Не сакаат бебиња да излезат си пливаат си уживаат знам како ти е и јас тоа го доживувам исто еднаш бев еден прст отворена после неколку дена ниеден чудно ам ете тоа е а утре ми е последен термин а јас абер немам сабајле одам на клиника па што биде ќе видиме ама ке се олесниме и ние кај и да е. Викендов сум се изнауживала се исподоговорив со сите си излеговме со друштво и тоа уште во петокот ги договорив сите одкако ми рекоа добро е дојди во понеделник.
Топла купка направи ли? Кој шо сака нека вика ти ке раѓаш Наполни када со колку можеш да трпиш топла да не речам жешка вода и лежи во неа Ке ти се засилат контракциите и ке се отварсш Ти најверојатно имаш почетни болки а цтг не ги регистрира Ако можеш и на друго цтг да изодиш
Секогаш за проверка користи го спиењето. Ако заспиеш лажни се, ако не оди пак до болница. Иначе јас се пораѓав и се отварав, а цтг покажуваше максимално 80 контракции. Ми рекоа дека не може вистински да ги измери. Така да немај верба во тоа. Не се нервирај. Ако си заспала лажни се.
Налет веќе со ова неспиење. Откако сум дома деновиве наместо да одморам фино, јас сум зомби. Легнав во 1, станав во 3:30 за мочање по 100ти пат веќе и еве ме си дремам. А нешто дремка не чувствувам дека ќе доаѓа во скоро време. Либево до мене во длабок сон и не ме ни регистрира, јас де лежам, де се шетам и пробувам да одолеам на искушението да го отворам фрижидерон и да се нагнетам.
Водењакот немора воопшто да пукне. Мене со првото во болница ми го пукнаа и за 2 мин излезе бебко Барем ти помогна за побрзо отварање или ? И мене со првото ме вратија дома као нема болки не сум отворена уште , а јас имав болки баш како ти што опиша. Ми рекоа за 2 дена да дојдам на преглед а јас веќе синчето си го држев во раце, вечерто се породив
Еве сум јас, си пијам кафе на тераса, гледам како сонцево сака да излезе од облаците. Спиев ноќеска, на два пати ме разбуди појака болка ама престана. Сега откога станав болките менструални уште се тука на 20 минути, ама затоа кичмава како да не е моја, таа боли постојано. Се мислам да беа менструални болки како ќе ме смиреше еден микс од венторче спазмекс и вит. Ц. Ама јбг ќе трпиме
Мене докторка што ке ме пораѓа ми кажа можам кетонал да испијам дека имам мигрена и ненормални болки се ..
Мо Може ќе се погодиме и јас сум на гак еве ме вратија и денес со мислење дали да ме задржат па ајде во среда само што јас немам речиси никакви болки освен од сабајле некоја повремена струја низ кичма и грб ми поминува цтг мирно ама дај боже веќе неделава да не фатат болки и брзо да се олесниме
Која недела си, јас денеска ја почнувам 35, и како го чуствувате бебчо, јас имам некои минимални движења, не е како порано.
Сношти нерви искинав со тоа вц, па многу јадев и еве 2 саатот а јас не сум јадена уште. Незнам веќе не бројам колку пати станувам а и се разбудив на крај во 7 и неможев да заспијам никако. Сега во 12 се онесвестив
До вчера сакав што побрзо да се породам , а денес велам уште некој ден нека си седи бебко во меше. Синчето ми настина , температура и ларингитис , сега го чекам маж ми од работа и да го водам на лекар . Сигурно ке пиеме сирупче , ајде барем уште 2,3 дена додека се опорави малку ,да не го оставам без мама
Леле бе душиче ајде што поскоро нека оздрави ке им треба на мама и братчето од нас за поскоро заздравување
37+4 кај мене е многу активно бебе, колку поголемо толку по активно е, ама секое бебе е различно, индивидуално си е