не ја сакам ми се вртеше од неа ама одма делува од неколку само, јас сум моментално на терапија почнав со флорадикс сируп по три пати на ден а сега со малтофер капки кои многу се добри за недела дена од 5.3 на 9.6 качив серумско а хем од 75 на 96 ама не сум престанала со терапија ке ја примам до крај плус секојдневно го имам овој режим кој ти го предлагам: - чај од семе од коприва - мед со семе од коприва со две лажички на ден ( јас со чајот ги земам) - чеден сок од цвекло, морков лимон и јаболко - аронија - органско какао (плодот) по 3 на ден Тоа е она што јас земам и успеав да ја средам за недела дена баш сакам да видам оваа недела какви ке се резултатите пак ке испитам Исто можеш маџун, какао варено и најважно е да имаш месо барем 3 пати неделно нешто што најмалку сакам пробај ке има ефект сигурно
@Ygritte ти само лежи и одмарај, бебка ќе си поседи уште некое време кај мама во меше. Инаку и мене магнезиумот ми прави течна столица, кога земам два пати на ден, одма ми делува. Па затоа намалив на едно дневно.
Мешковци колку често икаат вашите бебушки? Моево веќе 3 дена по ред во текот на денот ика 3-4пати нормално е? Дури сабајле кога се разбудив во 5ч веднаш почна да ика а не бев ништо јадена, обично демек на вкусови реагирале така
Не реагираат така на вкусови него си пијат од плодовата затоа икаат, кај мене ика по неколку пати во ден и знае и по 10 мин да држи, нормално е
Jas samo so priroden sok od cveklo, morkov i jabolko go krenav zelezovo. Bas sokovnik kupiv sprcijalno za to.
Женски топчести како е? Јас сега се прибирам, кафенца, ручече, парк шемиче.. жити за викенд само да живнам малце... Иначе, од вчера завчера почнав да ги осеќам малечкиве потстанарки, живи радости сум...туку шилче ќе ми се напраи дур лежам или ако се свртам на страна одма се испакнува и пипкам... И маж ми му дадов да осети, ми вика ко Alien , 8ми Патник сум била му реков дека е језив да брка работа