@koritsaki Честитки женче ептен ми е мило Јас препотена се разбудив утрово. Сонував како се пораѓам и плус излегоа 2 мажиња. После тоа осеќав како ме клоца бебо и се врза сонот викав дека уште едно има внатре 3 машки одеднаш Си поткупив некоја бенкица денес...каква радост е ох Боже мој
Него сакав нешто друго да ве прашам , ми излегла некоја афта во устава , дали можам да си капнам прополис?
Можеш,само не го голтај доколку содржи алкохол или стави турско кафе држи го во уста 10 мин не голтај и исплакни. Мене со лажичка кафе ми помина за 2 дена
@koritsaki Да се живи и здрави и двете, каква убава вест, дупла среќа. Јас од денес 27 недела и официјално 7ми месец. Бев на контрола, бебе е добро, пораснало 850 грама, ама ми рече докторката имам една лакуна на постелката од 9мм и ако се зголеми ќе ме прати да испитам димери следен месец. Имала ли некоја од вас лакуни олку рано во бременоста? Крвта пак слаба, а цело време сум на терапија па ми ја зголеми дозата освен флорадикс ќе си пијам и фероглобин. Инаку пиете ли магнезиум? Јас кога како, ама приметив дека кога ќе се напијам имам грчеви во нозете навечер, а кога не пијам немам гајле. Дури чудно ми е. Сакам да ги прекинам, ама докторката ми рече дека биле добри за бебе, ја опуштале матката и повеќе се хранело. Во голема дилема сум
Можеш и бетадине раствор или метилинско плаво ,стави на чепкалка за уво и директ на афта.Ја суши ко лудо
Слична ситуација сме и ја мислам дека сум толку трудна, во понеделник здравје ќе видиме до каде е работата. Дали ги плакате прегледите на гинеколог?
И јас плаќам кај матичната 300 денари ехо.Брисеви ми наплаќа по 60 денари или 100 од стапче.Вториот скрининг ми рече е 1500 денари ама јас и реков во систина ќе одам. Па и пап ми наплаќа мислам 500 а нели е бесплатно Пто ќе ја пријавам сите се исти.
Хаха јас и имав пишано така така ми кажаа така пренесов, поточно кога милата ми колешка се пожали дека премногу повраќала и рекоа супер тоа е одлично нормално здраво јас само кренав веѓи и си помислив зар јас не сум здрава ама искрено не се замарав и не се распрашав што како е правилно јас сметам дека кај секој е индивидуално и нормално нели неможе сите да сме исти, крајот го краси делото а дај боже сите што се во такви ситуации брзо да ги пребродат до сите мешиња не сме жени за џабе мора да сме силни до крај Друго прашање имав до мешињата колкави се шансите да се згреши полот? Ме напнаа сите ми велат машко е според обликот на мешето
И мојот ни наплаќа 300 од ехо и брисевите се наплаќаа ама нез колку. А за ехото ми понуди ако сакам на државниот не се плаќа ама е од на дедо ное времето а демек неговиот е 4Д и се наплаќа 300 и затоа си плаќам без фискална нормално