И јас на почеток пиев флорадикс,добар е,ми се покачи жежезото...Сега пијам тотхема исто ми се гади,едвај ги поднесувам,имам уште 2 ампули и да преминам на нешто друго..За малтофер капките сум слушала дека се добри и да појачам уште нешто на природна база
Кога нешто пулсира, како срценце чука на исто место во рок од 5-10 мин,дури и рака да ставиш се осеќа,душички
Можеш да ни кажеш што беше причината за неуспехот? Јас кај и да е ќе влезам во 6ти и сеа еве одма параноја ми се направи...додуша паника за било што ми се прави ако прочитам трагични стории Ако ти е премногу мачно да се навраќаш, батали, извини!
Причината не се ни откри. На резултатите од обдукцијата пишуваше одлепување на постелка а која е причината за одлепувањето незнам. Сите испитувања што ги направив после тоа беа супер. Докторката што ме пораѓаше сметаше дека е некоја инфекција ама па брисеви правев две недели пред да се случи тоа беа чисти и после тоа пак правев и тие чисти. И никој незнае да каже што е точно причината. Само ми рекоа се почесто се случува воа а причините никој не знае што се...
Благодарам на одговорот, уште повеќе се замислив сега но живи били па видели...здравје само.. Со среќа да ни е... Господ напомош!
@Ringishpil_ и моето бебе ика неколку пати во текот на денот, исто го осеќам и во текот на ноќта кога ќе се разбудам. Јас се радувам кога ика, прочитав дека така се учат да дишат уште во мешето
Кај мене во стомак икаше многу, на јаве повторно ика многу Она што јас можам да кажам за она што си го прочитала е дека има одличен ритмус на цицање и издишување развиено. Така да може да има некоја поврзаност.
@Imparkt @Vaga~ до каде сте, се гушкате ли со бебушите и затоа не заборавивте? Ве нема сеуште во темата се породив, ајде пишете па @TeddyGrey да го ажурира списокот со термини
Добро вечер женски како сте ми јас седнав да јадам чипс , стрвна сум уште од сабајлето ама чекав да се најадам ручек прво. За ручек јадев риби со салата и нормално дека ќе огладнев брзо инаку од пред саат време почнаа некои грчеви на момент да ми се јавуваат (како пред добивање) , а не кревам паника зошто знам дека ептен на почеток така беше и со ќерка ми. Уфф ајде чекам да дојде понеделник да видам што ќе речат на доктор
Јас па тебе те чекам изненадно од нигде никаде да пишеш готово завршив работа Вага е сигурно породена до сега али слабо нет по болниците германски, па ќе почекаме.
Уште не сме Нема уште ништо јас сум дома цел ден со слаби болки и со розев исцедок чепот се цеди само 1 цм бев отворена и чекам сега појаки болки и пак накај болница
Емааа ке јадеш котек извини помала сум ама морав да пишам се нервирам ти ке ја имаш најлесната бременост и треба со таа мисла да се водиш со крај и така и ке биде само позитивно плиссс те и тебе и твоите бебушки за нив вреде да се бориме
Добро мила не ме тепај...еве готово прекинувам со лоши мисли, само позитива и радост... гууууууш силееееен...
Чути аман страв ме фаќа, скоро 10 до сега ги налупав. Првото во 18-19,а сега второво во 14. Квачки на куп