И јас исто мислев ке биде но еве утрово ме разбуди дијареа и ја средив за кратко со апче ама цел ден потоа ми се случува ова почна да ме загрижува ...
Јас постојано подждригнувам. Не по секое јадење буквално ама во денот едно 6-7 пати сигурно а може и повеќе зависи од храната. Немам приметено од која храна, но после под ждригнување ми иде убаво,и си го сметам за нормална појава во бременоста. Иначе исто немам ни повраќање ни јас. Нормално е без гајле кај многу трудници се случува. Позз и убав неделен ден.
Јас па си имам мака со икање. По еднаш икнувам така јако гласно не бираме ни време ни место хаха многу пати во фенот ми се случува така да икнам/штуцнам како стара баба
И јас пијам тотхема 2 пати во денот. Железото 4.8, хемоглобинот 99 катастрофа Мене ми е убава па за пиење изгледа единствена сум, ја растворам во пола чаша сок од јаболко и ја мавам на екс со по едно Витамин Ц.. Во мегувреме си правам смути од банана, аронија и свеж спанаќ, па ке видиме за една недела треба да проверам како е.. Спанаќ, аронија и цвекло конзумирај почесто и ке се среди.
Добро утро девојки јас веќе си го пијам утринското кафе кој е за нека повели. Гледам денеска времево ќе биде убаво па планирам да си се средам да се нашминкам и ќе му ја дувнам надвор да го искористиме сонцето малку. Како сте вие женски? Имаме нови мамички? Вчера имаше многу пријавени ама не гледам потврда дека некоја се олеснила?
И јас го пијам утринското кафенце се печам на сонце, малку да го искористам, си правам планови за денов каде и со кого да шетнам, си бројам бебиња за да видам уште колку сум јас на ред Туку гледам во термини на @MACKICA1902 веќе и поминал терминот, второ бебуле и е, ама ја нема активна долго време за да видиме дали се олеснила. Ако да, со среќа нека ти е женче.
Луѓе уште 2, 3 дена до термин сум абе абер немам ни од болки ни од контракции ниту ништо..е аман веќе, окапав..
Ме изнасмеа Исто како јас што се жалев до пред два месеца, дека се осеќам како крава и служам само како млекара Живи и здрави да сте, и имајте убав доенечки стаж!
Неможам да најдам низ темата незнам точно кога се правеше муабет од каде ги купувавте мрежестите гаќи?
јас никогаш претходно не сим подждригнувала ни во првата бременост а сега секоЈ ден по 1000 пати а не знам од што,и морам само мастики и бонбони да вртам низ уста. и јас сум во план за истото. Станав рано сега ќе дремнам малку па околу пладне одеме на шетња.
Девојки мене ми ги прекинаа и прогестеронот депо кои ги примав 1 на 4 дена,и криноне гелот што го ставав секоја вечер.Како ќе продолжам без поддршка?12недела сум.Да ги земам сама на своја рака,барем едното,кринонот.Ви благодарам
Мила прогестерон депо и мене ми спомнаа дека до 12 недела ќе ги примам, јас еднаш неделно ги ставам, со тоа што утрогестан/кринон не ми кажаа што како, веројатно и понатаму, ...не се плаши сигурно сметаат дека ќе можеш и без него да тераш и дека се е во ред, на своја рака јас искрено не би земала ...инаку потполно те свакам, и јас секогаш си правам филмови зошто сега мене вака, а не онака и сл.како малце терапии да се изнапримав па си барам уште Труднички дали пиете калциум ( таблети ) ? И ако да од која недела почнавте и од која фирма колку мг ? Читам потребни се во бременоста али од кога, како незнам, бидејќи имам проблем со исхраната не можам баш да внесувам на тој начин ..
@Martka нема потреба да ги продолжуваш, штом ти ги прекинале значи се си е во ред, не се секирај. Слушај го докторот и гали меше
и јас знам дека треба да се пие само не знам дали ги има во составот на апчињата кои ми ги препорача докторот. Инаку сега ми текна да прашам а уште од поодамна се мислев. Имало некои апчиња што се пиеле за да не се расипуваат забите во бременоста а и за бебенцето да може да развие здрави заби. Една трудница на работа ми зборуваше за нив. Дали некоја е запознаена со такви? Дали некоја користи?
Уште да прашам до кај е @Eni.r , дали се смирија болките или се појачаа, и се губам до вечер, да шетнам малку за да престане да ми врти мозокот околу породување и породилни болки
Нема зошто да се грижиш. Мене ми рекоа после 12та недела плацентата ја превземала улогата за прогестерон.