И мене ми наплаќа матичната и тоа кога колку сака, за ехо некогаш 300 некогаш 400. Има еден што не наплаќа се мислев да ја сменам, ама па тој нема 4д ехо. Овие вашиве матични што не наплаќаат имаат ли 4д ехо?
Тоа е уште по смешно што од слики другите што постираат што е 4Д моето нема блага веза со тоа хаха се гледа нова машина ама не и 4Д сигурно ххахах се чудев на почеток а потоа кренав раце ...
Страшно ! Престрашно!!! Едноставно те праат будала у здрав мозок !!! А знаат дека секој родител ке плати за своето дете и нема никаков проблем да направи....ц ц ц , кај ќе им оди душата. До кое дереџе ни дошла државата . Жалосно и бедно !!!!!!
Значи сите тие 300, 400, 700 , 1000, 1.500 ден. они за в џеб си ги редат. Боже божеееееее, се богатат на нешто најсвето, на човечки живот
Нема врска дали имаат или немаат 4D ехо, во бременост ехо, брисеви, прегледи не се наплаќаат. Ако работат со сини картони значи државата плаќа за тебе, ти си трошок на државата. Незнам ептен безвезе ова што прават, на бремени жени се богатат. Срамота. Јас би пријавила, ама мојава денар не ми побара. И предходно, имав неуспешна бременост, ама додека бев бремена кај друг матичен бев и не ми наплаќаше. Жално.
Нормално без фискална си платив пап плус брисеви 500ден. Нели еднаш годишно пап е бесплатно? Јас дури 2018та немав направрно пап, 2017 па дури сега во 2019. Осет се нема, само за пријавување се ама како кога немаш фискална. На ехо кај неа немам отидено уште, а баш ме интересира дали ќе ми земе оти ехото е од времето на дедо ное.
На жалост да во Мк е така.И мојата матична за ехо си наплаќа 300 ден,за скрининг 1300. Тука во Англија ништо не се плаќа,ниту испитувања, крвни слики, скрининзи, едино ако сакаш на приватно да си одиш нормално ќе си платиш. Ама па затоа имаш само 3 еха во текот на целата бременост. Дури мајката е ослободена да плаќа лекови што одат на рецепт и стоматолошки прегледи првите 12 месеци.
Се извинувам што сум малку надвор од темата и дека не е за тука прашањето. Сакав да прашам дали ти имаше пишано дека сте имале односи секој ден со партнерот? Јас имав еден спонтан пред 6 месеци и сега повторно се обидуваме и навистина ем чувствувам страв ем незнам дали добро правиме што сакам секој ден да имаме односи, а не преку еден ден. Се надевам барем некоја ке ми пише, ке ме посоветува што има поминато низ слично како моево, па поскоро тука да пишувам со убави новости. Тебе ти честитам и баш се радувам, само убавини!
Јас плаќав кај матичната за првата бременост, ми го спопика убаво, ни на скрининг ме прати ни на ништо а јас прво од кај да знам точно како е што е. Без фискална секако тоа и парите вџеб. Сега затоа имам далеку поголемо знаење(кога ќе се изгориш нели) и одам на приватно, си плаќам знам што плаќам барем, добивам фискална, видео, слики, предобри објаснувања, кај матична не сум појдена не ни одам освен за упати за крвни слики.
Јас останав бремена после 7 месеци од спонтан, знам дека првите три месеци се хаосни ради хормоните додека да се стабилизираат ама после 6 месеци мислам дека може да пробувате повторно барем кај мене матичниот кажа така @Adeline паметна одлука
Јас имав спонтан пред 6 месеци и тоа вонматерична бременост. 6 месеци апстиниравме со мм, бидејќи дознав дека ми се појавил синдром полицистични јајници. Го сменив гинекологот, новиов ми даде корисни совети, пиев еден чај , и после 5,5 месеци пробав да останам бремена но не успеав тој месец. Сл месец си имавме односи онака кога ќе ни текне бидејќи преокупирани бевме со подготовките околу нашата свадба и оп сум останала во блажена состојба а јас не бев свесна за тоа. На раб кревав мн тешко бидејќи раб во маркет. Помина свадбата и после отидов на гинеколог. Кога ме прегледаа ми честитаа бидејќи јас сум влегла во втор месец. Поентата ми беше кога најмалку очекуваш ќе се деси, земи нешто работи, нешто што ќе ти ги одвлече мислите од "бебе". Релаксирај се и верувај ќе се случи во најбрзо време (како кај мене, веќе сум 22 недела ). Позз и ти посакувам сé најдобро. Извинете за вака долг текст
Јас претходно одев кај Ложанковски кај докторките, пап 500, брисеви 500, ехо 500. Ама ај викам, за еднаш годишно, немав некој посериозен проблем. Фискална- услуги. Гледав и на бремени наплаќаат. Сега не знам како е таму, одамна не сум таму. Не сум платила ни крвна слика, ни брисеви ни приска на клиника. Нејсе, јас денес си почнав со железо апчиња. За еден месец ми опадна драстично. Од 21ва недела одеднаш (денес 23та) ми се испапчи стомакот и капутот не ме собира, ама многу се радувам. Сега веќе изгледам на трудна, не на дебела Редно е да си купам нешто за трудници, до сега ги носев старите алишта. Пред две недели и почнав да го чувствувам, не престана, цело време се превртува. Магично ми е навистина неговото мрдкање. А има некои работи што не се толку магични, на пример вријам колку ми е жешко по дома сум затворила вентили на парно, отворила врати и прозорци и седам по кратки цела недела. Ми дојдоа гости, ги смрзнав луѓето
Здраво идни мајки Јас сум ептен тазе 5+6, денес докторката поради претходна биохемиска бременост, ми даде упат за да испитам на трансфузилогија: д-димери, ф-ри на хемостаза, афа, ана, мтхфр дали сте правеле, за што всушност се и за колку време даваат резултати?
Јас пак кога ми е ладно, кога топло, никако сум, посебно со живци Среќа синко е тука ме смее и мм ме разбира, ми вика расте човече во тебе А бебушов се посилно клоца душа ми полни
Јас горам Градиве од корпа Б до корпа Д, ми идеше да ги брцнам во снегот и да викам ооооооо.... Ама не иде, ќе си трпам, на волку жешки и тешки гради само се надевам на млекце. Хормони
Mene pa gradive voopsto ne mi se porasnati. Po se izgleda povtorno nema da imam mleko. Samo primetiv za prv pat areolite mi se mnogu potemneti i toa e se
@drugarka за гради не збори горат од почеток, не се допираат.... @only44you воопшто немаше млеко? Дај боже сега да имаш. И јас се молам сега второво да го дојам зошто првото неможев иако имав многу млеко.