Не мора да значи дека нема да имаш. Мене ми викаат ооо, машала, ама не се радувај може ќе немаш .... Да се надоврзам... Ми вртат два вида муабет... И секогаш знаат по некоја хорор приказна да кажат... "ееее и на другарка на кумата, сестра и така исто, ама она немаше млеко/црева истури од повраќање/ со царски тешко помина/имаше спонтан/одвај живо го спасија..." И верзија два муабети "Аааа јас до последен ден одев на работа/до последен ден чистев по дома/ееее сум бришела пенџери на стол качена/на нива раѓале, вие многу нежни денес, аааа..." Без грижи, биќе добро.
Имав мила млеко, знаеш она ке надојде и после 2-3 недели само ми секнуваше. Море се молзев нели за да надојдува уште повеќе, па пиев премногу течности, чаеви за лактација.... ништо живо не ми помогна. Големата таа како што ја родив и порано, не ни фаќаше воопшто, многу тешко ни одеше, немаше снага девојчето. Ама затоа па второто тргаше како невидено, а јас капка млеко веќе немав. На крај ми ги раскрвај градите, зошто тргаше на празно. Жива гладна беше, само пиштеше. Многу ми беше криво оти немав млеко. И сега за ова бебче не знам како ќе биде. А многу сакам да го дојам... зошто да не... нема поубаво нешто. Еве сега скоро на пример се породи сестра ми, она па полна е млеко и пие Бромергон за да намерно го секне млекото. Не можам никако да ја разберам !
Ednostavno nejkela da go doi. Ne bila taa takov tip. Ne mozela so cickite da se zamara po celi denovi.
Чудни луѓе, но нивна одлука, затоа ќе се замара по цел ден со миење шишиња и полнење термос со вода и влечење прашок по себе. Не се секирај, не мисли на тоа
Izgorev od kiselini, a dusata mi spie. Ne mozam da zaspijam od kiselinite. Ziva nenaspana sum. Moram da probam da odmoram, oti sabajle treba rano da stanam, imam kontrola kaj mat.ginekolog. Ic ne mi se odi. Ti posakuvam dobra i lesna nok. Se slusame utre tuka na nase mesto
Од вчера многу ме боли главата пиев магнезиум не ми помага, а притисокот ми е нормален што да се напијам?
^ мене само Далерон ми кажаа, ама подобро намачкај се некоја лута маст на глава, измасирај се и легни да одмараш.
Мојот матичен секое ехо ми го наплаќа 500 ден, пап 500, брисеви 500, не дава фискална и парите ги става во џеб. Но еднаш ми објасни зошто. За тие што сакале бесплатно ќе им направел ехо само 2Д а не 4Д како што прави зашти 2Д ехото следувало бесплатно. Пап тестовите ги прави во приватна лабараторија и резултатите се готови за 2 недели, инаку се чека по 1-2 месеци на државно. Е за брисеви не ми текнува зашто наплаќа.
Sofi , да , секој ден имавме со мм односи и тоа кога се одлучив дека сакам и друго бебе увидов дека тогаш ми се и плодните денови. Па викам ајде да не пропуштиме некој ден А мислам дека нема врска тоа што викаат дека при секојдневни односи и опаѓа квалитетот на спермата , сепак доволно е еден од тие сперматозоиди да оплодат јајце клетка не се плаши , имајте односи кога сакате. Ти посакувам среќа
и ние и ние секој ден у акција,често и по два-три пати,некогаш одвај чекав да сум трета смена да избегнам акцијаа Ама затоа сега сушна година
Јас пред бременост испитував генетски мутации и мтхфр генот ми е мутиран, си пиев на почеток метилирана (преработена) фолна киселина и уште пијам аспирин. Значи обичната фолна не ми ја преработува организмот, и затоа оваа си ја пиев ја порачвав од Бугарија. А д-димери испитував на почеток на бременост, баш памтам ми рече докторот да видиме дали треба разредување на крвта и во ред ми беа.. Е сега за значење незнам конкретно да ти објаснам ама знам дека е убаво да се испитаат. Резултатите за неколку дена ми ги пуштија во Битола
Мене матичната во Македонија за пап еднаш годишно не ми наплаќа, а за 4д ехо 500че, нормално без фискална. Овде гинекологот што го избрав да ми ја води бременоста само првиот пат ми наплати 40 евра, а наредните контроли ништо не ми зема. Е скринингот беше 150 евра. Брисеви, крв, си проверувам во приватна лабараторија, ама со упат не ми се многу скапи, а матичниот ми наплаќа по 5 евра за рецепт. Да дое @koritsaki да ми спореди чисто дали и кај неа е така..
Оваа вторава верзија е најизразена кај најдобрите домаќинки на сите времиња. Тиа никогаш не се предале и не подлегнале пред искушенијата на метлата. Е овие ако те затепаат со муабети пред време ќе се породиш. Најчесто ќе ги најдеш помеѓу колешките ако случајно помислиш да кажеш дека ти се здрвела половината седејќи. Тие неуморно го следат секое твое движење и те држат под надзор да не забушаваш со работа. Истиве овие кога биле бремени пична жила пукале од жалење.